Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
1Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
3 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
ТехнологијаПлутон го изгуби статусот на планета, зошто? Плутон беше една од деветте планети на Сончевиот систем во 20 век.Тоа е планета која е откриена во 1930 година, но се претпоставуваше дека постоела и претходно. На денешен ден во 2006 година, Меѓународната астрономска унија го прогласи Плутон за џуџеста планета и го редефинираше бројот на планети во Сончевиот систем. Неоткриената Планета X Откривањето на Плутон се случи во опсерваторија во Аризона. Клајд Томбо помина една година истражувајќи ја наводната деветта планета. Неколку децении претходно, Персивал Лоуел предложи постоење на деветта планета, која ја нарече Планета X, но не ја откри. По 14 месеци истражување, Томбо конечно забележа големо тело во вселената. Името го добила од девојка од Англија, Венеција Барни. Наводно, по откривањето на Планетата X, таа предложила да се именува по римскиот бог на подземјето. Нејзиниот дедо бил член на академската заедница, која го прифатила новото име, како и самиот Томбо. Дополнителна причина бил фактот што првите две букви ги претставуваат иницијалите на Персивал Лоуел. Планетата веднаш била прифатена како деветта планета на Сончевиот систем, иако нејзиниот дијаметар е само 2.377 километри, што ја прави помала од Месечината на Земјата. Тоа беше големо откритие, а Плутон, на некој начин, беше симбол на сите тајни на далечните предели на Сончевиот систем. Губење на статусот планета На почетокот на 21 век, астрономите открија голем број објекти во Кајперовиот појас, регионот на Сончевиот систем надвор од орбитата на Нептун, некои дури и поголеми од Плутон. Токму ова доведе до преиспитување на статусот на Плутон како планета. Дебатите за Плутон се водеа низ целиот свет, а прашањето кулминираше на 24 август 2006 година, кога се одржа собранието на Меѓународната астрономска унија во Прага. Таму беше утврдено дека планетата е вселенско тело кое орбитира околу Сонцето, има доволно маса за да добие сферична форма и ја „исчистила“ својата орбита од други објекти. Плутон не ги исполнувал последните критериуми, па затоа е прекласифициран како џуџеста планета, а Сончевиот систем од тој ден официјално има само осум планети.Тагови: планета Плутон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Демократски сојуз: Бегството на Ива Михајлова бара итна истрага и одговорностДемократскиот сојуз бара итно утврдување на одговорноста за бегството на Ива Михајлова, откривање на евентуалните помагачи и кривична одговорност за сите лица за кои ќе се утврди дека го организирале или овозможиле.Михајлова беше обвинета за учество во сообраќајна несреќа со смртни последици, а со бегството стана недостапна за правосудните органи. Правдата мора да биде еднаква за сите, без привилегии и недопирливи поединци. Бараме МВР, Царинската управа и Јавното обвинителство да утврдат како било можно таа да ја напушти државата и дали во тоа учествувале или потфрлиле полициски и царински службеници. Особено загрижува што бегството се случило во моментот кога беше прифатена можноста нејзината здравствена состојба да биде проценета и од бугарски лекари. Ова отвора сомнежи дали целта била да се избегне независна медицинска процена, која можеше да даде одговор на прашањето дали нејзината состојба навистина била животозагрозувачка и дали претходните судски одлуки биле оправдани. Мора да се испита и улогата на адвокатот, вклучително и неговите наводи за постоење помагачи, како и да се утврди како Михајлова успеала да побегне и покрај мерките за ограничување на движењето и одземените бугарски и македонски пасоши. Доколку се утврди дека адвокатот учествувал во организирањето или овозможувањето на бегството, бараме да понесе соодветна кривична одговорност, согласно законот. Адвокатската професија не смее да биде заштита за незаконски дејствија. Демократскиот сојуз бара транспарентна истрага, утврдување на институционалните пропусти и законска одговорност за сите инволвирани. Бегството не смее да значи избегнување на правдата, особено кога станува збор за обвинение за сообраќајна несреќа со смртни последици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме!12:46Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаВо масовна тепачка во село Баница струмичко повредени неколку лица Четворица со тешки телесни повреди по масовна тепачка во село Баница струмичко. На 11.10.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М. и К.М. од една страна и П.С., М.С., Т.С., С.С., С.С. и С.С., од друга страна, сите од село Баница, во која со различни предмети си нанеле повреди по главата и телото. Повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде кај лицата Р.М., К.М., Т.С. и М.С. биле констатирани тешки телесни повреди. Предметите кои ги користеле при пресметката се пронајдени и одземени. За настанот е известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Добра вест за Македонија! Продолжуваме да градиме!12:46Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
ЕвропаДва патнички автобуса се превртеа во Турција, десетици повредениДва патнички автобуса се превртеле денес во Турција, а според локалните медиуми, има повредени лица. Пет лица се повредени денес во Турција откако минибус се превртел на патот Анталија-Испарта. Несреќата се случила околу 10:30 часот во близина на крстосницата Топали во областа Аксу, а причина за несреќата било масло истурено на коловозот, објави порталот „Ахабер“ (Ahaber). Екипите за итна помош што пристигнаа на местото на настанот им пружиле помош на повредените, а започната е и истрага за да се утврдат деталите за несреќата. Денес во Турција се случи уште една сообраќајна несреќа, во која патничко комбе се преврте и заврши во канал во Мерсин, при што беа повредени 17 лица, пренесува истиот турски портал. Во областа Силифке во Мерсин, на патот од Силифке кон Ѓулнар, патнички минибус излетал од патот и се превртел во канал поради лизгавиот коловоз предизвикан од дождот. Минибусот е отстранет од местото на настанот со помош на служба за влечење, а беше покрената и истрага за несреќата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter