По десет години, Apple прекинува со проектот за електрични автомобили

По години работа во тајност, тимот е распуштен.

Само малкумина можат да направат автомобил од нула и тоа со огромни инвестиции. Apple, како еден од индустриските гиганти, не успеа во тоа. Имено, последните вести велат дека Apple го укинале проектот за развој на автомобили.

Проектот Титан вреден милијарди долари, кој никогаш официјално не бил објавен во јавноста, неодамна е суспендиран. Тоа беше кажано на тим од речиси 2.000 експерти предводени од Џеф Вилијамс (на сликата подолу) и Кевин Линч, дознава Блумберг врз основа на неименувани инсајдери на компанијата.

Да потсетиме дека Apple почна да го развива својот прв автомобил во 2014 година и сите овие години држеше сѐ подалеку од јавноста. Бидејќи развојот вклучува работа на системи како автономно возење и помош за вештачка интелигенција, се очекува дел од вработените да бидат прераспределени во одделенијата кои се занимаваат со вештачка интелигенција и интеграција во постоечките системи.

Одлуката доаѓа во услови на зголемени каматни стапки, што ја зголеми загриженоста за достапноста кај купувачите на електрични возила и ги поттикна стравувањата од слаба профитабилност на стартапите. Дополнително, серијата несреќи ја поткопа довербата на јавноста во автономните возила, поттикнувајќи скептицизам кај инвеститорите.

Се чини дека тие ја поддржуваат одлуката на Apple да го откаже проектот iCar, што е потврдено со зголемувањето на цените на акциите за 0,5 проценти по овие извештаи.

Во Куманово за претседателските избори, излезеноста до 11 час.e 11,72 за парламентарните е 12,8

Во Куманово за претседателските избори, излезеноста до 11 часот e 11,72 за парламентарните е 12,87 отсто

Според податоците на Држвната изборна комисија, во Куманово за претседателските избори, излезeноста до 11 часот e 11,72 за парламентарните е 12,87 отсто. Во Липково според ДИК излезеноста за претседателските е 1,76 за парламентарните, 7,33 отсто. Во Старо Нагоричане пак за претседателските е 11,76, додека за парламентарни изнесува 11,99 проценти.

Во Куманово според податоците на ОИК право на глас за претседателските избори имаат 93.508, додека за парламентарни 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.

Во Липково, за претседателските избори евидентирани се 26.030 гласачи, за парламентарните 26.024 гласачи кои гласаат на 36 избирачки места соопштија од ОИК Липково.

Во Старо Нагоричане има 3.043 гласачи за претседателски, а за парламентарни 3.046 кои гласаат на кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.

Јавниот сервис на БиХ го укина сигналот на ентитетската телевизија поради неподмирени долгови

Сигналот на РТВ на Федерацијата Босна и Херцеговина беше исклучен за целата програма, освен за давање услуги за продукција на Дневник и вести.

Управниот одбор на државната радиотелевизија Радиотелевизија на Босна и Херцеговина (БХРТ) од денеска привремено ги укина услугите на ентитетскиот јавен радиодифузен сервис Радио-телевизија на Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ) поради, како што наведоа, неподмирени долгови.

Сигналот на РТВ на Федерацијата Босна и Херцеговина беше исклучен за целата програма, освен за давање услуги за продукција на Дневник и вести.

Во Босна и Херцеговина има три јавни радиодифузери - БХРТ, РТВ на Федерацијата на БиХ и РТВ Република Српска.

Законот за јавниот РТВ систем бара од субјектите радиодифузери да плаќаат дел од средствата што ги собираат од данокот на РТВ на нивната територија на сметката на БХРТ.

Тоа значи дека ентитетскиот јавен радиодифузен сервис е должен да плати на БХРТ 50 отсто од приходот од наплатата на надоместокот.

Според соопштението на БХРТ, долговите на РТВФБиХ кон овој радиодифузер изнесуваат повеќе од еден и пол милион марки (750.000 евра).

Во Дебар до 11 часот гласале 4 отсто за претседателските и 6 отсто за парламентарните избори

Во Дебар до 11 часот гласале 4 отсто за претседателските и 6 отсто за парламентарните избори, во Центар Жупа гласале 4,67 односно 4,73 отсто.

Изборниот тек од вториот круг од претседателските избори, како и парламентарните избори во Дебар и Центар Жупа се одвива нормално, со зголемена излезност на граѓаните кои го остваруваат нивното граѓанско право, потврдуваат од општинските изборни комисии.

Во општина Дебар, до 11 часот гласале 802 лица или 4 отсто од вкупно запишаните 19.269 за претседателските избори, односно 1184 лица или 6 отсто од запишаните 19.334 за парламентарните избори. Во првиот круг од претседателските избори на 24 април излезноста беше 5 отсто.

Зголемена излезност е забележана и во општина Центар Жупа, каде до 11 часот на претседателските избори, од вкупно запишаните 7368 гласале 345 или 4,67 отсто. Во првиот круг, на 24 април, излезноста беше 4,47 отсто.

На парламентарните избори правото на глас во Центар Жупа го искористиле 349 или 4,73 отсто од 7383 лица, колку што се во избирачкиот список.

Во општина Дебар има 27 избирачки места и 16 во соседната општина Центар Жупа.

Во Пехчево 17,8 проценти од гласачите го оствариле своето право на глас до 11 часот

Во Општина Пехчево во вториот круг од претседателските избори до 11 часот своето право на глас го оствариле 17,8 проценти од евидентираните 3899 избирачи, информираа од Општинската изборна комисија. Во оваа општина бројката на гласачи за парламентарните избори е 3905 лица.

- Гласачките места беа отворени навреме, се тече во најдобар ред. Досега гласале 698 гласачи или 17,8 проценти, информираа од ОИК Пехчево.

Во Пехчево се гласа на 9 избирачки места.

притисни ентер