Пластично семејство: Мајка и ќерка се оперирале за да изгледаат исто (видео)

Кога мајка и ќерка сакаат да изгледаат исто, тешко е да се одлучи која попрво би требало да побара стручна помош. Кога на тоа ќе се додаде дека сакаат да изгледаат како британската старлета Кејти Прајс (попозната како Џордан), би требало да им се понуди и превоз до доктор.

За жал, Џорџина и Кајли, мајка и ќерка од Велика Британија, биле во посета на доктор, но оној погрешниот – пластичен хирург. И тој одлучил да ги задоволи нивните желби и затоа денес изгледаат вака.

Но тоа не е ни половината од заплетот во оваа приказна. Тие две жени до сега имаат потрошено повеќе од 88.000 долари на операции, а во видеото 20 годишната Кајли објаснува дека со операциите започнала кога почнала да се занимава со стриптиз на 17 години и притоа запознала спонзор, кој и давал пари секоја недела. Тие пари ги искористила за операциите за себе и нејзината мајка.

„Не ми смета тоа што Кајли има спонзор или тоа што се занимава со стриптиз за да ги плати пластичните операции бидејќи го живееме својот сон“ – изјави нејзината 38 годишна мајка Џорџина.

„Да. Знаеме како сакаме да изгледаме“ – се согласува Кајла.

Досега имале зголемување на градите и усните, имаат филери во образите, екстензии за косата, избелување на забите и неизоставното надградување на ноктите и тен од солариум.

„Кајли и јас се правиме заедно, а тоа ги вклучува и пластичните операции. Ми се допаѓа што изгледаме исто. Дури купуваме и иста облека“ – изјави мајката и додаде: „Навистина сум среќна што имам ќерка како Кајли која ме разгали и ми ги плаќа операциите....Живеам сон. Навистина сум среќна и горда на неа“.

Најмладите од Дебарско и Река со каланда го возвестија Лазаревото воскресение

 Света Бигорска обител денеска беше израдувана од прекрасното пеење на Лазаревата каланда „Кажи Лазаре“, којашто одекнуваше од устите на најмладите дечиња од реканскиот и дебарскиот регион.

-Овие прекрасни млади души, на чиишто лица сјаеше празничната радост, со чистина во срцата ни го најавија претстојното Пасхално торжество и преку каланда ни проговорија за Лазаревото Воскресение, кое е вовед во светлото и славно Христово Воскресение, рече сестра Ефимија.

Додаде дека дечињата, во придружба на своите родители, најпрво со воодушевување ги пееја каландите во манастирскиот двор, од каде што потоа се упатија кон работната игуменска одаја на нашиот старец епископ г. Партениј, за и нему да му ја пренесат сеопштата радост од Господовото воскреснување на четиридневниот Лазар.

-Таму тие беа срдечно и радосно пречекани од татковското срце и прегратка на дедото, а потоа и дарувани со традиционалните колачи Лазаринки, со велигденски ламбади и со други подароци, посочи сестра Ефимија.

Ким Кардашијан на средба со потпретседателката на САД, Камила Харис

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан разговарала со потпретседателка на САД, Камала Харис за реформите во кривичното право на тркалезна маса организирана од Белата куќа, пренесува АП.

Агенцијата наведува дека тркалезната маса ги истакнала напорите на американската администрација кога станува збор за реформите во кривичното право.

Белата куќа на тркалезната маса покани и четири лица кои биле помилувани од американскиот претседател Џозеф Бајден претходната недела.

Кардашијан ја посети и Белата куќа и во времето на претседателот Доналд Трамп.

Во објава на својата социјална мрежа во ноември минатата година, Трамп ја нарече Кардашијан „најпреценетата славна личност во светот“, врз основа на анегдота од неодамна објавената книга на новинарот на ABC News Џонатан Карл, пренесува б92.

Коалицијата „Вреди“ во Тетово ја презентираше програмата „План 2030“

 „Вреди“ во Тетово ја презентираше програмата „План 2030“, ветуваат минимална плата од 800 евра

Нов устав со Албанците како второ мнозинство во државата, прекугранична економска зона со Албанија и Косово, инвестиции од 500 милиони евра за инфраструктура во албанските општини и 800 евра минимална плата се дел од десетте точки на изборната програма „План 2030“ на Коалицијата „Вреди“.

Коалицијата денеска во Тетово ја презентираше изборната програма со која се предвидува и забрана за коцкање и брзи заеми, ослободување на затвореници од монтирани случаи и нивно обесштетување, слободни економски зони за печалбари и за млади, зголемување на пензии, социјална помош и субвенции, како и капитални инвестиции да достигнат до 150 евра по глава на жител.

Десетте точки од „План 2030“ ги презентираа носителите на листите во изборните единици.

- Ние сме сигурни дека ја имаме најдобрата листа, имаме листа која ќе ги направи промените. Исто така, нашата програма се однесува на економскиот развој, интегрирање на државата во Европската Унија, како и на подобрување на меѓуетничките односи, подобрување на правата на албанците кои ги претставуваме. Сигурни сме дека на 8 мај оваа листа, и оваа програма ќе биде победничка и после 8 мај ќе биде дел од владината коалиција, истакна Биљал Касами, носител на листата во ИЕ6 и претседател на Движење Беса.

На новинарско прашање кој кандидат ќе се поддржи во вториот круг од изборот за претседател, Арбен Таравари, истакна дека нема дефинитивна одлука и таа ќе биде донесена во текот на наредните денови.

За можното коалицирање со ВМРО ДПМНЕ за состав на Влада, Биљал Касами рече дека се подготвени за разговор.

- Кажуваме дека сме подготвени да седнеме да разговараме за составување на идната влада со тоа што цениме дека сме единствени претставници на Албанците затоа што сме единствена коалиција која ги претставува Албанците, рече Касами.

притисни ентер