3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
КултураПисатели читаа творби за Денот на СкопјеПисателите кои живеат и создаваат во Скопје денеска читаа творби, записи и кратки репортажи посветени на главниот град, во рамки на манифестација „Писателите за Скопје“, организирана од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).Оваа манифестација се одржува по повод 13 Ноември – Денот на Скопје. Претседателот на ДПМ, Христо Петрески во своето обраќање пред почетокот на манифестацијата рече дека Скопје поминал низ многу премержја, трауми, пожари, земјотреси и поплави, но е побогато со сите уметнички гласови, кој безмалку целиот свој живот го поминале во Скопје. -Ние денеска востановуваме. Покренуваме нова манифестација. Да потсетам дека ние имаме една манифестација „Празник на липите“, која е посветена на липата – еден од симболите на градот Скопје. Но, не можевме и не сакавме да го одминеме 13 Ноември – Денот на Скопје, рече Петрески. Тој напомена оти верува дека настанот во иднина ќе биде уште посодржаен, побогат, и ќе стане традиционален. -Верувам дека манифестацијата ќе продолжи да постои, затоа што мислам дека нема писател кој не пишува за градот во кој го поминува безмалку целиот свој живот. Најмалку е напор за нас да напишеме песна, расказ, запис, репортажа, пиеса или некој друг литературен жанр за овој град. Овој град секогаш одново и одново се обновува, па и ние сите помагаме овој град да биде некогаш поубав, некогаш погрд, додаде Петрески. Според секретарот на ДПМ, Васил Тоциновски кој беше модератор на манифестацијата, Скопје денес може да се пофали со една современа, квалитетна, творечка, етичка и естетска библиотека од песни раскази, романи, драмски текстови и есеи. Инаку, авторските прилози со кои настапија авторите на денешната манифестација, ќе бидат објавени во посебно дигитално издание на сајтот на Друштвото на писателите на Македонија./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКина и САД разговараа за царините и трговијатаКина и Соединетите Држави (САД) одржаа прв состанок на трговски совет во рамките на нивниот билатерален механизам за економски и трговски консултации, соопшти кинеското Министерство за трговија. Двете страни преку видео-врска разговараа за аранжман за взаемно намалување на царините – кој опфаќа стоки во вредност од 30 милијарди долари од секоја страна – како и за трговијата со земјоделски производи и други прашања, објави весникот *Global Times*. Во своето соопштение, кинеското Министерство наведе дека разговорите биле искрени и конструктивни. „Двете страни ќе продолжат да го користат овој совет за решавање на трговските прашања, проширување на соработката и намалување на преостанатите проблеми“, се додава во соопштението. Хе Јадонг, портпарол на кинеското Министерство за трговија, претходно изјави дека взаемното намалување на царините би можело да помогне во стабилизирање и проширување на вкупната трговија меѓу Кина и Соединетите Држави. Тој нагласи дека двете страни остануваат во близок контакт во врска со спроведувањето на договорот и го повика Вашингтон да соработува со Пекинг за да се осигура дека оваа трговска рамка наскоро ќе стапи на сила, со што ќе се олесни трговијата со земјоделски производи, пренесува Танјуг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураОскаровецот „Господин Никој против Путин“ на јубилејниот Медиумскиот фестивал Скопје Десеттото издание на Медиумскиот фестивал Скопје, во организација на Платформата за истражувачко новинарство и анализи - ПИНА, ќе се одржи од 17 до 19 ноември во Лабораториум. Јубилејното издание на единствениот македонски фестивал целосно посветен на медиумската работа повторно нуди богата филмска програма и интересни разговори на актуелни прашања врзани со новинарската задача. Како и секогаш влезот е слободен и отворен за сите кои се заинтересирани да добијат подлабок увид во работата на медиумите. Филмската програма е стандардно впеачатлив адут на МФС. За фестивалското отворање е закажан „Птици на војната“ каде ја гледаме храброста и човечноста низ комуникацијата и снимките направени директно од протагонистите - либанска новинарка со седиште во Лондон и сириски снимател, кои обелоденувајќи ја вистината успеваат да изртат и љубовна приказна во сенката на воената бруталност. Првата дискусија на десеттото издание на МФС е посветена токму на промените на медиумската сцена во последнава декада и предизвиците што ни се најавуваат во иднина. Непосредно пред разговорот ќе се прикаже и кратко ретроспективно видео за изминатите девет фестивалски изданија. Вториот фестивалски ден започнува со работилница за справување со стрес каде психотерапевтката Радмила Живановиќ ќе им отвори простор на учесниците да ги споделат предизвиците со кои се соочуваат и ќе им понуди начини за адекватна грижа за менталното здравје, особено за превенција од т.н. професионално согорување. Програмата за новинарки на ПИНА веќе пет години создава простор за поддршка, поврзување и зајакнување на жените во новинарството, а тие заложби се отсликани и во фестивалската програма на МФС каде во среда ќе се одржи дискусија за женскиот глас во јавната сфера и обработката на теми што особено ги засегаат жените. Во среда може да се погледнат „Укради ја приказнава, те молам!“ за непоколебливата легендарна новинарка Ејми Гудман, и „Демократија во мрак“ каде низ приказните за три храбри жени - новинарка, пратеничка од опозицијата и медицинска сестра, ја следиме трансформацијата на Унгарија од демократска земја во авторитарно владеење каде Орбан ја има апсолутната моќ. Последниот фестивалски ден започнува со работилница каде Маја Атанасова од Македонско здружение на млади правници ќе покаже на што да се внимава при потпишување договори и прифаќање ангажмани, како да се откријат стапиците кои може скапо да чинат и на каква правна заштита може да се потпрат новинарите. Дискусијата со која се заокружува фестивалот е со фокус на медиумската писменост, тема која сѐ повеќе се позиционира како неопходна не само за доаѓање до проверени информации, туку и воопшто за секојдневно функционирање во дигиталната ера. Со филмската програма повторно се враќаме во Унгарија со впечатливиот „80 гневни новинари“ што ќе се прикажува во четврток во 20 часот. Воениот известувач Андраш Фелдеш ја насочува камерата кон сопствената редакција и одблизу го документира распадот на еден од водечките медиуми во Унгарија. Од колективниот отказ на целиот тим во знак на протест поради нарушената уредувачка независност на медиумот, следи петгодишна борба за професионална автономија во општество кое активно ја гуши слободата. Фестивалот го затвора извонредниот „Господин Никој против Путин“, награден со Оскар за најдобар документарен филм за 2025 година. Снимките од едно руско училиште го откриваат длабокото влијание на режимот на Путин врз животот на обичните руски граѓани, особено врз децата, кои како пожелни регрути се директна цел на пропагандата. Учителот кој и покрај сите ризици успева да го сподели документираното, овозможува директен увид во инаку скриеното руско секојдневие, каде засилениот национализам полека го стивнува детскиот џагор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПогоден Кримскиот мост, сообраќајот со ограничувањеУкраина го погоди мостот што ја поврзува Русија со полуостровот Крим преку Керченскиот теснец, што доведе до ограничување на сообраќајот, изјави Сергеј Аксјонов, гувернерот на полуостровот поставен од Русија. Најдолгиот мост во Европа ја поврзува Русија со Крим, кој Москва го анектираше од Украина во 2014 година. Тој се смета за еден од најзначајните инфраструктурни проекти на рускиот претседател Владимир Путин. Во објава на „Телеграм“, Аксјонов не наведе детали за штетата, но изјави дека сообраќајот преку мостот ќе биде ограничен до денеска напладне. Каналот на „Телеграм“ „Кримски ветар“ (Crimean Wind), повикувајќи се на информации од своите следбеници, објави дека еден од сводовите – под кој поминуваат бродови – бил погоден во 5:38 часот по локално време. 🚨 BREAKING: Ukrainian forces strike the Crimean Bridge Traffic across the bridge has been restricted until midday. The attack was reported by Russian-installed Crimean leader Sergey Aksyonov. — NEXTA (@nexta_tv) November 16, 2026 Во моментов се проценува обемот на штетата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook