БалканПо налог на СПАК запленет имот вреден 12 милиони евра стекнат од шверц со дрогаСпецијалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) заплени имот вреден 12 милиони евра од албанска меѓународна структурирана криминална група.Групата дејствувала во Јужна Америка, Белгија и Холандија, а истрагите документирале осум случаи на трговија со кокаин во големи количини, од 2019 до 2021. Специјалниот суд изрекол 11 безбедносни мерки, од кои три се извршени. Лицата Лулзим Пепај, Флоријан Марку и Антон Кола се уапсени, додека во отсуство изречена е безбедносна мерка и за Јетмир Пепа, име познато на полицијата, кој се бара со меѓународна потерница. СПАК, исто така, објави дека оваа криминална група во неколку наврати шверцувала околу 7,5 тони кокаин од Јужна Америка во Европа. - Од криминалната група е запленет 232 движен и недвижен имот, во вредност од 12 милиони евра. Запленети вклучуваат бизниси во Тирана, Лежа и други градови во земјата, земјиште, хотели, паркинзи и станови, 89 автомобили, како и банкарски сметки, стои во објавата на СПАК, објави Топ чанел. Акцијата на СПАК и Националното биро за истраги била спроведена во соработка со Евројуст, Европол и агенциите за спроведување на законот во Франција, Холандија и Велика Британија. Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНови преговори за Украина во Абу Даби следната неделаПо девет месеци пауза, американските посредници ќе седнат на преговарачка маса со руските и украински претставници во нов обид да се стави крај на војната.Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф објави дека разговорите меѓу Москва и Киев со посредништво на Вашингтон ќе се одржат на 10 и 11 ноември во Абу Даби.. Фокусот на преговорите, како што објави Виткоф, ќе биде ставен на безбедносните аранжмани по завршувањето на војната, хуманитарните напори и следните чекори кон постигнување мир. Очекувањата, според него, е да се награди напредокот постигнат во Киев, Осло и Санкт Петербург, за да се склучи сеопфатен и траен мировен договор, кој ќе обезбеди долгорочна безбедност за идните генерации.Тагови: САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“Апелациониот суд во Скопје донел ослободителна пресуда за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во предметот „Меѓународен сојуз“. Со оваа одлука е преиначена првостепената пресуда со која Јовановски беше осуден на пет години затвор.Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој го застапуваше Јовановски во судската постапка. „Ете, правдата е спора, но достижна! Апелациониот суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од пет години!“, напиша Дуковски. Адвокатот во објавата изрази задоволство од одлуката и оцени дека таа е резултат на недостатоците во обвинението.Тагови: Боки 13 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во ФранцијаСредношколци и студенти денеска повторно организираа блокади и протести во повеќе француски градови, меѓу кои Париз, Рен, Марсеј и Тулуз додека полицијата интервенира за да ги деблокира училишта. Во Нант рано утрината беа уапсени и приведени тројца ученици од средно училиште, кои се задржани во полиција во рамките на истрагата за пожарот што избувна во тоа училиште минатиот месец. Протестите на средношколците и студентите во Франција почнаа кон средината на септември поради недостигот на наставен кадар, лошите услови во училиштата и незадоволството од состојбата во образовниот систем. На демонстрациите минатата сабота учествуваа повеќе од 300 илјади луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00