3Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
МакедонијаПланинарскиот клуб „Љуботен“ одбележува 100 години постоење, средба со Сиљановска-Давкова Планинарскиот клуб „Љуботен“ одбележува 100 години постоење, средба на Сиљановска-Давкова со претставници на планинарскиот клуб.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на Планинарскиот клуб „Љуботен“ по повод стогодишнината од постоењето на најстариот македонски планинарски клуб. Честитајќи им го големиот јубилеј, таа истакна дека не само таа, туку и широката јавност ги цени и високо ги вреднува нивните досегашни активности во планинарството, во коишто препознава не само спорт, туку и посебна филозофија на живот, неразделен од коегзистенцијата со природата, инспириран од еколошката свест и решеноста да се негува, сочува и да им се остави во наследство и на идните генерации. Претседателката, како што оопшти нејзиниот Кабинет, ја потенцирала неповторливата и незаборавна убавина на Шар планина, издвојувајќи ја „Лешница" како нејзин планински бисер и потсетувајќи на прекрасните времиња на манифестирана и докажана љубов и почит кон планината и природата. Претставниците на клубот, како вљубеници во Шара, со особена посветеност раскажале за реализираните проекти, но и за претстојните активности годинава, како: традиционалното искачување на Титов Врв, летното ноќно искачување на Љуботен, младинското кампување во Вратница и реализирањето на планинската трка. Гостите ја информирале претседателката за Свечената академија, како централен настан во рамките на прославата, на која ќе учествуваат бројни друштва од земјава и од регионот. Сиљановска-Давкова, како што е наведено во соопштението, пројавила особен интерес за некои проекти на Клубот, како: Музејот на планинарење и скијање, првиот Инфо-центар за Шар Планина и обновата на Планинарскиот дом „Љуботен“. Според неа, постојаната грижа и заштита на природата не е само поединечна и колективна, ниту локална, туку национална обврска кон идните генерации коишто имааат право на здрава и убава животна средина, како непотрошно и неотуѓиво човеково право. Едновековната шарпланинска приказна, според претседателката, мора да продолжи како безрезервна љубов кон природата, височините, зеленилото, снегот, водите, ливадите, цвеќињата, тишината и мирот.Тагови: Планинарскиот клуб „Љуботен“ Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКатедралата Св. Павле ќе стане новото најпопуларно место за концерти во Лондон (ВИДЕО)Катедралата Св. Павле, една од најпознатите знаменитости во Лондон, објави неочекувана четиригодишна соработка со ноќниот клуб „Фабрик“. Како дел од партнерството, во катедралата ќе се одржуваат концерти и музички настани, каде што ќе настапат современи уметници од различни жанрови. Одлуката доаѓа по неколку успешни концерти што „Фабрик“ веќе ги организираше во катедралата во последните години, вклучувајќи ги и настапите на Пати Смит и австралиската пејачка Р.А. Икс. „Танцување врз гробови“ Најавата веднаш предизвика негативни коментари. Некои ја опишаа идејата како „танцување на гробовите“ со оглед на тоа што голем број историски личности, вклучувајќи го и Лорд Нелсон, се погребани во криптата под катедралата. Администрацијата на катедралата и клубот „Фабрик“ нагласуваат дека „нема да има рејв забави на црковните клупи“. Портпарол на катедралата изјави за „Телеграф“ дека на сите концерти ќе има седење и дека на почетокот на секоја претстава, канонот на црквата ќе ја замоли публиката да остане на своите места. Дискусија на социјалните мрежи Објаснувањата не ги смирија некои од верниците. Многумина го изразија своето незадоволство на социјалните мрежи. „Ова треба да биде дом на хорови и оркестри. Ваквите настани не се соодветни за верска зграда дизајнирана од Сер Кристофер Рен. Англиканците целосно се погубија“, напиша еден корисник на Инстаграм. Друг корисник го нарече тоа „богохулство“, додека во коментар на TikTok пишуваше: „Одвратно е и срамно што црквата го дозволи тоа“. Од друга страна, многумина ја поддржаа соработката. Еден корисник истакна дека катедралата има „најдобра акустика“, а друг коментираше: „Фора, само треба да обрнете внимание на самата зграда“. Некои корисници ја сметаат идејата за „легендарна“ и „фантастична“ бидејќи настаните во црквите честопати имаат посебна атмосфера. „Уникатна атмосфера и нови посетители“ Сандра Линс Тимбрел, директорка за односи со посетителите во катедралата, рече дека катедралата е „воодушевена“ од програмата на „исклучителни“ концерти што ги подготвува со Фабрика. „Овие настани прикажуваат врвен талент и создаваат незаборавни искуства за публиката на едно од најзначајните места во Лондон“, рече Тимбрел. „Се надеваме дека оваа соработка ќе привлече нови посетители на катедралата и ќе ги охрабри луѓето да ја откријат оваа историска зграда и да се поврзат со неа на нови и возбудливи начини. Со нетрпение очекуваме да им овозможиме на луѓето да ја доживеат единствената атмосфера што ја создава живата музика во оваа извонредна околина“, додаде таа. View this post on Instagram A post shared by fabric (@fabriclondonofficial) Коосновачот на клубот „Фабрик“, Камерон Лесли, рече дека станува збор за необична комбинација. „Ова е неочекувана комбинација од два сосема различни делови од Лондон. Планираме да продолжиме врз темелите на претходните успешни настани и да создадеме нешто навистина посебно, достојно за овој неверојатен простор“, рече тој. Првиот концерт како дел од оваа соработка е закажан за 29 октомври, а името на изведувачот ќе биде објавено наскоро.Тагови: катедрала Лондон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДУИ: Албанците секаде исклучени, ВЛЕН молчиОд државните свечености, до спортот, културата и институциите - Албанците се исклучуваат секаде, додека ВЛЕН молчи.35 години по независноста, оваа влада покажува дека државата може да биде независна, но стариот менталитет може брзо да се врати со вазалите на ВЛЕН на власт. На одбележувањето на 35-годишнината од независноста, албанскиот јазик беше игнориран во државните настани. Ниту еден збор. Ниту една буква. Ниту еден знак. Како Албанците да не постојат во оваа држава. Но Албанците „не постојат“ ниту кога треба да бидат наградени. На државните награди „8 Септември“, и оваа година резултатот е срамен: 0 Албанци. Ниту еден спортист, ниту еден тренер, ниту едно албанско име меѓу наградените. Значи, за оваа влада, Албанецот е добар само кога треба да ја претставува државата и да носи медали, но станува невидлив кога доаѓа моментот државата да го признае и награди неговиот успех. Ова не е случајност. Ова е политика. И во оваа политика на исклучување, ВЛЕН избра да биде нем набљудувач. Оние кои дојдоа на власт со ветувања за еднаквост, соодветна застапеност и права на Албанците, денес немаат ниту еден збор за Албанците кои се исклучуваат. Каде е ВЛЕН? Каде се вицепремиерите? Каде се министрите? Каде се ветувањата за „правична и соодветна застапеност“? Кога Албанците се исклучуваат, ВЛЕН молчи. Кога Албанците се дискриминираат, ВЛЕН молчи. Кога придонесот на Албанците се брише, ВЛЕН повторно молчи. Ова е нивното лице по повеќе од две години на власт. Време е ВЛЕН да престане да ја крие главата во песок. Албанците не се невидливи. Невидливи стануваат само оние кои наводно ги претставуваат - ВЛЕН, се наведува во партискот соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИ денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11
БалканВучиќ: Ќе имам многу посети, а потоа поднесувам оставка- македонското сценарио не поминува Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека до изборите остануваат околу педесет дена и дека ќе поднесе оставка кога ќе ги заврши сите државнички обврски и планираните посети во странство.„Ќе имам многу посети и многу важни работи што ја засегаат државата. Во меѓувреме имате и национален празник, 15 септември, Денот на националното единство и знамето. Пред тоа имаме голема воена вежба на Пештера, потоа патување во Бања Лука на свечена академија, патување во Њујорк и говор во Обединетите нации и многу, многу средби со светски претставници“, изјави Вучиќ за Pink во Ниш, пренесе Телеграф. Тој додаде дека пред тоа ќе биде домаќин на претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, и дека најверојатно ќе оди во Париз и ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон. „Потоа, кога ќе се вратам, ќе поднесам оставка и ќе бидам обичен граѓанин кој оди да разговара со граѓаните, со народот и да се бори за нивната поддршка и доверба“, рече Вучиќ. Осврнувајќи се на неодамнешната прес-конференција на „студентите во блокадата“ на која беше наведено дека државата ги шпионирала, Вучиќ рече дека дури и тие знаат дека не биле прислушкувани. „Кога не знаете што да правите, тогаш извадете некои деца и оставете ги да кажат дури и она што не знаат како да го кажат. Затоа имаше голема трема, не можат ни да кажат што некој им рекол да кажат. А службата дури знае дека тие знаат дека не биле прислушкувани, но тоа е работата на службата, не сакам да се занимавам со такви работи“, рече Вучиќ. Во врска со ова, Вучиќ изјави дека поединци користеле вакви трикови и во Македонија. „Потоа, Македонија го смени името и сè друго. Понекогаш кога го правите тоа, тој оригинал може да помине. Тоа повторување и копии секогаш изгледаат како фарса. Па така, се обидоа да го повторат истото по 5 октомври, а сега се обидуваат да го применат македонското сценарио. Сè е фарса и не поминува. Нашиот народ е многу попаметен од тоа“, рече Вучиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter