Пиштолот на првиот Џемс Бонд може да достигне фантастична цена на аукција - Канал 5

Пиштолот на првиот Џемс Бонд може да достигне фантастична цена на аукција

Пиштолот Walther PP користен од Шон Конери во првиот филм за Џејмс Бонд ќе се најде на аукција следниот месец во Лос Анџелес и може да се продаде за 200.000 американски долари.

Пиштолот на првиот Џемс Бонд може да достигне фантастична цена на аукција

Шкотскиот глумец, кој почина минатиот месец во неговиот дом на Бахамите, одлично се справи со тој пиштол во филмот Др.Но од 1962 година.

„Силуетата на агентот 007 со пиштолот во рака е најпознатата слика од целата серија и една од најпрепознатливите во поп културата воопшто“, рече Мартин Нолан, извршен директор на аукциската куќа Julien's Auctions..

Претпоставените на Бонд во Др.Ноу му наредија да ја замени застарената италијанска Берета со германски Валтер, што тој неволно го сторил.

И во следните 25 филмови, различните верзии на Валтер остануваат омилен избор на Бонд за лично оружје.

Пиштолот ќе биде еден од 500-те филмски реквизити што ќе бидат понудени на аукцијата во Беверли Хилс на 3 декември.

Меѓу другите се кацигата што Том Круз ја носеше во „Топ Ган“ и кожната јакна на Арнолд Шварценегер од „Терминатор 2“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Брилијантниот Леброн „го „урна“ НБА шампионот

Еден од најдобрите светски кошаркари во историјата ѕвездата на Филаделфија, Леброн Џејмс дури и на 41-годишна возраст, во својата 24-та НБА сезона, не престанува да воодушевува. 

Видео: Брилијантниот Леброн „го „урна“  НБА шампионот

Легендарниот кошаркар одигра одличен натпревар за својот нов клуб и ги предводеше Филаделфија до победа од 98:93 против актуелните НБА шампиони, Њујорк Никс, во рамките на утринската програма во НБА .

Џејмс го заврши натпреварот со 20 поени, девет скока и осум асистенции, со што беше еден од најзаслужните за победата на Филаделфија.

Тој изгледаше особено импресивно во завршницата на натпреварот, кога ја презеде одговорноста и му помогна на својот тим да го скрши отпорот на домаќините. Го реши натпреварот во завршницата Никс се обидоа да направат пресврт во последната четвртина, а Џејлен Брансон погоди тројка за водство на Њујорк од 90:89, на минута и пол пред крајот. Но, тогаш на сцена стапи Џејмс. Тој возврати со кош и ѝ донесе ново водство на Филаделфија.

Џејмс во текот на натпреварот покажа дека сè уште може да доминира на двете страни од теренот. Во првото полувреме, тој моќно го проби Микал Бриџис и поентираше, додека во третата четвртина, во полн трк, го блокираше обидот на Оџи Ануноби.

На тој начин, Филаделфија оствари вредна победа на гостински терен, а најдобар стрелец во тимот беше Тајрис Макси со 27 поени. Во редовите на Никс, најефикасен беше Џејлен Брансон со 24 поени, но тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис

Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука, автор на Евангелието и Делата на апостолите и заштитник на лекарите и иконописците.

Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис

Свети Лука – лекар и прв христијански иконописец

Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во 70-те ученици на Исус. Бил верен следбеник на христовото учење и проповедал низ повеќе земји во светот. Особено по смртта на светите апостоли Петар и Павле тој христијанството го проповедал во Галија, Италија, Далмација, Македонија, Грција и други места.

Околу 60-та година го напишал евангелието, но напишал и други дела како што се Дела апостолски.

Маченичка смрт на 84-годишна возраст

Доживеал длабока старост но не се откажал од христовото учење. Според едни извори на 84-годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на царот Константин било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на Свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј.

Свети апостол и евангелист Лука бил лекар и зограф. Како добар живописец ја насликал и Богородица со малиот Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина новинарот Бранко Радовановиќ

Почина Бранислав Бранко Радовановиќ, истакнат македонски новинар, уредник и автор, кој со децении беше дел од медиумскиот живот во земјава.

Почина новинарот Бранко Радовановиќ

Радовановиќ е роден на 16 јуни 1947 во Битола. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград. Со новинарство се занимавал уште како средношколец пишувајќи за „Млад Борец“ и како студент и по дипломирањето работејќи за „Вечерње новости“ и како надворешен соработник во „Нова Македонија“. Од 1979 година работел како соработник во надворешно-политичката редакција на МТВ, а од 1985 како коментатор и во повеќе наврати уредник во оваа редакција. Неколку семестри бил асистент по теорија и практика на интердисцплинарните студии по новинарство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 1999 година работи во Документарната програма на МТВ. Во 2002 година станува уредник во Образовната програма на МТВ.

Некои од неговите поважни ангажмани како новинар и уредник се известувањата од поранешниот Советски Сојуз, од Заливската војна и од војната во Босна, за Македонците во Бугарија, Албанија и Грција.

Во 1994 година го доби признанието „Кристе Мисирков“. Бранислав Бранко Радовановиќ беше член на Советот за Радиодифузија од април 2009 година со мандат од 6 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер