По осум години стекнал доверба кај најозлогласената криминална банда - Канал 5

По осум години стекнал доверба кај најозлогласената криминална банда

Фотографот Џоно Ротман си поставил цел да ги фотографира членовите на најозлогласената организирана криминална банда на Нов Зеланд „Mighty Mongrel Mob “. Од 2007 година тој полека почнал да им се приближува, да ги учи нивните правила, да сведочи на крвавите пресметки со ривалската банда „Black Power“, постојано со страв дека ако се почувствуваат предадени од него, ќе го убијат. Но на крајот успеал да ја стекне нивната доверба и да ги фотографира.

На критиките дека преку своите фотографии тој всушност им додава некаков гламур на стилот и суровите правила на озлогласената банда, Ротман одговара дека неговата цел е објективно да ја прикаже оваа малку позната страна на земјата.

Џоно Ротман имал големи тешкотии да ја освои довербата на „Mighty Mongrel Mob “. Оваа организирана криминална група има строг код против аутсајдери, и не сака да излегува „од својата сенка“. Тоа фотографиите на Ротман ги прави уште поспектакуларни.

На почетокот тој почнал да гради позиција и да и се доближува на бандата, фотографирајќи по новозеландските затвори каде се наоѓаат стотици членови на „Mighty Mongrel Mob “.

- Добив контакт од човек кој ми помогна се доближам. Почнав да патувам низ земјата, да одам во домовите и клубовите на стотици членови на бандата. Нивната историја е екстремно насилна, па понегогаш се чувствував загрозен. Секогаш имаше неискажано правило дека ако помислат дека сум ги измамил, ќе ме убијат - вели фотографот.

Тој објаснува дека неговиот фокус е на уметноста, а не на разоткривање на тоа што се овие членови на најозлогласената новозеландска банда направиле.

- Бандите покажуваат начини на човечко однесување доведени до екстреми. Тоа сакав да го истражам.

Изложбата која Ротман ја организира на почетокот на годинива предизвика бројни контроверзи - беше изложен портрет од убиецот Шејн Харисон, на изложба во неговиот роден град.

- Работата не е за тоа кој што направил и што се случило. Ова е за специфичниот дел од земјата, за историјата на земјата за која бев заинтересиран како проект - вели Родман.

Тој има над 200 фотографии во кои е содржан животот на „Mighty Mongrel Mob “ - организирана новозеландска криминална банда, раширена низ целата земја, која своите почетоци ги има во 60-те години од минатиот век.




Zap from the Notorious chapter: the photographer convinced the gang he wanted to focus on art, rather than exposing their criminal conduct

/ извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

При претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон.

Претрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по член 366 од Кривичниот законик, односно за лажна дојава за бомба во општинското средно училиште - гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

При претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон, а А.Д. е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конститутивна седница во Српското собрание - почнува смената на власта

Со трескавични овации и со добро познатите слогани „Победа“ и „Пумпај“, стотици граѓани ја пречекаа новата власт во Српското собрание.

Конститутивна седница во Српското собрание - почнува смената на власта

140-те пратеници на Српската листа еден по еден како херои влегуваа во Законодавниот дом, каде што беше конституиран новиот состав на Парламентот.

А внатре, судир на две Србии, и кадровски и идеолошки. Од една страна, претставниците на студентите, луѓе без речиси никакво политичко искуство, но со убедливо мнозинство и импресивно образование. Доктори на науки, професори, но и адвокати, културни работници спортисти. Од другата страна, прв пат во опозиција по 14 години доминантна власт, Вучиќ и неговата Српска напредна партија, која уверува дека многу брзо ќе ги врати работите назад.

По верификувањето на мандатите, 250-те пратеници положија заклетва. Седницата ја водеше најстариот пратеник, Стојан Раденовиќ.

-Се обврзувам дека должноста народен пратеник ќе ја вршам посветено, чесно, совесно и верно на Уставот. Ќе ги бранам човечките и малцински права и граѓанските слободи. ,

Додека пратениците положуваа заклетва, пораките од надвор беа дека нема да им простат ако скршнат од ветувањата Србија да ја направат демократска и ослободена од корупција.

-Дојдовме да ги поздравиме нашите луѓе што народот ги избра и сите тие луѓе да бидат свесни дека ако не работат во интерес на граѓаните лесно ќе бидат заменети.

-Успеавме, за ова се боревме. Погледнете ги овие среќни луѓе додека некои треба да влегуваат од задната врата.

А, денот на токму на влезната врата почна тензично, кога пратеничката на Напредњаците, актерката Лидија Вукучевиќ беше полеана со јогурт.

-Немам зборови. Прво почнаа да ме влечат одзади, потоа почнаа да ме кубат за коса, па ме полеаваасо јогурт. Тоа е недопустливо за било кој поединец. , изјави Лидија Вукичевиќ, пратеничка на Српска напредна партија

-Вакво нешто никој никогаш не доживеал. Слободата ќе се врати во Србија многу брзо. , изјави Александар Вучиќ, поранешен претседател на Србија

Констуитутивната седница која ја одбележаа две долги паузи, треба да се заокружи со избор на претседател и потпретседатели на Собранието. Акредитирани се околу 200 новинари, а седницата организирано се следи ширум зејава – во амфитеатрите, рестораните, кафулињата..

-Очекувам новото собрание да работи како што треба да работи собрание на една нормална демократска држава., вели жителка на Белград.

-Прв пат доживеаме да не ја читаме историјата од книгите, туку сами да а пишувем и дека еден ден нашите деца и внуци ќе ја учат историјата што самите ја напишавме. , вели жителка на Белград.

Од денеска течат и законските 90 дена за избор на нова влада. Српската листа засега не го открива името на идниот премиер. Во јавноста досега се споменуваа неколку имиња, меѓу кои и на носителот на листата, кардиологот Илија Срдановиќ и на екс гувернерот на Народна банка, Дејан Шошкиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сашко Кедев ексклузивно за Канал 5 раскажува за планинарските подвизи кои го внесоа во Гинис

Тој на почетокот не бил свесен дека еден ден еден по еден врвовите ќе бидат искачени и со оглед на возста, но позитивно раскажува се е во подготврноста физичката, но и психичката. 

Сашко Кедев ексклузивно за Канал 5 раскажува за планинарските подвизи кои го внесоа во Гинис

Планинарот Сашко Кедев на 63 години и 14 дена го искачи последниот врв над осум илјади метри и е највозрасниот човек кој успеал да ги искачи и симне врвовите во зоната на смртта и сите највисоки врвови на седумтте континети, вака македонскиот каридолог е запишан во Гинисовата книга на рекорди. За професорот Кедев ова е затоврање на еден круг на патешествие и самиот денеска со велгувањето во Гинисовата книга на рекорди си го постаува прашањето „како е жив и излегол од одредени тешки предизвици“? Задодоволен што го има неговото име, но и тажен и празен што неговите водичи на сите патишта над осум илјади метри загинаа во лавина.

Тој на почетокот не бил свесен дека еден ден еден по еден врвоите ќе бидат искачени и со оглед на возста, но позитивно раскажува се е во подготврноста физичката, но и психичката. Кога искачувате се фокусирани на моментот, не мислите на се друго. така е и што да правите во животот потрено е трпение и мир.

Расположено раскажува дека кругот со над осум илјади метри е затворен, но сигурно ќе се врати во Непал. Во моментов е посветен во воведувањето на новините во кардиологијата и секако убаво кажаниот збор за здравјте и важноста. Заедно со неговиот тим и докторката Билјана Зафировска објавиле медицинско достигнување во признато списание.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер