Пирс Броснан со емотивна порака ѝ го честита роденденот на сопругата (ФОТО)

Актерот Пирс Броснан ѝ посвети емотивна објава на сопругата Кили Шеј Броснан на социјалните мрежи по повод нејзиниот 49-ти роденден.

Тој објави фотографија на која Кили го гушка.

"Среќен роденден драга моја Кили. Те сакам многу. Толку многу години љубов, живот, работа и игра. Да продолжиме понатаму", напишал Пирс.

Актерот редовно покажува во јавноста колку ја сака својата сопруга. Многупати добивал коментари од негативци за изгледот на неговата сопруга, но секој пат ги бришел.

"Го обожавам секој дел од нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи. И затоа што ги роди нашите деца. Отсекогаш навистина ја сакав поради личноста каква што е, не поради нејзината убавина, а сега ја сакам уште повеќе затоа што таа е мајка на моите деца.Јас сум многу горд на неа и секогаш се трудам да бидам достоен за нејзината љубов“, им одговорил неодамна на скептиците.

Пирс Броснан и Кили се запознале во 1994 година, а парот се венчал по седум години врска. Заедно ги имаат синовите Парис и Дилан.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер