Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите
1Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите
3СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на Михаилова
Други спортовиПингпонгарката Бојана Јовевска од Пехчево освои златен медал на Меѓународниот турнир Приштина Опен 2025Пингпонгарката Бојана Јовевска од Пехчево освои златен медал на Меѓународниот турнир во пинг понг Приштина Опен 2025. Јовевска се натпреваруваше во категорија за пингпонгарки до 13 години во која е и Државен првак на Македонија. Младата пехчевка со пинг понг започнала да се занимава во својот роден град, но по престанувањето со работа на клубот, тренира во ППК „Зегин" во Берово, каде со макотрпна работа под водство на тренерот Јован Ковачовски ги бележи најдобрите резултати. -Јас претходно тренирав во Пехчево во мојот град. Но клубот таму се растури и јас сакав да продолжам. И наидовме на клубот ППК Зегин Берово. Јас се запишав таму и тренирам веќе 2,5 години. Одиме често на натпревари сега е сезоната. Најголема желба ми беше да отидам на Балканско првенство. Инаку до 13 години јас сум Државен првак на Македонија во пинг понг, изјави Јовевска за МИА. На турнирот во Приштина денес свој настап ќе имаат и останати претставници на клубот од Берово, кој по само неколку години од формирањето има постигнато одлични резултати. -Денес продолжуваме во У 11 категорија, со Јован, Филип, Марко и Михаела, а во Сениори од македонската екипа останаа Изабела Ковачовска и Амелија Уце, кои влегоа во 16-те најдобри и денес играат осмина финале, додаде тренерот Ковачовски. Оттаму се заблагодарија за поддршката на сите кои помогнаа претставниците од клубот од Берово да настапат на овој реномиран меѓународен турнир. Тагови: Бојана Јовевска Пехчево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Таа има 54 години, а сите сè уште ѝ се восхитуваат на фигурата: „Леле, какви нозе!“Славниот топ модел, Хајди Клум повторно позираше во провокативно издание, но овој пат за потребите на промовирање на нова линија долна облека од познат италијански бренд.Поранешната манекенка Хајди Клум повторно е заштитно лице на италијанскиот бренд „Калцедонија“ (Calzedonia). Таа се појави во нова кампања и уште еднаш го привлече вниманието на јавноста со своите смели изданија. Речиси секојдневно таа му покажува на светот дека го обожава своето тело на 54-годишна возраст, па така, оскудната облека, па дури и фотографиите на кои е без горниот дел од облеката, за неа не претставуваат никаков проблем. Напротив – нејзините профили на социјалните мрежи се полни со такви објави! За оваа пригода, таа позираше во две изданија, при што и во двете акцентот е ставен на чипката. На едната фотографија таа носи бордо боди и чорапи, а на другата позира во црн чипкаст комбинезон, под кој се гледа црна долна облека.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео- фото: Сабаленка објави секси видео во бикини: Сите гледаа како Ари танцуваЕдна од најдобрите светски тенисерки, атрактивната Арина Сабаленка привлече големо внимание на социјалните мрежи откако објави провокативно видео. Во преден план беа нејзините прекрасни облини и харизматичен изглед.Арина Сабаленка привлекува големо внимание од јавноста, како на теренот, така и на социјалните мрежи. Таа е често активна на Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и професионален живот, а нејзините атрактивни модни изданија го привлекуваат вниманието на светската јавност. Таа неодамна објави провокативно видео на своето „Инстаграм стори“ на кое танцува. 28 yaşındaki Belaruslu tenis yıldızı Aryna Sabalenka, kortların dışında da enerjisi ve neşeli tavırlarıyla dikkat çekti. https://t.co/t1Eifve1mr — Daily Magazin (@daily_magazin) October 11, 2026 За таа прилика, носеше црн едноделен костим за капење што ја истакнуваше нејзината фигура, а изгледот го надополни со црни очила – омилениот моден додаток на денешните трендсетери. Судејќи според видеото, Арина беше очигледно добро расположена, а нејзините обожаватели можеа да ја почувствуваат и онаа посебна харизма што ја краси. Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПолицијата во Германија заплени робот кој сексуално нападнал девојче?!Германската полиција покрена истрага откако робот, управуван од двајца млади мажи, наводно сексуално вознемирил 16-годишно девојче во Келн. Инцидентот се случил доцна вечерта во неделата, на 11 октомври, пред ресторан за брза храна во овој град во западна Германија. Според полициското соопштение, роботот – висок околу 120 сантиметри – ѝ пришол на девојката одзади, ја допрел по задникот и извел сексуално сугестивни движења. Во тој момент, девојката била во друштво на две пријателки, на возраст од 17 и 18 години. Според Си-Ен-Ен (CNN), полицијата се сомнева дека со роботот управувале неговиот шеснаесетгодишен сопственик и неговиот деветнаесетгодишен пријател. Истражителите наведуваат дека двајцата го снимале настанот и го емитувале во живо на социјалните мрежи. Полицијата пристигнала на местото на настанот кратко потоа и ги пронашла младите момчиња. Роботот бил пронајден во багажникот на автомобил и потоа одземен како доказ. Исто така, биле одземени и мобилните телефони на осомничените. Истражителите сега се обидуваат да утврдат дали движењата на роботот биле однапред програмирани или дали младите момчиња директно управувале со него за време на инцидентот. На интернет се појави и видео на кое се гледа како роботот носи бел елек, златно ланче и очила за сонце. На снимката се гледа како тој им приоѓа на жени на улицата и прави сексуално сугестивни движења. Полицијата ги истражува околностите на инцидентот и потенцијалната кривична одговорност на лицата кои управувале со уредот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter