ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга

Бранителот на титулата и актуелен лидер Струга загуби неочекувано на домашен терен од Силекс со 3-2 во еден шесте натпревари кои попладнево се одиграа во рамки на 29 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Поразот на Струга го искористија фудбалерите на Шкупи кои со два гола во самиот финиш направија резултатски пресврт во дуелот со Тиквеш и со триумфот од 3-2 се израмнија бодовно со Струга на врвот на табелата.

Убедлива победа пред своите гледачи забележа Шкендија над Гостивар (4-1), додека Вардар е сè подалеку од зоната за опстанок откако загуби минимално на гостувањето во Струмица од Брера (0-2).

Воска со високи 4-0 триумфираше над Брегалница, додека Работнички и Македонија ЃП ги поделија бодовите играјќи 1-1.

ПМФЛ – 29 коло резултати:

Брера – Вардар 2-0

Работнички – Македонија ЃП 1-1

Шкендија – Гостивар 4-1

Шкупи – Тиквеш 3-2

Струга – Слекс 2-3

Воска – Брегалница 4-0.

Табела: Струга 58, Шкупи 58, Шкендија 55, Силекс 41, Тиквеш 39, Брера 37, Гостивар 37, Работнички 35, Воска 34, Вардар 29, Македонија ЃП 26, Брегалница 26.

Ристевски: Од Сиљановска очекувам да биде коректив на државата

„Секој што има интелектуален капацитет ако е ставен на место за кикирики, таа системска вредност дополнително корумпира“

Од Гордана Сиљаловска како претседател и лидер на оваа држава очекувам на местата, а верувајте многу луѓе релативизираат што прави претседателот кој го знае системот и општеството на местата во судството или било која институција да предлага луѓе кои се контролен механизам. Треба да предлага луѓе кои нема да се само име или биографија, како што фунцкионираат политичките структури кога немаат кадар, избираат по етничка припадност или професија. Дај моралните, естетските и човечките аспекти да видиме дали ќе си ја врши работата. Секој што има интелектуален капацитет ако е ставен на место за кикирики, таа системска вредност дополнително корумпира. Како претседател од Сиљановска очекувам да биде коректив на државата, да се залага меѓу другото за уставни проемни за ингеренциите на идниот претседтаел. Единствено претседателот има ингеренција од народот, пратеник има 6-7000 гласови, претходниот премиер имаше околу 200 илјади гласови, рече Александар Ристевски во Само Вистина.

Мерил Стрип се појави по 35 години во Кан, сите ја забележаа 75- годишната ѕвезда

Мерил Стрип последен пат била на Канскиот филмски фестивал во 1989 година. Се до денес. Кога ги привлече сите погледи.

Таа денеска ја доби почесната „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал, каде што е почесен гостин, а сите беа фасцинирани од изгледот на познатата актерка.

Оваа 75-годишна жена покажа дека ентузијазмот не е резервиран само за младоста, туку и искуството и животот и професионалното богатство и како тие имаат што да кажат.

Актерката се појави во бел костум и сино-бела кошула, а белата шапка, во комбинација со очила за сонце, беше полн моден хит. Високите сребрени потпетици му дадоа на стајлингот белег на гламур и ја истакнаа врвната форма на актерката во осмата деценија.

Шарм, самодоверба и уживање во вниманието зрачеше од секое нејзино движење.

Во Кан пред 35 години Мерил ја доби наградата за најдобра улога во филмот „Un cri dans la nuit“, што беше нејзино единствено појавување на фестивалот во Кан досега.

Мерил ја доби почесната Златна палма по Жана Моро, Марк Белокио, Кетрин Денев, Жан-Пјер Лео, Џејн Фонда, Анјес Варда, Форест Витакер и Џоди Фостер, се вели во објавата на Канскиот филмски фестивал.

Кустос на американски музеј е обвинет за шверц на стотици пајаци и скорпии од Турција (ВИДЕО)

Експерт за скорпии и пајаци на Американскиот природонаучен музеј, Лоренцо Прендини, е уапсен денеска во Истанбул при обид да прошверцува примероци од двата вида од Турција.

Прендини бил приведен од полицијата на аеродромот во Истанбул поради наводен обид да изнесе околу 1.500 примероци надвор од земјата, јавува Би-Би-Си.

Во видеото објавено од новинската агенција Демирорен, може да се видат полицајци како го пребаруваат рачниот багаж и ги вадат пластичните кеси кои изгледаа дека се полни со мртви пајаци и скорпии, пишува Гардијан.

На веб-страницата на музејот, Прендини е наведен како куратор на збирките на пајаци, скорпии и стоногалки.

Забележано е дека тој посетил повеќе од 30 земји со цел да истражува пајаци и да ги класифицира скорпиите.

притисни ентер