По 43 години во затвор, ослободен е сириски пилот - не сакал да пука врз својот народ (ВИДЕО) - Канал 5

По 43 години во затвор, ослободен е сириски пилот - не сакал да пука врз својот народ (ВИДЕО)

Додека сириските бунтовници, предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал Шам (ХТС), освојуваа град по град на пат кон Дамаск, принудувајќи го Башар ал Асад да ја напушти земјата, тие ги отворија вратите на злогласните затвори на режимот.

По 43 години во затвор, ослободен е сириски пилот - не сакал да пука врз својот народ (ВИДЕО)

Таму во текот на речиси 14 години граѓанска војна над 100.000 луѓе исчезнаа за време на војната. Меѓу ослободените, по неверојатни 43 години, беше и Ал Татари. Влегол во затвор како млад човек во цутот, а излезе како старец.

Рагад ал Татари бил воен пилот и тој ден добил наредба - да фрли бомби врз жителите на Хама, но се осмелил да се побуни против владата, да се спротивстави на Хафез ал Асад, таткото на Башар. Тој ја одбил наредбата велејќи: „Нема да го бомбардирам мојот народ“ и веднаш бил затворен во озлогласениот затвор Седнаја.

По бегството на Башар ал Асад во Русија и падот на неговиот режим, од овој затвор беа ослободени цели семејства.

Некои мајки биле затворени таму со години со своите деца. Тал ал Малухи имал само 19 години кога била уапсена во 2009 година поради блог пост во кој ја критикувала државната корупција. Таа била пронајдена жива по 15 години зад решетки. Еден човек со избричена глава, кој се тресел кога го нашле во Седнаја, бил толку малтретиран што го изгубил помнењето и тешко зборувал. Неговото семејство изјавило дека тој имал 20 години и бил студент по медицина кога исчезнал пред 13 години, пишува The Guardian.

Од почетокот на кризата во Сирија во 2011 година, затворот Седнаја, кој се наоѓа на околу 30 километри од главниот град Дамаск, стана крајна дестинација и за мирните противници на режимот и за воените офицери осомничени дека се спротивставуваат на владата.

Денеска сириските сили за цивилна заштита „Бели шлемови“ соопштија дека ги истражуваат тврдењата за „скриени подземни ќелии“ во затворот, за кои преживеаните рекоа дека може да има дополнителни затвореници. Белите шлемови соопштија дека распоредиле пет специјалистички тимови за одговор при итни случаи, вклучително и единици за пребарување и спасување, експерти за кршење ѕидови, обучени кучиња и служби за итни случаи, се вели во објавата на групата на платформата X.

На уништените улици на Дамаск, семејствата набрзина се собраа, а нивните очи трагаа по новоослободените. Многумина беа збунети, борејќи се со надреалната реалност на повторното обединување по нешто што изгледаше како еден век, објавија турските медиуми.

„Ме викаа број 1.100“, се сеќава Лајла, која сè уште не сака да го открие својот вистински идентитет. Фатена на контролен пункт пред четири години, таа била обвинета за тероризам - вообичаена етикета за оние кои се осмелија да му се спротивстават на режимот. Пред само неколку недели, таа била затворена во ѕидовите на озлогласениот Централен затвор во Алепо, изгубена и заборавена. Но, на 29 ноември 2024 година, бунтовничките сили ги пробија затворските врати.

Башар ал Асад и неговото семејство владеат со цврста рака повеќе од пет децении. Според Сириската мрежа за човекови права, најмалку 136.614 луѓе биле приведени под будното око на режимот и подложени на неискажливи ужаси. Сведоштвата зборуваат за брутални тепања, глад и психичко мачење во преполните ќелии.

Среде хаосот, видеата покажуваат огромни емоции - од солзи радосници до тажни извици за изгубени животи.

Себастијан, кој поминал 12 години зад решетки, раскажувал ужасни приказни за тоа како бил преместен меѓу различни затвори како добиток.

„Кршевме прозорци за да избегаме... дури и чуварите побегнаа или носеа цивилна облека за да се вклопат со нас“, рече тој, опишувајќи го егзодусот со извици на слобода што одекнуваа низ ќелиите на затворот Седнаја - објект толку озлогласен што стана синоним за смрт и очај.

Организациите за човекови права долго време го опишуваат овој затвор како „кланица за луѓе“. Санкциите и осудите речиси и не го потресоа режимот на Асад.

Извештаите спомнуваат повеќе од 30.000 наводни егзекуции во затворските ѕидови, не само за време на војната, туку вклучиле и илјадници луѓе кои исчезнале долго пред почетокот на конфликтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. 

Џип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинати

Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај.

„Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа.

Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби.

„Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола.

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката.

Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа.

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец.

Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски.

Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива.

Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер