Стојаноски: Опозицијата да се договори околу Изборниот законик, а не да смислува алиби за следните изборни порази
2Стојаноски: Опозицијата да се договори околу Изборниот законик, а не да смислува алиби за следните изборни порази
МакедонијаПо дводневните „натегања“околу надлежностите, ставен крај на неизвесноста за работењето на Комунална хигиенаПо дводневните „натегања“ околу надлежностите, градоначалничката Арсовска стави крај на неизвесноста.Назначи нов директор на Комунална хигиена. Александар Јовановски го наследува Сабахудин Рустеми кој заврши во притвор и си поднесе оставка и го доведе во прашање фунцкионирањето на претпријатието. Според Арсовска, Јовановски доаѓа од Град Скопје од Секторот инспекторат и е човек кој е со повеќегодишно работно искуство, особено во делот на заштита и унапредување на животната средина. -Јовановски има високо образование за менаџмет и стекнат меѓународен сертификат за Институционални пристапи за заштита на животната средина. Со своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и приватниот сектор, Јовановски ќе придонесе во КХС Скопје унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпад и одржување на чиста, здрава и еколошки одговорна средина во градот Скопје. – Вели Арсовска за Канал 5. Само еден час претходно, прв пат од почетокот на кризата со отпадот се огласија УО на КХС со итна ургенција до градоначалничката Арсовска да назначи нов директор, алармирајќи дека нафта имало само за уште еден ден. -За ваше запознавање, во моментов се при крај резервите со нафта наменета за специјалните комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад, што не може да се набави без потпис на в.д директор. Доколку во најкус можен рок не назначите в.д. директор на ЈП КХС, одговорноста за аларматната состојба со одржувањето на хигиената во градот Скопје е ваша. – Управен од одбор на КХС. Дводневното статус кво по оставката на Рустеми, освен стравувањата дека возилата за смет можат да останат без нафта, а со тоа депониите да се вратат на улиците, ги загрижи и вработените дека можат да останат без плата. -Ќе се соочиме, не само со недостаток на гориво, туку и за целокупното работење на претпријатието, исто така ќе се соочиме и со проблем со сите оние исплати кон вработените, пред се исплата на плати и други додатоци на плата кои што зависат пред се од новиот потписник, односно потписот на директорот.-Стојанче Кашиковски, претседател на СУТКОЗ. Во изминатите два дена градоначалничката Арсовска и Управниот одбор на КХС се обвинуваа кој е надлежен да назначи нов директор и кој е виновен за катастрофалната состојба со хигиената во градот. Тагови: ЈП Комунална хигиена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски отвора базен, а Унгарија отвора истрагаВо истиот ден додека Христијан Мицкоски свечено отвора базен, новиот унгарски премиер Петер Маѓар најави истрага за кредитот од една милијарда евра што Орбановата влада му го одобри на Мицкоски.Маѓар јасно посочи да постои сомнеж дека парите наменети за поддршка на унгарски фирми биле искористени за јакнење на политички сојузник. Истрагата е веќе предадена на полиција. Додека во Унгарија почнуваат да испитуваат каде завршиле парите и зошто Мицкоски добил пари, кај нас премиерот отвора базен. Ова е совршена слика на две години владеење на организираната криминална група ВМРО: • На една страна - истраги, сомнежи за злоупотреба и политички мотивирани кредити. • На друга страна - базени, ленти и фотографии за домашни потреби. Мицкоски и неговите соработници со години се фалеа со „стратешкото партнерство“ со Орбан. ВМРО преку Орбан контролира околу 40% од медиумите во Македонија, а тука е и 4iG како мобилен оператор, чија инфраструктура ќе се користи за дистрибуција на медиумски содржини. Сега, кога Орбан падна, почнуваат истрагите. А тие, наместо одговори, продолжуваат со претстави. Граѓаните треба да знаат: додека тие се дават во економска криза и во загадена вода, Мицкоски отвора базен а во Унгарија веќе проверуваат колку тој базен, и многу други работи, навистина чинеле, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаСтојаноски: Опозицијата да се договори околу Изборниот законик, а не да смислува алиби за следните изборни порази Во „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој изјави дека Владата и владејачкото мнозинство имаат јасен став во однос на измените на Изборниот законик.Во „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој изјави дека Владата и владејачкото мнозинство имаат јасен став во однос на измените на Изборниот законик, но дека опозициските партии мора да покажат политичка одговорност и да постигнат заеднички став за отворените прашања. Според Стојаноски, платформата врз која се воделе разговорите била коректна, а Владата покажала одговорност со тоа што оставила опозицијата меѓусебно да ги усогласи различните предлози што ги изнесувала во јавноста. „Платформата врз која ние ги поставивме разговорите сметам дека е сосема коректна. Владата беше доволно одговорна и владиното мнозинство да каже дека ќе го прифати сето тоа што опозициските партии ќе го договорат меѓу себе, бидејќи тие беа тие коишто нудеа различни детали во јавноста. Ние кажавме директно и јасно потребно ни е да ги зацртаме реформите 10 од 10, потребни ние си тие средства без разлика дали биле многу или малку, на македонските граѓани им се потребни. Седнете, договорете се за сите разлики коишто ги имате во јавноста, за сите нови услови кои ги поставувате секогаш кога ќе седнеме на масата и ние ќе ви го прифатиме тоа коешто вие ќе го договорите“, рече Стојаноски. Тој нагласи дека не е задача на владејачкото мнозинство да посредува во договорите меѓу опозициските партии, посочувајќи дека СДС, ДУИ, Левица, како и пратениците на Арбен Таравари и Зијадин Села, треба да постигнат заеднички став за отворените прашања. „Ние не можеме место нив да им договараме средба во рамки на Собранието. Нека седнат СДС, ДУИ, Левица пратениците на Таравари и на Села и нека договорат и за заокружувањето и за поплаките и за начинот на кој дијаспората треба да се изјаснува, како и за процентот на финансирање, ние тоа ќе го прифатиме. Одговорноста стои таму да тие треба да имаат иницијатива да седнат и да договорат, а не да смислуваат алиби за наредните изборни порази“, вели Стојаноски. Пратеникот Стојаноски се осврна и на начинот на гласање на македонската дијаспора. Тој истакна дека целта е да се зајакне врската на иселениците со татковината и повтори дека владејачкото мнозинство ќе го поддржи моделот за кој ќе постигне договор опозицијата. „Зошто сакаме дијаспората да се изјаснува и да се промени системот кој сега е актуелен? Бидејќи нашата интенција е тие луѓе да ги вратиме назад и мораме да ја зајакнуваме врската којашто тие луѓе ќе ја имаат со нивната татковина. Ете на преговорите на кои јас лично учествував, им кажавме дека ако седнЕ опозицијата и ако се договорат тие за моделот на којшто треба дијаспората да се изјаснува, ние тоа модел ќе го прифатиме. Ете беа против електронски, понудивме поштенски модел ете и против тоа се“, истакна Стојаноски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамУништен Туарег од Украина и натаму вози (ВИДЕО)Снимките од тешко оштетениот VW Touareg кој сè уште работи станаа вирални на социјалните мрежи.Автомобилот, уништен во наводен ракетен напад во Украина, е претворен во куп метал, но моторот му сè уште работи. Видеата брзо станаа вирални и собраа милиони прегледи. Две кратки видеа се објавени на профилот на Инстаграм e.m.g._group, кои ја прикажуваат суровата реалност на војната. Првото видео прикажува целосно уништен црн VW Touareg од трета генерација. Секој дел од каросеријата е оштетен, покривот е смачкан, а светлата се скршени. На прв поглед, автомобилот изгледа неупотреблив. Но, потоа доаѓа изненадување: еден човек се бори да влезе во возилото, што е едвај можно поради скршениот покрив, го пали моторот и тргнува. Според изјавата што ја придружува објавата, Tуарег бил погоден од ракетен напад. View this post on Instagram A post shared by Авто підбір/пригон по країнам ЄС та в Україну (@e.m.g_group) Како настанала штетата Сè уште не е јасно како точно е оштетен Touareg. Touareg најверојатно бил паркиран кога ракетата експлодирала во негова непосредна близина. Оваа теорија е поткрепена со фактот дека воздушните перничиња не се активирале, што е јасно видливо во второто видео. Доколку стануваше збор за судир, воздушните перничиња ќе се активирале. Исто така, видливо е дека делови од искинатиот покрив се отсечени за полесно влегување во автомобилот. Внатре и надвор, Touareg изгледа како куп урнатини. Штетата на овој модел R-Line е огромна. View this post on Instagram A post shared by Авто підбір/пригон по країнам ЄС та в Україну (@e.m.g_group) Моторот и електрониката сè уште работат Интересно е што LED светлата и екраните во ентериерот сè уште работат. Најголемото изненадување, сепак, е што V6 TSI моторот во Touareg сè уште работи. SUV-от се движи сам, иако неговото работење е придружено со доста вознемирувачки звуци.Тагови: Туарег украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook