По Амазон, и Мајкрософт вложува милијарди во центар за податоци во Шпанија - Канал 5

По Амазон, и Мајкрософт вложува милијарди во центар за податоци во Шпанија

Американската технолошка компанија Мајкрософт планира да инвестира 6,69 милијарди евра во развој на центри за податоци во Арагон, Шпанија, придружувајќи му се на Амазон во плановите да му даде на регионот истакнато место во сегментот на клауд бизнис.

По Амазон, и Мајкрософт вложува милијарди во центар за податоци во Шпанија

Потврдувајќи го извештајот на весникот Ел Хералдо, владата на Арагонија објави дека американскиот технолошки гигант аплицирал за градежна дозвола за да започне со изградба на центри за податоци во близина на Сарагоса.

Парите ќе се инвестираат во период од 10 години, соопшти Владата.

Мајкрософт неодамна објави дека ќе инвестира 2,1 милијарди евра во центри за податоци во Мадрид, потсетува Ројтерс. Од компанијата не сакале да ги коментираат плановите во Арагон.

На тој начин, технолошкиот гигант ги следи стапките на својот главен конкурент, подружницата на Amazon за клауд компјутери, Amazon Web Services (AWS), која во мај објави дека ќе инвестира 15,7 милијарди евра во центрите за податоци во Арагон во следните 10 години.

„Со оваа одлука Amazon Web Services ја постави Шпанија на прво место во Европа во областа на технолошките иновации и вештачката интелигенција“, го цитира Амазон шпанскиот министер за дигитална трансформација Хозе Луис Ескрива по тој повод.

Сарагоса се наоѓа на половина пат помеѓу Мадрид и Барселона, најголемите урбани области во Шпанија, и на главниот трговски коридор што го поврзува Пиринејскиот Полуостров со Франција и остатокот од Европа, а оваа позиција го обезбеди нејзиниот статус на логистички и транспортен центар.

Големите играчи во секторот за клауд компјутери, како што се Амазон и Мајкрософт, неодамна се обидуваат да се доближат до телекомуникацискиот сектор, привлечен од потенцијални приходи од милијарди долари, но телекомуникациите досега се претпазливи во проценката на капацитетот на клауд да управува со мобилните мрежи .

Јадрото на мобилната мрежа се состои од центри за податоци со сервери со високи перформанси кои насочуваат податоци и повици со голема брзина. Клаудот би ги намалил трошоците, би го зголемил протокот на податоци и би овозможил поправки, истовремено обезбедувајќи непрекината услуга.

Глобалниот телекомуникациски пазар во клауд би требало речиси тројно да се зголеми до крајот на деценијата и да достигне вредност од 108,7 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер