Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
2Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
2Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
БалканПо девет години Грција прв пат издава 10 – годишна обврзницаГрција се подготвува за да издаде 10 годишна обврзница , прва од кризата во 2010 година , објави атинската берза.Грција ќе издава нова обврзница во евра со рок од 10 години , а вредноста според неофицијални информации би можела да биде 2,5 милијарди евра со каматна стапка од 4 %. Соопштението од атинската берза е објавено три дена откако агенцијата Мудис ја зголеми оценката на грчките државни обврзници од Б3 на Б1. Според ММФ активностите во грчакта економија ќе доведат годинава до раст од 2,4 проценти. Европската Комисија минатата недела побара од земјата во целост да ги спроведат сите реформи , кои ги вети на кредиторите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаВајц ја повика Кос да помогне во надминувањето на спорот меѓу Македонија и БугаријаБилатералните прашања не треба да го попречуваат пристапниот процес, посочи известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на денешната седница на Комитетот за надворешни работи на европскиот Парламент. Тој ја повика еврокомесарката за проширување Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, оценувајќи дека директниот дијалог меѓу двете влади е единствениот начин за излез од застојот. Посочи и дека тоа го бара бидејќи мотивацијата за разговори меѓу Скопје и Софија не била секогаш на највисоко ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Балкан„Го нарекуваше брат, а го уби“- се огласи синот на убиениот бизнисмен од Бугарија Калојан Бинев напиша емотивни зборови на социјалните мрежи по убиството на неговиот татко Слави Бинев. Синот на бизнисменот и претседател на федерацијата за теквондо откри дека обвинетиот за убиството, Ејуп Темиз, бил исклучително близок со својот татко и семејството, пишува порталот 24chasa.bg. „Тој ден, еден човек, семеен пријател кој го нарекуваше мојот татко свој брат, уби не само една личност, туку илјадници луѓе на овој свет. Бидејќи во секого што го допре, мојот татко остави дел од себе! Да, беше строг, и тоа исклучително. Но, тоа не значеше дека сакаше помалку или дека не му е грижа. Тој беше човек со огромно срце и насмевка што ништо и никој не можеше да ја избрише! Човек од чест, со огромно достоинство! Тато, не го заслужуваше ова! Сите те сакаме и ни недостигаш.“ Слави Бинев беше убиен со еден истрел во својот дом на 24 октомври. Еден час подоцна, полицијата го уапси турскиот бизнисмен Ејуп Темиз, кој работи во Бугарија. Тој е обвинет за убиство и е во притвор од страна на Градскиот суд во Софија. Во последните денови стана познато дека Ејуп и неговата сопруга, архитектката Нија Темиз, ќерка на покојниот главен архитект на Софија Стојан Јанев, биле семејни пријатели со Бинев. Можеби затоа тој се согласил да посредува во спор за недвижности меѓу Нија Темиз и познатиот архитект професор Калин Тихлов. Двајцата имале деловен спор. Сепак, како што стана јасно на рочиштето за мерката притвор за Ејуп, мотивот сè уште не е разјаснет. Според неговата одбрана, тој се плашел за своето семејство откако во спорот се вмешале трети лица, имено Пламен Дисков - Кела, човек чија биографија е контроверзна низ годините.Тагови: бизнисмен Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПаника на крузер: Евакуирани 1.537 луѓе на грчкиот остров Сирос поради дојава за бомба Крузерот „Краун Ирис“, кој требаше да отплови од грчкото пристаниште Сирос до израелското пристаниште Хаифа, беше евакуиран по дојава за можна експлозивна направа на трупот на бродот, додека истрагата е во текЕвакуацијата на патниците започна кратко по 19 часот по локално време, а тие ќе бидат сместени во соби обезбедени од општините Сирос и Ермуполи, каде што ќе останат додека не се завршат безбедносните проверки, објави Џерусалим Пост. Бродот, кој плови под знамето на Панама, превезувал 940 патници и 597 членови на екипажот, или вкупно 1.537 лица. Според достапните информации, непознато лице го известило крузерот преку VHF радио дека на неговиот подводен дел се наоѓа експлозивна направа. Капетанот на бродот веднаш ги известил пристанишните власти на островот Сирос. Персоналот на крајбрежната стража, потпомогнат од куче за откривање експлозиви и приватен нуркач, го пребара бродот, додека специјална единица на крајбрежната стража беше испратена на местото на настанот. Првичната инспекција не пронајде експлозивна направа, а се очекува експертите од крајбрежната стража да спроведат дополнителни проверки пред крузерот да може да го продолжи своето патување. Заканата за бомба на бродот дојде истиот ден кога најмалку седум авиони во Европа добија закани за бомба, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, иако не беа пронајдени експлозивни направи.Тагови: крузер островот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00