БалканПланинар од Србија загина на планината ВележПланинар од Србија вчера попладне загинал откако паднал од карпа додека се искачувал на планината Вележ.Случајот вечерта бил пријавен во Полициската станица Невесиње, а нејзините припадници веднаш излегле на местото на настанот, каде во моментов се и сега учествуваат во извлекувањето на телата заедно со припадниците на Планинската спасувачка служба на РС и Цивилна заштита на општина Невесиње. Телото на младото момче останало на фератата „Срцето на Вележ“, на планината Вележ, од каде се уште се обидува да го извлече со хеликоптерот на хеликоптерската служба на РС, кој бил ангажиран во неделата наутро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМДенеска ќе бидат објавени конечните ранг листи за примени студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“..Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември. Со конкурост на уким, на 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата студиска година, која ќе почне на 1 октомври.. Од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет), 3621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, т.е. ги кофинансираат студиите и 835 за вонредни студенти...Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево и топло, попладне нестабилноВремето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени. За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДолга колона автомобили забележана утрово на граничниот премин БогородицаДолга колона автомобили е забележана утрово на граничниот премин Богородица, на излез од Македонија кон Грција.Според снимката направена околу 6:45 часот, голем број возила се наредени во повеќе колони и чекаат за преминување на границата. Зголемената фреквенција се очекува во периодот на продолжениот викенд, кога многу граѓани тргнуваат кон грчкото крајбрежје, а дополнителен притисок создава и смената на туристите. Возачите кои денеска патуваат кон Грција се советуваат да имаат трпение и, пред поаѓање, да ја проверат актуелната состојба на граничните премини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter