Плејбој од 2004 со интервју со Александар Вучиќ се продава за 855 евра - Канал 5

Плејбој од 2004 со интервју со Александар Вучиќ се продава за 855 евра

Српското издание на магазинот „Плејбој“ од 2004 година, во кое има интервју со Александар Вучиќ, се продава за дури 855 евра.

Плејбој од 2004 со интервју со Александар Вучиќ се продава за 855 евра

Интервјуто на актуелниот претседател на Србија под наслов „Урбан радикал над Белград“ се појави на страниците на популарното списание, а во него писателката Исидора Бјелица му поставила 20 прашања, не знаејќи дека за повеќе од 10 години тој ќе биде претседател на Србија.

Списанието сега е на страница за продажба, а оние кои сакаат да го купат ќе мора да издвојат голема сума пари. „Сега ова интервју за Плејбој е неверојатна надреална новинарска реткост“, се вели во описот на рекламата.

Вучиќ за потребите на интервјуто позирал на креветот во бела карирана кошула. Додека со едната рака држи грозје над главата како Дионис, во скутот има чинија со овошје, а во другата рака држи книга. За насловната фотографија на интервјуто е избрана онаа на која Вучиќ е насмеан. Исто така, одговорите на Вучиќ секако ја покачија цената на ова издание на Плејбој.

„Патував за Подгорица, на првиот лет наутро, тој во 5:45, ние сојузните пратеници имавме право на авионски билети, па по грешка ми дадоа билет на име на мојот сопартиец Драган Тодоровиќ. И така, љубезниот господин на пријавувањето ми рече: Супер, господине Вучиќ, сега ќе се преправам дека не ве препознав и дека сте господин Тодоровиќ, а сега дојдете малку поблиску ако може“, вели Вучиќ.

„Се возбудувам, сметам, сега ќе откријат нешто за бизнисот на компанијата, некоја измама, некоја корупција во најмала рака. Кога човек тивко ќе рече: „Господине Вучиќ, закопчајте си го шлицот. Кога не паднав во земја!Не се вразумив следните три дена“, заврши тој една од своите анегдоти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер