Пилотот на хеликоптерот во кој загина Брајант бил предупреден дека лета прениско - Канал 5

Пилотот на хеликоптерот во кој загина Брајант бил предупреден дека лета прениско

Светскиот спорт е завиен во црно. Коби Брајант еден од најдобрите кошаркари во историјата загина во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес. 

Пилотот на хеликоптерот во кој загина Брајант бил предупреден дека лета прениско

Покрај Коби во несреќата загинаа и неговата 13- годишна ќерка Џијана и уште шест патници и пилотот.

41 годишниот Брајант со ќерката Џијана со својот приватен хеликоптер одел на натпревар каде што требало да биде специјален гостин. Но, хеликоптерот поради лошите временски услови, густа магла удрил во планина и се запалил.

Според американските медиуми хеликоптерот неколку пати ја менувал висината и кружел, најверојатно чекајќи густата магла да се подигне.

Пилотот на хеликоптерот пред да се удри во ридот бил предупреден дека лета опасно ниско, со брзина од речиси 300 километри на час, објавија американските медиуми.

Американскиот ФБИ веднаш по несреќата во која трагично загинаа 6 возрасни и три малолетни лица меѓу нив се и легендарниот Коби Брајант неговата ќерка отвори истрага и го истражува местото на падот на хеликоптерот.

Коби Брајант светскиот спорт ќе го памети како еден од најдобрите кошаркари во историјата. Освои 5 шампионски прстени во НБА, со репрезентацијата на САД стигна до олимпиското злато.

Од популарната „црна мамба“ се простува не само НБА кошарката во која Брајант освои многу титули и лични признанија туку и светски политичари, спортисти, актери пејачи и многу познати личности.

Неговиот соиграч од шампионските денови во Лејкерси Шекил Онил за трагичната несреќа напиша .

-Ја загубив мојата другарка Џијана и мојот брат Коби.

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси истакна дека е горд што го познавал.

Новак Ѓоковиќ секогаш ќе се сеќава на својот ментор и пријател.

-Никогаш нема да ја заборавам неговата насмевка.

Најголемиот меѓу големите Мајкл Џордан за загубата на својот легитимен наследник на теренот напиша.

-Го сакав Коби. Ми беше помал брат. Често зборувавме и тие разговори сигурно ќе ми недостасуваат.

Неутешни се и фановите кои веднаш по трагичната несреќа се собраа пред домот на Лејкерси Стејплс Центарот во Лос Анџелес за заедно да тагуваат

Кошарката беше негова опсесија целиот живот, 20 години беше дел од најдоброто светско првенство. Ова опсесија тој ја пренесе и на неговата ќерка Џијана која тргна по стапките на својот славен татко.

Инаку Кобе Брајант повеќе од 20 години беше во брак со Венеса со која имаше четири ќерки.

НБА синоќа не можеше да ги откаже предвидените натпреварите по трагичната смрт на легендарниот Брајант но кошаркарите и навивачите секој на свој начин му оддадоа почит на големиот Коби.

Многу од кошаркарите настапија во патики на кои пишуваше Коби.Тимот на Далас во чест на легендарниот Коби го повлече дресот со број 24, Феникс и Мемфис во првите 24 секунди од мечот со стоечки овации се разделија од трагично загинатиот Брајант.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер