Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
Шоу бизПике ѝ се изнасмеа на песната на Шакира: Сега Касио ни е спонзор (ВИДЕО)Жерар Пике ја исмејуваше својата поранешна партнерка Шакира и нејзината нова песна во шоуто кое за два дена собра 92 милиони прегледи.Имено, Пике основал група во која инфлуенсери и поранешни фудбалери играат фудбал наречена The Kings League, а за време на емисијата во која зборуваше за лигата, тој се осврна на песната на Шакира во која пејачката вели дека „заменил Rolex за Casio “. „Имам голема најава. Касио ни подари часовници. Имаме договор со Касио, тие ја спонзорираат оваа лига“, изјави Пике додека останатите во студиото гласно се смееја. „Се шегуваш“, додаде еден од гостите. „Не, не, сериозен сум, ги испратија сите по еден час“, рекол фудбалерот. „Зошто се приклучи Касио? праша еден од учесниците. „Поради песната на Шакира“, веднаш одговори Серхио Агуеро, пензиониран аргентински фудбалер кој се јави преку видео, а сите уште посилно се насмеаа. @flufffyduck el presidente 😂😂 #shakira #pique #bizarrap #kingsleague #ibai #barcelona #fyp #foryou ♬ original sound - ISVA Потсетуваме, новата песна на Шакира за само еден ден беше преслушана 63 милиони пати, со што го собори рекордот како најслушана латиноамериканска песна на Јутјуб, а со оваа песна пејачката се најде на листата на најслушани латино Американски уметници кои исто така соборија рекорди на YouTube, како Џеј Балвин, Луис Фонси и Деди Јенки. „Ме остави како сосетка на мојата свекрва, со новинари на врата и долг во банка. Мислеше дека ќе ме повредиш, но ме направи уште посилна. Жените не плачат, жените плаќаат“, е текстот на новата песна на Шакира упатен до Пике. Со песната Шакира му испрати јасна порака на бившиот сопруг, кој наводно ја изневерувал со сегашната девојка Клара Чиа: „Бејби, ти посакувам сѐ најдобро со мојата замена, не знам што ти се случи, но замени Ферари за Твинго, замени Ролекс за Касио...“ Да потсетиме, Пике реагираше на новата песна на Шакира на Твитер, а на неговата мајка ѝ се допадна песната во која пејачката го клевети нејзиниот син.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ЗдравјеСекој втор возрасен, а секој петти малолетник пуши, бројот постојано растеВо просек секој граѓанин кој пуши цигари во просек троши по 600 евра, скоро 50 % од возрасните граѓани во Македонија пушат цигари, загражувачки е што и деца на 14 годишна возраст користат производи со тутун.Во просек секој граѓанин кој пуши цигари во просек троши по 600 евра, скоро 50 % од возрасните граѓани во Македонија пушат цигари, загражувачки е што и деца на 14 годишна возраст користат производи со тутун и треба поголема контрола за проджба на производи со тутун и експонираноста на производите кои се многу блиски како избор во продажбата, објаснуваат од Аналитика тинк-тенк. Како еден од ефектите за откажување од цигари е цената на цигарите, за скоро 47% е оваа причина, и 36% проценти се откажале заради лекарски совет. Она што е важно е носење на законот за забрана за пушење, што е во комисика процедура скоро девет месеци. Постапката во Собранието трае поради разгледување амандмани и барање дополнителни мислења од домашни експерти, велат членови на комисијата. Шефот на канцеларијата на СЗО, Аким Али со став, цигарите од различни категории треба да се поскапат, за да станат недостапни за младите. „На младите луѓе не им треба да им се дозволи да пушат цигари и да користат тутунски производи. Кога ќе поминам покрај училиште и гледам како млади луѓе пушат, а пушат и нивните наставници, е многу загрижувачки за мене“, Аким Али Шеф на канцеларија на СЗО. Според истражувањата, за скоро 18 проценти цигарите станале подостапни во одност на просечната плата, бидејќи палтите растеле побрзо од цената на цигарите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ ја поднесе интерпелација за гувернерот Трајко СлавескиПратениците на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието ја поднесоа интерпелацијата за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески за Алта банка.Со интерпелацијата бараме да се утврди политичка одговорност за постапувањето на гувернерот Славески во скандалот со Алта банка. Интерпелацијата се однесува на постапката во која Славески и Народната банка дале претходна согласност Алта банка АД Белград да стекне квалификувано учество во тогашната Стопанска банка АД Битола. Бараме одговор кои проверки биле направени за инвеститорот, сопственичката структура и потеклото на капиталот, како биле проценети ризиците за депонентите и врз основа на што била дадена согласност за именување на Давор Мацура во Надзорниот одбор на банката во Битола. Славески треба да одговори и што разговарал со премиерот Христијан Мицкоски за влезот на Алта банка со неговите „консултации“. СДСМ очекува Собранието да расправа по интерпелацијата и да утврди политичка одговорност, а Јавното обвинителство да постапи по веќе поднесените кривични пријави за скандалот со Алта банка.Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСредби на Гаши во Загреб: Соработка и европска перспективаГаши оствари средба со Претстедателот на Република Хрватска, г. Зоран Милановиќ.Во рамкте на официјалната посета на Република Хрватска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Африм Гаши, придружуван од претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Хрватска, Благица Ласовска, и членовите на Групата, Димитар Ковачевски, Каљтрина Беќири и Сали Мурати, остварија средба со Претстедателот на Република Хрватска, г. Зоран Милановиќ. На средбата, беше нагласено значењето на партнерските односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска, како и дека двете држави негуваат пријателски односи и споделуваат заеднички заложби за унапредување на билатералната соработка во повеќе области. Во однос на европската интеграција, претседателот Гаши ја потврди стратешката определба на Република Македонија за полноправно членство во Европската Унија а воедно посочи дека е и важно да се зачувува предвидливоста и кредибилитетот на процесот на проширување на Европската Унија, со доследна примена на принципот на строга, но правична условеност и вреднување на напредокот врз основа на постигнатите резултати и исполнувањето на Копенхашките критериуми. Во делот на регионалната соработка, беше истакната заедничката заложба за унапредувањето на регионалната соработка и добрососедските односи. Беше нагласена определбата отворените прашања да се решаваат преку дијалог и компромис, врз основа на заемно почитување имајќи ја предвид заедничката одговорност за стабилноста и напредокот на регионот. Програмата на официјалната посета предвидуваше и средба со министерката за регионален развој и фондови на Европската Унија на Република Хрватска, г-ѓа Наташа Микуш Жигман. На средбата претседателот Гаши информираше дека Република Македонија активно е вклучена во спроведувањето на Новиот план за раст за Западен Балкан, кој претставува значаен инструмент за забрзување на реформските процеси, поттикнување на економскиот развој и постепено приближување кон единствениот пазар на Европската Унија. Понатаму, беше изразен интерес за натамошно продлабочување на соработката со Република Хрватска и размена на искуства во областа на програмирањето, управувањето и користењето на фондовите на Европската Унија, особено во контекст на обврските и можностите што произлегуваат од процесот на пристапување. Воедно, беше нагласено значењето на хрватските искуства и добри практики во подготовката и спроведувањето на развојни проекти финансирани од ЕУ, со посебен акцент на јакнењето на административните капацитети како предуслов за поефикасно искористување на европските фондови.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook