Шоу бизПирс Броснан ги воодушеви фановите: Ти си пример за сите мажи на овој свет (ФОТО)Актерот Пирс Броснан (70) сподели нова фотографија со сопругата Кили Шеј Смит (50).Брачната двојка позира во прегратка во ресторан, а ги усогласиле своите комбинации во сина боја. „Испраќаме љубов на сите“, напиша тој во описот на објавата. „Оваа слика ме прави да се чувствувам среќен“, „Најдраг пар“, „Вие двајца сте реткост“, „Слатки сте“, „Изгледате одлично“, „И ние ви испраќаме љубов“, напишале неговите следбеници, а еден обожавател со коментар го украде центарот на вниманието и го потврди мислењето на многумина ширум светот. „Вие сте пример за сите мажи на овој свет. Прекрасен е начинот на кој ја сакаш сопругата, начинот на кој ја покажуваш својата љубов кон целиот свет. Вашата сопруга е сакана и благодарение на таа љубов таа станува сѐ поубава и поубава. Ја направивте кралица! Господ да ве благослови“, напишал следбеникот. Кили Шеј и Пирс се во брак 22 години и ја имаат една од најубавите љубовни приказни во светот на славните. Тие се запознале во 1994 година во едно кафуле во Мексико, а актерот тогаш минувал низ тежок период. Неговата прва сопруга Касандра Харис, со која беше во брак 11 години, почина три години претходно од рак на јајниците. View this post on Instagram A post shared by Pierce Brosnan (@piercebrosnanofficial) Актерот со Касандра го има синот Шон, а ги посвоил и нејзиниот син Кристофер и ќерката Шарлот. Броснан често нагласувал колку Кили му помогнала да помине низ тежок период и дека го спасила од депресија, а исто така нагласувал колку му помогнала кога неговата ќерка Шарлот починала од рак на јајниците во 2013 година на 42-годишна возраст, исто како нејзината мајка Касандра. "Таа ја има таа сила во себе без која не би можел да живеам. Кога ќе ме погледне, целосно се разнежнувам. Да барав милион години, немаше да можам да најдам жена како Кили", изјави актерот во едно од интервјуата. Актерот низ годините се соочувал и со медиумски напади врз сопругата бидејќи се здебелила, притоа нагласувајќи дека „не му треба никаков супермодел, туку вистинска жена“. "Ја сакам нејзината виталност, нејзината страст. Кога Кили ме гледа, тоа секогаш ме оттргнува и ме прави да се чувствувам слаб во колената", објаснил Пирс еднаш. Тој призна дека не само јавноста ја коментира фигурата на неговата сопруга, туку и нивните пријатели. Тој рече дека еднаш дури ѝ понудиле да и платат операција за намалување на килограмите, но тој бил категорично против тоа. View this post on Instagram A post shared by Pierce Brosnan (@piercebrosnanofficial) „Ја обожавам секоја облина на нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи. И затоа што е мајка на нашите деца. Во минатото навистина ја сакав поради личноста каква што е, не само поради нејзината убавина, сега ја сакам уште повеќе како мајка на моите деца.Многу сум горд на неа и секогаш се трудам да бидам достоен за нејзината љубов“, изјави актерот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook