ЗабаваПлус сајз манекенка се пожали на посетителите на Дизниленд во Париз: Ме исмеваа (ВИДЕО)Плус сајз моделот и TikToker-ка Грејси Бон од Панама објави видео во кое се жали на нејзиното непријатно искуство во Дизниленд во Париз, каде отишла да се забавува со своите браќа и сестри.Објаснила како ѝ бил уништен денот затоа што случајните минувачи ја „исмејувале големината на нејзиното тело“ и додала дека најлошото е што ги учат своите деца да го прават истото. „Постојано ме фотографираа и ме гледаа или постојано се смееја. Знам дека можеби мислите дека претерувам и дека јас сум виновна што сум голема, но ова е буквално она што Бог ми го дал и морам да го прифатам секој дел од мене“, објасни таа. "Дури и ако страдате од нешто или изгледате поинаку, не треба да бидете малтретирани поради изгледот. Никогаш не би коментирала негативно за туѓиот изглед. Почитта е клучна", рече таа, додавајќи дека Дизниленд "треба да биде безбедно место каде што сите се чувствуваат удобно“ и дека таа „само сакала да се забавува како другите“. @graciebon1 stop body shame. ♬ sonido original - Dontitanspeakerman „Ако нешто не ви се допаѓа, престанете да мразите и чувајте го за себе“, заклучила таа, а во коментарите ја поддржале и бројни „Тиктокери“. „Потребни ни се повеќе луѓе како тебе, многу си убава. Те почитувам“, „Ти си убава. Навистина е тажно како луѓето можат да бидат толку злобни“ и „Посакувам секој да има своја работа, но самодовербата е клучна“ се некои од коментарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛитар дизел од денеска се точи за 101,5 денари, за 1,5 денар повисоки цените и на бензинитеНов скок на цените на нафтените деривати – за прв пат по стартот на војната на Блискиот исток, литар дизел скокна над 100 денари и од полноќ литар се точи по цена од 101,5 денари. Со последната одлука на Регулаторна освен зголемување од 3,5 денари кај дизелот за 1,5 се зголемуваат и цените не бенизните. 95-ка од денска се продава по цена од 93 денари, а 98-цата за 95 денари по литар. Во пресметката влегуваат и намалените акцизи, и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари кај дизелот.Тагови: Дизел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес попладне нестабилно со пороен дождПретпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени. До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во посета на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите на крајот од настанот.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15