По 8658 години затвор за водач на култ во Турција и неговите соработници - Канал 5

По 8658 години затвор за водач на култ во Турција и неговите соработници

Турски водач на култ, Аднан Октар вчера е осуден на затворска казна за водење на криминална група, учество во воена и политичка шпионажа и сексуално злоставување малолетници.

По 8658 години затвор за водач на култ во Турција и неговите соработници

Судот во Истанбул го осуди на 8658 години затвор.

Аднан Октар често бил нарекуван „култен водач“ во јавноста, а на телевизија водел религиозни емисии опкружен со провокативно облечени жени кои ги нарекувал „мачиња“. Основните појдовни точки на неговите верувања и проповеди биле конзервативизмот и креационизмот, а под псевдонимот Харун Јахја објавувал книги на повеќе светски јазици.

Октар и стотици негови следбеници биле уапсени во 2018 година, откако полицијата упаднала во неговата палата и откриле дека тој всушност бил вклучен во криминал под маската на необичен исламски култ. Со помош на различни медиуми и издавачки куќи, тој со години водел меѓународни кампањи против теоријата на еволуцијата. По неговото апсење, неговата телевизиска програма А9 била затворена.

Во јануари 2021 година, Октар бил осуден по 10 различни обвиненија. Некои од нив за водење криминална група, политичка и воена шпионажа, сексуална злоупотреба на малолетници, силување, уцени и тортура, пишува Би-Би-Си.

Тој бил обвинет и за помагање на мрежата на муслиманскиот научник Фетула Ѓулен од САД, кого Турција го обвинува за организирање на неуспешниот обид за пуч во 2016 година. Тогаш Октар бил осуден на 1.075 години затвор, но повисокиот суд ја отфрлил таа пресуда.

По повторното судење, Високиот кривичен суд во Истанбул донесе пресуда со која Октар е осуден на 8.658 години затвор. Иста казна судот им изрекол и на неколку други осомничени во овој случај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Србин е уапсен вчера на Табановце- во јули возел со 166 км/час кај Демир Капија

Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 166 км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80 км/ч .

Србин е уапсен вчера на Табановце- во јули возел со 166 км/час кај Демир Капија

На 23.10.2026 во 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(39) од Србија. При проверка на патничко возило „баик“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Имено, на 15.07.2026 на автопатот Гевгелија - Демир Капија, М.П. го управувал возилото со брзина од 166 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен и задржан во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Пред дебаклот во Брвеница на предвремените локални избори, Венко изјави дека ќе обзнани анкети во кои СДС имал голем рејтинг и граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ.

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Две недели по таа изјава на Филипче, ниту трага и глас од анкетите.

Го прашуваме Филипче, каде се тие негови анкети во кои СДС има голем пораст во рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ пад? Зошто не ги покаже во јавноста? Зошто ги крие? Дали тие анкети се направени во штабот на СДС?

Додека Филипче ветуваше анкети, во реалниот свет, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница со 4 спрема 1, поддршката на Филипче во СДС е на завидно ниво, кој стигне му бара оставка, но ние како ВМРО-ДПМНЕ му даваме целосна поддршка.

Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски имаат најголема поддршка од граѓаните, а СДС полека но сигурно со Филипче станува маргинална партија.

Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче.

Граѓаните ја ценат работата, посветеноста и вистинската грижа која ВМРО-ДПМНЕ ја пружа. Затоа Филипче не сака избори, затоа што ќе доживее дебакл, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е Албанец- бил фатен додека пали пожар во прилепско

Лишен од слобода албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено

Уапсен е Албанец- бил фатен додека пали пожар во прилепско

На 23.10.2026 во 14:20 часот на место викано „Коливади“ во атар на с.Житоше, прилепско, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода М.Џ.(38) од Република Албанија. Тој бил затекнат како предизвикува пожар на сува трева на отворен простор. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп и за настанот бил известен јавен обвинител.

Лицето било предадено во ОВР Прилеп, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 288 од Кривичниот законик – „Предизвикување на општа опасност“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер