СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
1СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
3АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
СветПињо: ЕУ не сака да предвидува што би правела некоја Администрација која не е ни формирана ЕУ навистина не сака да предвидува што ќе прави новата американска Администрација предводена од идниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави денеска главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо.- Зборуваме за Администрација која се уште не е формирана и ако и кога ќе биде формирана, тогаш ќе се навратиме на тоа, рече Пињо, во одговор на прашања поврзани со предизвиците со кои би можела да се соочи ЕУ поради одредени постапки на идната Администрација на САД. Запрашана дали Европската комисија има контакти со идната американска Администрација, Пињо потсети дека веднаш по изборите во САД највисоките претставници телефонски разговор со Трамп. - Оттогаш немаше такви контакти..., но ние, се разбира, многу набрзо ќе контактираме со новата Администрација, рече Пињо, додавајќи дека не е планирано претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен да присуствува на церемонијата на стапувањето на должност на Трамп на 20 јануари во Вашингтон. Запрашана дали Фон дер Лајен одбила да присуствува на церемонијата или пак воопшто не била поканета, Пињо само повтори дека „нема планови за присуство“. - Ако добие покана тогаш ќе видиме, но во моментов нема такви планови, рече Пињо. Во однос на заканите на Трамп околу данскиот остров Гренланд, портпаролот на Европската комисија меѓу останатото задолжен и за економска сигурност и трговија Олоф Гил изјави дека ЕУ е подготвена за трговските и сите други можни аспекти „што ќе произлезат од ноемвриските претседателски избори во САД“. - Изминатава година се подготвувавме за тоа и ги имаме алатките, вклучително и алатките за трговска одбрана, што можеме да ги употребиме доколку е потребно за да ги браниме нашите легитимни интереси, рече Гил. Тој повтори дека примарна намера на ЕУ е да најде области на меѓусебна соработка со администрацијата на Трамп за „доброто на нашите народи и економии“. - Доколку некоја земја членка биде предмет на нефер трговски мерки или економски практики, ние имаме алатки за да одговориме. Се надевам дека тоа е доволно јасно, но не навлегуваме во нешто хипотетички надвор од тоа, додаде Гил. На прашање дали ЕУ е подготвена да прекине со користење на американска информатичка технологија, како на пример програми на „Мајкрософт“, доколку се покаже дека таа не е сигурна, портпаролот на ЕК за технолошки суверенитет, одбрана, Вселената и истражување, Тома Рение изјави дека Унијата веќе презела неколку чекори за да ја зајакне својата стратешка автономија и да може да одговори на евентуални предизвиците што би дошле од САД. - Преземаме чекори од наша страна за да се осигураме дека сме стратешки автономни, рече Рение. Во однос на тоа дали ЕУ е подготвена да преземе поголема улога во однос на Украина, доколку во иднина Белата куќа го промени својот став кон поддршката на земјата, портпаролката на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер изјави дека Унијата верува оти новата американска Администрација на руската агресија, исто така, гледа не само како на проблем на Европа, туку и како на предизвик за меѓународниот поредок. - Ова војна може да запре утре или дури и уште денеска, доколку агресорот го сака тоа. Па ако нашите сојузниците се способни да стават крај на оваа агресија, тоа би било поздравено, рече Хипер. Фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта претходно на Икс објавија идентична порака дека САД се еден од најблиски партнери на Унијата и дека таа е посветена на зајакнување на трансатлантската врска. - За нас во ЕУ од суштинско значење е да ги заштитиме и зајакнеме нашите основни демократски вредности, да ја направиме нашата економија поконкурентна и одржлива, да ја прошириме нашата глобална мрежа на партнерства и да инвестираме повеќе во нашата безбедност, се истакнува во објавата. Кошта и Фон дер Лајен нагласуваат дека ЕУ секогаш ќе ги штити своите граѓани и интегритетот на европските демократии и слободи. - Со нетрпение очекуваме позитивен ангажман со идната американска Администрација, врз основа на нашите заеднички вредности и заеднички интереси. Во еден суров свет, Европа и САД се посилни заедно, се додава во идентичната објава на Кошта и Фон дер Лајен./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаСДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката. Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија. Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС. Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата. На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи. Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески. Во исто време нема реакција на обвинителството. Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа. Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија. Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски? Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач. Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда. На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката. Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски. Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионкаАмериканскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е кинески шпион.Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг. Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“. Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца. Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook