3Николоски: Од денеска Аустриан Ерлајнс лета Виена – Охрид, голем чекор за развој на охридскиот аеродром
ЗдравјеПо една деценија ажурирана есенцијалната листа на лекови - ставени и контрацептивните средства и никотинските фластериПо една деценија ажурирана е есенцијалната листа на лекови на која за првпат се наоѓаат средствата за контрацепција и никотинските фластери, а како што вели министерот за здравство Азир Алиу целта на законот за заштита од пушење .По повеќе од 10 години листата на есенцијални лекови е ажурирана и истата е усогласена со стандардите на Светската Здравствена Организација – информираше министерот за здравство, Азир Алиу. Вели дека со новиот закон за лекови се предвидува и ажурирањето на листата на лекови да се прави на секои две години. Со најновата измена на листата се ставени и контрацептивните средства и никотинските фластери „За првпат листата вклучува лекови за контрацепција, како и лекови за никотин – заменска терапија.“ „Ажурирањето на оваа листа овозможува усогласеност со современите клинички стандарди и пристап до нови и ефикасни терапии.“ „Прв пат имаме и никотинска заменска терапија. Тоа се трансдермалните фластери и никотинските гуми за џвакање. Понатаму, имаме едно контрацептивно средство. Направена е реорганизација и на антиинфективните лекови.“ Министерот рече и дека законот за заштита од пушење е при крај и очекува следната недела да се најде на владина седница. Според него, главниот дел на овој закон е информирање и превенција на граѓаните кои не се активни пушачи, но и намалување на бројот на пушачите. Затоа, вели, фластерите се ставени на ажурираната листа за граѓаните да имаат побрз пристап до нив. „Овој пристап придонесува кон намалување на граѓаните за активно пушење. Како? Повеќе ќе купуваат? Ќе им ги препорачува некој? –Тие се на листата, така да најверојатно ќе имаат граѓаните побрз пристап до тие лекови или до тие како ги викаме трансдермалните фластери – така е. Одговарајќи на новинарски прашања за злоупотребите со дополнително работно време, Алиу рече дека овој проблем треба да се решава административно бидејќи е системски проблем, а не медицински проблем кој треба да се решава клинички. Дополнително, вели не сака да прави сензации со споменување имиња бидејќи тоа нема да придонесе кон решавање на проблемот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“11:59ИЈЗ: Потврден прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите08:20
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48
МакедонијаФилипче за 2 години Влада: 90% од ветувањата на Мицкоски не се исполнети!Две години Владата на Христијан Мицкоски, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска презентираше детална анализа од програмата „Платформа #1198“ .Две години Владата на Христијан Мицкоски, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска презентираше детална анализа од програмата „Платформа #1198“ која ги потврдува неиполнетите ветувања и покажува дека граѓаните не го добија ветениот подобар живот односно дека владата нема никаков резултат. „После две години граѓаните не добија ни повисок стандард, ни поквалитетен живот, ниту подобри услови за живот, ниту пак пофункционални институции. Не ги добија ветувањата на Мицкоски и ВМРО пред изборите. Едноставно, граѓаните се излажани“, порача Филипче. Тој нагласи дека анализата на СДСМ за реализацијата на програмата „Платформа #1198“ покажува поразителни резултати. „Имено после две години од мандатот на оваа влада реализирани се само околу 10% од ветувањата. 90% од ветувањата дадени пред две години не се исполнети. Практично ништо“, истакна Филипче. Најголемиот неуспех е токму во економијата и животниот стандард, кои беа клучни ветувања на Мицкоски пред изборите. „Денеска, наместо зголемен животен стандард, стандардот е намален во споредба од пред две години. Граѓаните живеат полошо и потешко, паричниците и фрижидерите се попразни“, рече Филипче. Тој додаде дека наместо повисоки плати и подобри услови за живот, граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, високи цени и намалени инвестиции. „Наместо зголемен стандард, работниците добија зголемена сиромаштија. Наместо зголемување на странските инвестиции, странските инвестиции се намалени за скоро две третини“, посочи Филипче. Филипче оцени дека по две години владеење, Владата на Мицкоски нема резултати во клучните области и дека граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од неисполнетите ветувања. „Остварените резултати се една голема нула. Во реформи, во животен стандард, во плати, во мерки за млади, поддршка за земјоделци, за наставници, за лекари, едноставно нула за европскиот пат“, порача претседателот на СДСМ, рече претседателот на СДСМ , Венко Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтојаноски: Просечната нето-плата порасна за близу 8.000 денари за две годиниОфицијалните податоци потврдуваат дека платите во Македонија бележат значителен раст.Во март 2024 година просечната нето-плата изнесувала 40.496 денари, додека во март 2026 година достигнала 48.433 денари. Тоа значи дека за две години просечната нето-плата е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6 проценти. Во истиот период, растот на цените изнесува 7,8 проценти. Кога растот на платите ќе се коригира со растот на цените, реалното зголемување на просечната плата изнесува близу 11 проценти. Тоа значи дека платите не само што го следат растот на цените, туку растат значително побрзо и реално ја зголемуваат куповната моќ на граѓаните. Растот е присутен во сите клучни сектори. Најголемо зголемување во апсолутен износ има во информациите и комуникациите, транспортот и складирањето и рударството. Процентуално, највисок раст има во транспортот, дејностите поврзани со недвижен имот и образованието. Овие бројки се потврда дека економските политики даваат резултати и дека приходите на вработените растат. Нашата цел останува јасна: платите да продолжат да растат побрзо од цените, да се отвораат подобро платени работни места и граѓаните да имаат повисок животен стандард, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Од денеска Аустриан Ерлајнс лета Виена – Охрид, голем чекор за развој на охридскиот аеродромНа Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Аустриа Ерлајнс“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид.Линијата ќе се реализира двапати неделно, секој четврток и недела, со што Охрид и охридското крајбрежје добиваат директна поврзаност со уште една европска дестинација. Воведувањето на оваа линија има огромно значење за развој на охридскиот аеродром, бидејќи аеродромот во Виена е еден од најголемите европски хабови и еден од најважните воздушни центри во Централна и Источна Европа, со преку 200 конектинг летови во 66 држави низ Европа, Северна Америка, Азија и Африка, што подразбира поврзување на Охрид со преку шеесетина земји низ светот. Дополнителено значење има фактот што оваа линија ја оперира Аустријан Ерлајнс, една од топ десетте најголеми авиокомпании во Европа, што ја потврдува сериозноста на инвестицијата и квалитетот на услугите што се нудат кон патниците. Со ова, од охридскиот аеродром се реализираат вкупно 16 авиолинии, од кои 13 се редовни и 3 чартер линии, што претставува значително проширување на мрежата на дестинации достапни за граѓаните и посетителите. Новата линија кон Виена, како и претходно воспставените ќе придонесат за привлекување на поголем број странски туристи, нови инвестиции, како и за економски раст и развој на Охрид и охридскиот регион. Македонија денеска е препознаена на мапата на бројни тур-оператори и авиокомпании. Со активните мерки за поддршка го развиваме авиосообраќајот, го зголемуваме туристичкиот потенцијал на државата и обезбедуваме поквалитетни и подостапни услуги за граѓаните. Како резултат на владините политики, директно се отворени 28 нови авиодестинации. Стратешка определба на Владата е целосно да ги искористи капацитетите на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, преку проширување на мрежата на дестинации, привлекување нови авиокомпании и обезбедување поквалитетни услуги за патниците. Паралелно, во тек е целосна реконструкција на охридскиот аеродром со цел унапредување на неговите капацитети, подобрување на инфраструктурата и создавање услови за понатамошен раст на авиосообраќајот и бројот на патници. Целта е годинава преку двата македонски аеродроми да се опслужат повеќе од 3,5 милиони патници, а во наредните години таа бројка да надмине 4 милиони патници. Со реализација на мерките за финансиска поддршка за привлекување на нови компании, на граѓаните им овозможуваме полесно и побрзо патување до европските метрополи, што директно придонесува за развојот на економијата, образованието, културата, здравството и туризмот. Министерство за транспорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter