По коригирана грешка во белоруското гласање, Тамара сепак прва од жирито и седма во финалето на Евровизија

Нашата претставничка на годинашнава „Евровизија", Тамара Тодевска е сепак на првата позиција според гласовите на жирито и седмопласирана на евровизиското финале.

Според обајвениот извештај на веб-страницата на Евровизија, направен е превид во броењето на гласовите на жирито од Белорусија.

– ЕБУ може да потврди дека по стандардната контрола на резултатите, утврдивме дека како резултат на човечка грешка направен е превид при собирањето на поените. Ова нема никакво влијание на пресметката на поените добиени од „телевоутингот" на 41 земји-учеснички и на севкупниот победник, како и во редоследот на првите четири песни од натпреварот, стои на веб-страницата на ЕБУ.

Веста ја сподели и Тамара Тодевска на нејзиниот фејсбук профил.

– Каква прекрасна вест. ЕБУ само што потврди дека поради грешка во белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите!, пишува Тамара.

Според резулатите од гласањето на жирито и од „телевоутингот" на 41 земји-учесничка на изборот за песна за Евровизја за 2019. што се одржа во саботата во Тел Авив, Израел, за севкупен победник беше прогласен претставникот на Холандија, а тогаш нашата претставничка Тамара се пласираше на осмото место.

Надлежните со апел да се внимава со палење огнови на отворено за првомајските празници

Страотините слики од пламените јазици, опустошените шуми и битките со пожарите во изминативе неколку години се уште се во свежо сеќавање, а неретко причината за тоа беше и човечки фактор.

На два дена до традиционалните првомајски собири на излетничките места во природа се вклучи алармот кај институциите за внимателност, бидејќи во спротивно може да се предизвика сериозна животна опасност и материјална штета. Од ЦУК апелираат да се следат препораките за превенција, оган да се пали на дозволени места, а несовесните кои ќе ги заобиколат апелите, барем соодветно да го изгаснат огнот..

-Кога се пали оган во природа, дури и во метална скара, жарот кој се истура или останува после скарата, треба добро да се изгасне, бидејќи откако ќе си заминат излетниците, тоа може да биде фатално во случај да се појави ветер и да ја потфати сувата вегетација.- Илија Бојаровски – Центар за управување со кризи

Казните во однос на опасноста која постои од палењето на оган се несоодветни, вели првиот човек на ДЗС – Беким Максути. Бара целокупен пристап од институциите, бидејќи покренатите кривични дела за опожарување кои нанеле милионски штети на крајот завршиле со казна од 250 евра, доделена од судските органи...

-Сакам да апелирам дека, некој што може да запали оган и што може да предизвика штета од милионски суми, на крајот да заврши со казна од 250 евра мислам дека нема ни логи, нема ни човечност нема ни државност во сето тоа, значи треба да бидеме поригорозни, по стриктни по однос на овие работи.- Беким Максути – Директор на дирекција за заштита и спасување

Како и секоја година, полицијата заедно со национални шуми и овие првомајски празници ќе бидат на терен за превенција да дојде до несакани последици...

-Апелираме до граѓаните да не се палат огнови на отворено, затоа што може да биде предизвикан пожар кој може да има тешки последици, како за здравјето на граѓаните, така и за животната средина.- МВР

Како што се наближува летото и горештините, така се наближува и опасноста од евентуални пожари. Од Ер-Тракторите на ДЗС во моментов подготвен за акција е само еден, додека останатите два, еден по друг ќе се испраќаат на 45 дневна поправка. Проблем се и пилотите, ќе мора да се реактивираат двајца веќе пензионирани, додека се обучат нови, а тоа би започнало по изборите според законот. Што се однесува до останатата опрема за борба со пожари велат дека има недостатоци, но дека таа контиунуирано се подобрува.

Македонија се соочува со недостаток на сирупот „Оспен“

Со месеци го нема сирупот Оспен за деца како и дел од лековите за алергија и астма, алармираат педијатрите и родитилеите.

Педијатарката Мира Атанасова вели дека во одредени состојби каде поради зголемено АСО кај децата од бактериска инфекција и со препорака на реваматолог дека детето треба да пие Оспен сируп.

Родителите често заминуваат во други земји или нарачуваат да им се купи сирупот, бидејќи ретко кога може да се најде во Македонија. Доктор Атанасова вели дека поради одредена здравствена состојба оспенот е повеќе од потребен.

Во разговор со МАЛМЕД рекоа дека разговарале со производителот во наредниот период да има сируп Оспен. ОД МАЛМЕД објаснуваат дека дефицит со овој сируп има во цела Европа.

Вработените во фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во фондот за здравство утре повторно излегуваат на протест.

Целта како што велат е да го изразат незадоволството дека не добиле усогласување на платите со растот на минималецот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

На протестот според Деаноски ќе се бара и разрешување на управниот одбор кој обвинува дека е против барањата на вработените.

Доколку утрешниот протест на вработените во ФЗОМ не вроди со плод, синдикалците најавија штрајк од 1. Јуни. Инаку, ова не е првпат да има проблеми во Фондот за здравство. Во февруари, вработените два дена штрајкуваа поради најавата од Управниот одбор дека платите ќе им бидат намалени за 21 процент. Сепак, до такво нешто не дојде.

притисни ентер