Автобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови
2Автобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови
3Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)
ТехнологијаПо ЕУ и Индија, и Британија го разгледува воведувањето на USB-C стандардот Обединетото Кралство започна процес на консултации за да се разгледа можноста USB-C да стане универзален стандард за полнач на сите потрошувачки уреди, по чекорите што веќе ги преземаа Европската унија и Индија.Консултациите ги спроведува Управата за безбедност и стандарди на производи, која е во состав на Министерството за трговија и бизнис, објави Би-Би-Си. Како дел од овој процес, производителите, увозниците, дистрибутерите и трговските здруженија се поканети да дадат свое мислење за тоа дали воведувањето на единствен стандард би било корисно и доколку се усвои, дали USB-C треба да биде тој стандард. Европската унија веќе усвои закон кој ќе стапи на сила до крајот на годината, кој има за цел да го намали електронскиот отпад со тоа што уредите како телефони, таблети и слушалки ќе користат универзален USB-C порт. Овој закон, исто така, го натера Apple да го напушти својот Lightning конектор со серијата iPhone 15 и да се префрли на USB-C. Индија, исто така, најави слични регулативи, со краен рок до март 2025 година, вклучувајќи ги и лаптопите, но со продолжен рок до 2026 година. Британија сега размислува дали треба да се приклучи на овој глобален тренд и потенцијално да воведе единствен стандард кој би им олеснил на потрошувачите и би го намалил штетното влијание врз животната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
МакедонијаВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компанииЕкономскиот раст од 4,3 проценти во вториот квартал е добра вест за државата. Уште поважно е што зад овој раст стојат инвестициите, извозот и преработувачката индустрија.Инвестициите се зголемени за 16,5 проценти, извозот за 10,4 проценти, додека преработувачката индустрија бележи раст од 4,1 процент. Компаниите инвестираат повеќе, производството се проширува, а нашите производи наоѓаат место на странските пазари. Преку Министерството за економија и труд, предводено од Бесар Дурмиши, оваа година се издвоени 1,23 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра, за домашните компании. Овие средства се наменети за компании кои сакаат да го прошират производството, да набават опрема и да отворат нови работни места. ВЛЕН ќе продолжи да ја поддржува оваа политика. Работа сè уште има, но бизнисите веќе знаат дека на чело на Министерството за економија и труд имаат партнер кој ги слуша и ги поддржува кога инвестираат, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАвтобус полн со ученици падна во бездна- најмалку 21 загинат во тешка несреќа на Зеленортските острови Автобус полн со ученици се урна на Зеленортските острови, при што загина најмалку 21 лице.Според локалниот службеник за цивилна заштита, несреќата се случила откако училишниот автобус скршнал од патот и паднал од висина на островот Фого вчера навечер. Како што денеска објави новинската агенција Инфорпрес од Зеленортските острови, најмалку десет патници паднале од возилото, кое паднало од висина од приближно 30 метри. Меѓу загинатите, наводно, има и деца. Некои од патниците биле заробени во уништеното возило. Автобусот се движел на релацијата Ча дас Калдеирас - Кампанас.Тагови: автобус Зеленортските острови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВиткоф и Кушнер заминаа во Полска веднаш по тричасовната средба со Путин Специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денес слетаа во полскиот град Жешов по важните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.Специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, денес слетаа во полскиот град Жешов по важните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, според податоците од услугата Flightradar. Авионот Боинг Ц-32А слета на аеродромот во Жешов околу 2:30 часот по московско време, додека истиот авион полета од московскиот аеродром Внуково околу 00:30 часот, според рускиот портал „Известија“. Разговорите во Москва меѓу Виткоф, Кушнер и Путин траеја три часа и 10 минути, според рускиот претседателски помошник Јуриј Ушаков. Разговорот беше суштински и отворен, оценет како конструктивен и доверлив. Путин изрази голема доверба во овој процес, нагласувајќи ја корисноста од ваквите контакти. По Москва, американските претставници планираат да го посетат Киев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook