3ВМРО-ДПМНЕ: Фирмите кои Јон Фрчкоски ги наброја редовно добивале тендери од министри, директори и градоначалници од СДС
МакедонијаПленковиќ во официјална посета на Македонија, ќе се потпише договор за стратешка соработка меѓу двете земјиПремиерот Христијан Мицкоски во Охрид е домаќин на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој денеска доаѓа во официјална посета на Македонија.По официјалниот пречек на аеродромот „Св. Апостол Павле“, најавена е тет а тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и премиерот Пленковиќ, а по неа и владина билатерална средба. Како што соопшти владата, предвидено е двајцата премиери да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПредлог-законот за соодветна и правична застапеност на јавна расправа во СобраниетоПравичната застапеност конечно ќе се регулира со закон, наместо со алатка како „балансерот“ и потребно е да му се даде шанса да се донесе за вработувања во јавниот сектор по систем на заслуги, смета дел од академската јавност. На денешната јавна расправа за предлог-законот за правична застапеност во Собранието, дел од професорите и експертите дадоа поддршка за законското решение, оценувајќи дека со него ќе се спречат злоупотреби при вработувањата, а од друга страна ќе се регулира правичната застапеност за сите етникуми врз професионални критериуми. Клучно според нив е што законот е изработен со позитивно мислење од Венецијанската комисија и согласно европските и меѓународните стандарди. Наспроти пофалбите, дел од присутните експерти имаа низа забелешки и критики за законот. Според нив тој не е во духот на Охридскиот рамковен договор, не предвидува санкции, ниту етнички квоти при вработувањата, и остава простор, како што велат, за партиски злоупотреби. Дел од нив го бранеа балансерот како добро решение за етничките права и сметаат дека ова законско решение треба да се повлече од собраниска пропцедура. Предлог-законот за правична застапеност е на дневен ред и денешната собраниска седница во прво читање откако претходно расправата за него беше одложена поради отсуството на вицепремиерот Беким Сали како овластен предлагач. Законот ќе се носи со таканаречено мало Бадентерово мнозинство -за да помине треба да има 61 глас, како и мнозинство од присутните пратеници што припаѓаат на немнозинските заедници. Сепак, неизвесно е дали власта ќе успее да обезбеди Бадентер без гласовите од ДУИ кои жестоко се противат на ова законско решение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУкраина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластерПо само три години откако добија статус на земји-кандидатки, Украина и Молдавија ги започнуваат пристапните преговори со Европската Унија. Првиот чекор со отворање на кластерот „основи“ го започнуваат во Луксембург на меѓувладини конфереции, а уште на самиот старт од унијата изразија очекување овие две земји да ги отворат и останатите кластери во рекордно време следниот месец. Ова не значи и брзо членство, туку почеток на најсуштинскиот дел од процесот, изјави еврокомесарката за проширување, Марта Кос. -Денеска навистина е мега ден или мега понеделник за процесот на проширување. Прво, ќе бидат направени првите големи чекори за Украина и Молдавија откако го добија кандидатскиот статус во 2023 година. Така што, конечно двете држави ќе можат да го отворат првиот кластер. Зошто? Затоа што тие испорачаа и навистина е време да го направиме ова. И ако тие испорачаа, треба да испорачаме и ние. Затоа јас очекувам да ги отвориме сите останати пет кластери во јули- Марта Кос – еврокомесар за проширување на ЕУ. Наспроти брзата трака за Украина и Молдавија, Македонија е во ЕУ чекалната од 2005 година. Според премиерот Христијан Мицкоски разликата е во околностите, но смета и дека клучна улога има тоа што претходната влада и сегашна опозиција, прифатиле услови на штета на македонските интереси. Тој порача дека и покрај тоа, Владата ќе продолжи со испорака на реформите согласно Планот за раст . -Разликата помеѓу овие две земји и нашата е тоа што ние ја контролираме целата држава и немаме такви проблеми какви што имаат тие и кај нив опозицијата не работи против своите граѓани и против својата влада, не ја кодоши сопствената влада и не работи за интересите на туѓи влади кои имаат поинакви интереси, како што е случајот кај нас. И поранешните власти во овие две држави обезбедувале консензус кога станува збор за стратешки прашања и за надворешни предизвици. Тоа не го направи претходната влада, која беше во една, би рекол, прилично очајна состојба тогаш и беше подготвена да коленичи и да прифати бел лист хартијa за да остане на власт,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Покрај овие две држави, исчекор прави и Црна Гора со затворање на уште две поглавја. Според еврокомесарката Кос, доколку продолжат со реформите, тие имаат шанси до крајот на годинава да влезат во завршната фаза од преговорите. Од друга страна на Советот за надворешни работи во Луксмебург учествува и Ерменија, за која од унијата најавија поддршка по се поголемиот притисок од Москва. Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Фирмите кои Јон Фрчкоски ги наброја редовно добивале тендери од министри, директори и градоначалници од СДСЈон Фрчкоски, синот на истакнатиот идеолог на СДС којшто, со последните совети, партијата предводена Венко Филипче со сигурност ја турка кон политичка маргинализација, на прес-конференција излезе да брои која фирма колку тендери добила.Во ред е Јон, за броење доби пролазна оценка, но за да добие повисока ќе мора малку да се потруди и заедно со нивниот таканаречен антикорупциски тим, да почнат и да ги набројат сите тендери коишто истите тие фирми ги добиле од државните институции во време на власт на СДС, како и од општини предводени од нивни градоначалници. Тоа што мали Фрчко сака да го претстави како некакво си откритие, е јавно достапни и секој заинтересиран може да го види со мал труд истражувајќи на официјалниот сајт на електронскиот систем јавни набавки. Сите споменати фирми се компании кои долго време работат, регуларно се пријавуваат на јавните набавки и согласно најповолната понуда ги добиваат тендерите. Дека тука нема ниту скандал, ниту некакво откритие на АКТ на СДС зборува и фактот што истите овие компании, МГ Проект Дооел Скопје и МБМ Архитекти Дооел Скопје учествувале на јавните набавки и добивале тендери уште во периодот на власт на СДС. Така, БМБ Архитекти од 2023 година добивала тендери од Министерството за образование, Министерството за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Собрание на Република Македонија, АД МЕПСО, Државна видеолотарија, Општина Центар и други државни институции како универзитетски клиники и факултети. Додека состојбата кај МГ Проект е уште подобра, односно за време на власт на СДС од нивни државни функционери и градоначалници фирмата добила многу повеќе тендери. МГ Проект редовно добивала тендери од градоначалниците на СДС во Центар, Струмица, Делчево, Валандово, Богданци, Крива Паланка, Крушево и други, како и од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за Култура, Министерство за образование и наука, Министерство за транспорт и врски, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и други институции додека СДС ја предводеше македонската влада. На СДС и Јон им препорачуваме, да се обратат до нивното раководство, поточно претседателот Венко Филипче, кој му го чува столчето на неговиот ментор Зоран Заев, и нека го прашаат од каде му се парите за луксузни хациенди на Водно, како и за златна виза и стан во Дубаи. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook