Платниот список на Барселона се намалува - Канал 5

Платниот список на Барселона се намалува

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона планира да го намали платниот список на тимот на 450-470 милиони евра до почетокот на следната сезона.

Платниот список на Барселона се намалува

Според „Sport.es“, минатата сезона исплатата на клубот изнесувала 656 милиони, во моментов оваа сума е веќе намалена на 530 милиони евра. Падот се должи на заминувањето на Серхио Бускетс, Жорди Алба, Жерар Пике и Мемфис Депај. Покрај тоа, трансферот на Антоан Гризман во Атлетико Мадрид на трајна основа ја ослободи Барселона од високите плати на Французинот.

Следниот чекор е намалување за 50 милиони евра со разделба со играчи кои беа позајмени во други клубови. Тоа се Клемент Ленглет, Самуел Умтити, Сержињо Дест, Алекс Коладо и Густаво Маја.

Предвидено е и кратење на дел од 90-те милиони евра кои одат за плати на женската екипа на клубот, како и на кошаркарските, ракометните и футсал тимовите.

Сметката за платите на играчите во 2020/21 беше 616 милиони евра, од кои 510 милиони евра беа за првиот тим.

Раководството на фудбалскиот клуб Барселона е задоволно и од моменталната процена на тимот која е подобра од проценката за 2020/21 година. Тимот од таа сезона беше проценет на 730 милиони евра, додека сегашниот тим на Барселона вреди околу 770 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањето

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска и утре учествува на 21 меѓународна конференција – Бледски стратешки форум во Словенија.

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањето

Како што информираат од МНР, Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и југоисточна европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, на која ќе се разговара за геополитичките промени што ги менуваат меѓународните односи. Од МНР информираат и дека во рамки на форумот, шефот на дипломатијата ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, посветен на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан, а на маргините на форумот, предвидени се и повеќе билатерални средби на Муцунски со негови колеги министри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје

Транспортерите пред седиштето на Европската Унија во Скопје ќе одржат протест испраќајќи пораки од Унијата да им го олесни пристапот на транспортерите од Западен Балкан, откако беа воведени посебни правила во Шенген зоната.

Протест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје

Транспортерите бараат престојот да не им биде ограничен на 90 дена во последните 180 денови како што тоа е случај со граѓаните. Утре, според најавите од превозниците, треба да имаат состанок во Брисел, а со денешниот протест сакаат да испратат апел до ЕУ да им го олесни движењето во Шенген зоната со што ќе можат непречено да работат. ТИЕ со барање дека ако не можат да има измени, како што е случајот со машиновозачите и пилотите, тогаш бараат наместо во денови, нивниот престој да се брои во часови и минути. Протести во исто време ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Денес сончево и топло

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Од почетокот на новата работна седмица до почетокот на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер