По 12 години прв пат мрда со прстите на раката - турски хирург во Скопје - Канал 5

По 12 години прв пат мрда со прстите на раката - турски хирург во Скопје

На 23 - годишна девојка и се исполнил сонот да работи како стоматолог.

По 12 години прв пат мрда со прстите на раката - турски хирург во Скопје
Месец октомври за 23 - годишната идна докторка по стоматологија ќе биде најсреќниот месец во животот. По цели 12 години трагање по клиниките, да и се помогне да ги исправи четвртиот и петтиот прст од едната дланка, денеска е успешно оперирана од турскиот хирург за операција на рака.

Тој на пластична хирургија во Скопје заедно со тим на овдешни доктори направиле пет успешни операции на рака. Станува збор за операции што се многу комплицирани и кои досега не се правеле во Македонија. Скапите операции од над 20 илјади евра се правеле надвор од државата. Доктор Синоличка Џамбазова престојувала во Турција и специјализирала на операции за скинати лигаменти и други компликации со дланката.

„Мислам дека оваа девојка ќе има сосема нормален живот, и секако успешна професија“, вели д-р Синоличка Џамбазова, Клиника за пластична хирургија.

„Многу ми е драго што имав одличен тим и сите операции се успешни“, објасни д-р Булент Озеџелик, хирург од Турција.

„Најважно е д-р Синоличка да продолжи со едукацијата и секако за овој проблем за којшто досега немало операции да биде решен“, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Останатите пациенти кои биле оперирани биле земјоделци кои имале долгогодишни тешки повреди и нефункционални дланки. Тие веќе можат да ги користат дланките – потврдија хирурзите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Турските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. 

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си.

Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики.

Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Две третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца.

Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца.

Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80.

Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер