ЗабаваПланинарски клуб Љуботен од Тетово в недела го организира 42-то искачување на Титов врвВикендов ќе се одржи дводневната манифестација по повод традиционалното мајско искачување на Титов врв што секоја година го организира планинарскиот клуб Љуботен од Тетово. Во недела 26 мај е искачувањето до највисоката точка на Шар Планина на 2747 метри надморска височина додека ден претходно ќе се одржат пригодни активности. - Во недела од 06:30 часот е предвидено тргнување на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон Титов Врв по „Вакуфска Патека“. Предвидено е околу 11 часот пристигнување на колоната на Титов Врв, а на пладне враќање назад кон Попова Шапка. Во 16:00 часот е очекуваното пристигнување на Попова Шапка, информираше на денешната прес-конференција, Христина Коруновска, член на извршниот одбор на ПК Љуботен Од клубот напомнуваат дека поради големата количина на снег, која не е забележана во изминативе 38 години, потребно е сите коишто ќе се пријават и учествуваат на овогодишното искачување, да ја почитуваат програмата на организаторот и да ги почитуваат обврските кои ги имаат како учесници на овој настан. - До искачувањето има уште три дена, во овој период се прогнозираат променливи метеоролошки услови. Но во текот на утрешниот ден и петок, членови на клубот ќе бидат на терен и ќе имаме најточни информации за состојбата со снегот. Во зависност од метеоролошките услови, а пред сè поради безбедност на учесниците, клубот има право да ја промени патеката на искачување до врвот, за што сите благовремено ќе бидат известени. Организаторот има право да донесе одлука и за прекинување на искачувањето, која одлука треба да се почитува од сите учесници на настанот, истакна претседателот на ПК Љуботен, Јован Божиноски. Во сабота, вообичаено се предвидени и пригодни активности за афирмација на планинарството и заштитата на животната средина. Покрај пречекот на планинарите на Попова Шапка, во хотелот Славија ќе бидат организирани неколку активности, како што базар, проекции на филмови, детска забава и свеченото отворање како и координација на планинарските групи. - Во координација со ЈУ Национален Парк Шар Планина, ќе се изврши чистење на патеката од Титов Врв до Попова Шапка. Вработените од паркот, пред самото тргнување ќе поделат ракавици и вреќи на дел од учесниците кои на симнување од врвот ќе го соберат сиот отпад кој е на патеката. Благодариме на НП Шар Планина во поддршката на овој настан, посочи Божиноски. Организацијата на оваа планинарска манифестација почнува во 1980 година кога се организира првото тогаш меморијално искачување. По ова прво меморијално искачување одлучено е настанот да влезе во календарот на сите планинарски друштва во тогашна Југославија. Организацијата и масовноста на овој настан е знак на препознавање на П.К. Љуботен. Во текот на изминатите 41 искачувања на Титов Врв евидентирале бројка од 26705 искачени планинари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандераДел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера. Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија. Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
МетеоУХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник До вторник според Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи врнежливото време. Веќе од средината на идната недела ќе настапи постепена стабилизација. Тагови: врнежи од дожд УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
МакедонијаГолем пожар на плац на автобуската компанија во близина на селото Тркање, кочанскоГолем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во близина на селото Тркање, предизвикувајќи сериозна материјална штета. Огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, во непосредна близина на бензинска пумпа . Со брза интервенција на протипожарните единици од Кочани и Виница пожарот е изгаснат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48