Писмена реакција на организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ на наводите на Филипче - Канал 5

Писмена реакција на организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ на наводите на Филипче

Имаме разбирање за причините за растечката нервоза, но вакви манипулации нема да одмолчиме бидејќи сметаме дека сме должни да го заштитиме интегритетот на оние учесници на вчерашна сесија „Разговори #2“ кои не се политичари.

Писмена реакција на организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ на наводите на Филипче

Организаторите на платформата во врска со денешната прес конференција на “Бихакќа” го соопштуваат следниот став:

Венко Филипче со малата група се фракција во СДСМ. Тој не е претседател на членството туку претседател на фиктивни картички за гласање. Денес се потврди токму тоа. Со сите притисоци врз членовите, тој на прес конференцијата собра половина раководство и стотина луѓе во публика. Тоа е помалку од еден процент од гласовите кои наводно ги освои на внатрепартиските избори. Венко Филипче нема образ за обвинувањата кои ги пласира. На пример, во неговиот Централен одбор седи Рубин Земон, човекот кој го оспорува Македонскиот великан Гоце Делчев.

Со Левица ние имаме многу разлики за различни прашања, но сме согласни за едно, “на ти - дај ми” тандемот Мицкоски - Филипче мора да бидат поразени.

На втората сесија на “Разговори за иднината во 12:05” имаше идеолошка, експертска и демократска дебата која во СДСМ не се случила со години. Таа маса на Платформата вчера тежеше минимум 150 илјади гласа.

Со хистеријата која упорно се обидува да ја наметне Венко Филипче, тој свесно ги одвраќа опозициските гласови од СДСМ затоа што е уценет и мора да одработи во полза на ВМРО - ДПМНЕ. Главен кочничар на обединувањето на опозициската демократска и прогресивна јавност е ова изгубено партиско раководство чија единствена цел им е да се докопаат до пратенички мандати. Мнозинството членови на СДСМ мислат со своја глава и знаат да препознаат кој за што се бори.

Венко Филипче не е, и не може лажно да и се продава на јавноста како жртва, бидејќи тој е егзекуторот на највалканиот дил во поновата политичка историја на Македонија.

Организатори на Разговори за иднината во 12:05

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“

Се продлабочува јазот во опозициската СДСМ... 

Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“

Венко Филипче со поддршка на дел од раководството и членството, на прес-конференција во партиското седиште жестоко ги нападна поранешните функционери на партијата кои се дел од платформата „Разговори за иднината во 12:05“, обвинувајќи ги дека се сателити на Христијан Мицкоски за, како што рече, да дефокусираат и да ја фрагментираат СДСМ. Филипче кажа дека обидите за поделби на партијата нема успеат и ги отфрли барањата на платформата за негова оставка и промени во раководството. Филипче порача дека неговиот ангажман во СДСМ не е мотивиран од финансиски и лични интереси, туку од верба.

-Овој обид, овој дефокус, овие пучисти, овие шемаџии, ништо нема да направат. За жал како што надимакот кажува, ова сега е ВМРО-вска шема. Па ќе ни даделе предлог што ние да правиме. Па, јас знам што пишува во тоа, затоа што е напишано во Белата палата и од Латас едитирано. Тие луѓе вчера видовме, имам чувство дека би седнале и би направиле пакт и со ѓаволот само за да ги остварат нивните интереси. Тоа нема да им помине. Ќе стоиме и ќе се бориме и за граѓаните и за државата и за СДСМ, изјави Филипче.

За актуелната пратеничка Славјанка Петровска, која е дел од платформата, Филипче изјави дека нема да биде исклучена од СДСМ, иако таа според него има свои принципи кои по потреба ги менува.

Лидерот на СДСМ ја критикуваше платформата и поради учеството на Левица во разговорите со која, како што рече имаат идеолошки разлики и која според него отворено е против НАТО и со спротивни вредносни политики.

-Се среќаваат и седат на маса со Левица. Левица која отворено соработува со Русија и со Кина. Тоа ли сакаат? Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики? Оваа партија дала заменик генерален секретар на НАТО, а тие седат со луѓето коишто во Собрание држеа транспарент дека НАТО е убиец. Еве што викаше: НАТО убива за профит., рече Филипче.

На прес-конефренцијата на Филипче ескпресно реагираа од платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“. Во објава на социјалните мрежи велат дека ја разбираат нервозата кај Филипче, но како што велат, не можат да ги одмолчат манипулациите,. „Со хистеријата која упорно се обидува да ја наметне Венко Филипче, тој свесно ги одвраќа опозициските гласови од СДСМ затоа што е уценет и мора да одработи во полза на ВМРО – ДПМНЕ“, реагираат од Платформата од каде додаваат дека тие со Левица имаат многу разлики за многу прашања, но се согласни дека тандемот Мицкоски - Филипче мора да бидат поразени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија итно подигна воени авиони Ф-18 поради заканата кон Романија

Два борбени авиони Ф-18 од шпанските воздухопловни и вселенски сили се испратени да ја следат ситуацијата во Романија по тревога за беспилотни летала, објавија денес шпанските медиуми.

Шпанија итно подигна воени авиони Ф-18 поради заканата кон Романија

Авионите беа распоредени во Романија ноќта помеѓу петокот и саботата откако радарскиот систем на земјата детектирал „воздушна цел“ што се движела во близина на градот Вилково, на украинска територија, недалеку од романската граница, активирајќи тревога за беспилотни летала во северниот округ Тулча, објави дневниот весник „Ла Разон“.

Според соопштението на романското Министерство за одбрана, два воени авиони Ф-18 од шпанските воздухопловни и вселенски сили, кои биле ангажирани во мисија за засилено набљудување на воздушниот простор во 57-та воздухопловна база „Михаил Когалничеану“, биле испратени да ја следат ситуацијата.

Акцијата била координирана за да се осигури дека нема влез во романскиот воздушен простор.

Тревогата за воздушниот простор завршила по полноќ без пријави за нарушувања на романскиот воздушен простор, пренесе Eуроњуз.

Властите потврдија дека ситуацијата е успешно ставена под контрола и дека не се потребни дополнителни мерки по проценката на заканата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неочекувано откритие: Соларните панели работат и на длабочина од 10 метри под морето

Научниците пронајдоа неочекуван начин за собирање сончева енергија десет метри под површината на Јужното Кинеско Море. 

Неочекувано откритие: Соларните панели работат и на длабочина од 10 метри под морето

Минатата недела тие објавија дека успешно тестирале соларни панели на длабочини кои претходно се сметале за несоодветни за оваа технологија, објавува Euronews. Панелите се дизајнирани да ги фаќаат оние бранови должини на сончевата светлина што продираат во морската вода. Истражувачите велат дека на крајот би можеле да овозможат долгорочно работење на подводна опрема без потреба од батерии.

Истражувањето, објавено во научното списание Joule, оди подалеку од претходните студии кои се занимаваа со длабочини од два метра или помалку.

Како работат соларните панели на длабочина од 10 метри

Една од најголемите пречки за производство на сончева енергија под вода е фактот дека сончевата светлина брзо слабее со длабочината. Водата на длабочина од 10 метри веќе апсорбира или расејува голем дел од сончевата енергија, но некои видови светлина продираат подлабоко од другите.

Според истражувачите, доволно сина и зелена светлина достигнува до таа длабочина за да произведе електрична енергија, па тимот развил соларни ќелии кои ја искористуваат максимално. Тие користеле материјали познати како перовскити. Тие се алтернатива на силиконот што се наоѓа во повеќето соларни панели и можат да се прилагодат за да апсорбираат различни бранови должини на светлината.

Резултати од тестовите и проценет век на траење

Во лабораториските тестови што симулираа услови на длабочина од 10 метри, ќелиите претворија околу 35 проценти од достапната сончева светлина во електрична енергија. Истражувачите потоа тестираа поголеми верзии на панелите во Јужното Кинеско Море.

На длабочина од два метра, панелите од 115 квадратни сантиметри произведоа 1.416 миливат-часови во текот на два часа, приближно половина од капацитетот на една AA батерија што може да се полни. На длабочина од 10 метри, тие произведоа 324 миливат-часови во истиот период, што е мала количина, но значително поголема од очекуваната.

По 1.160 часа во симулирани подводни услови, панелите воопшто не ја изгубија својата ефикасност. Врз основа на овие тестови, научниците проценуваат дека тие би можеле континуирано да работат на длабочина од 10 метри околу пет и пол години.

„Оваа работа е првата практична потврда дека подводните соларни ќелии функционираат на длабочина од приближно 10 метри, што значително го проширува нивниот опсег на примена“, рече авторот на студијата Вен-Хуа Жанг од Универзитетот Јунан и Јунајтед постдипломските студии во Кунминг.

Сончева енергија надвор од мрежата

Сончевата енергија, некогаш ограничена на покриви и отворени простори, сè повеќе се користи на места каде што пристапот до електрична енергија и гориво е тежок. Холандските истражувачи ја претставија првата амбуланта на сончева енергија во рурална Кенија претходно оваа година. Целта на проектот е да се обезбеди здравствена заштита и медицинска опрема за изолирани заедници без сигурен пристап до електрична енергија или гориво.

На норвешките острови Свалбард, сончевата енергија напојува оддалечена поранешна радио станица до која може да се стигне само со брод или хеликоптер, а претходно зависеше од дизел генератори. Други проекти наоѓаат простор за сончева енергија во рамките на постојната инфраструктура.

Во Швајцарија, панелите поставени помеѓу железничките пруги генерираат електрична енергија без да зафаќаат дополнително земјиште и можат да се отстранат за одржување на пругата.

Напојување на опрема на морското дно

Подводната сончева енергија би можела да реши друг проблем. Океанските сензори, камери и комуникациска опрема честопати работат далеку од извор на енергија, па затоа мора да се отстранат од морето кога ќе им се испразнат батериите.

Истражувачите веруваат дека технологијата што ја развиле би можела да обезбеди постојан извор на енергија за таква опрема. Сепак, прво мора да утврдат колку добро нивните панели работат на уште поголеми длабочини. Тие најавија дека нивниот следен чекор е да утврдат колку длабоко под површината на морето може да достигне сончевата енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер