3Унгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
КултураПијано-концерт за четири раце и ликовна изложба вечерва на „Охридско лето“Деветнаесеттиот дел од фестивалот „Охридско лето“ резервиран за две интересни содржини со концерт за четири раце на пијано во црквата „Света Софија“ во изведба на шпанските уметници Софија Кабруха и Карлес Лама и тематска изложба „Мандала“ на нашата уметничка Соња Чингарова – Фотева. Пијанистите Кабруха и Лама се познати по неверојатната синхронизираност, брилијантната техника, како и одличното познавање на сите жанрови во уметничката музика. Заедно музицираат уште од 1987 година. На нивниот репертоар се наоѓаат речиси сите големи дела за четирирачно пијано, уште од времето на Јохан Себастијан Бах, па сè до делата од 21-виот век, како и дела специјално компонирани за низ. Нивната активна изведувачка дејност ги носи на најпрестижните музички сцени, каде често соработуваат со некои од најзначајните светски оркестри и диригенти. На програмата на вечерашниот концерт со почеток од 21 часот се дела на М. Мошковски, Д. Басомба, Е. Гранадос. Во Големата изложбена сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20 часот ќе биде отворена тематската изложба „Мандала“ со дела на нашата уметничка Сања Чингарова – Фотева. Фотева е автор е на повеќе самостојни изложби од 1993 година па сè до денес во Македонија и надвор од неа. Фокус на нејзиниот интерес и проучување се различните културни наследства и филозофии кои ги преточува во своите сликарски дела. Кога станува збор за нејзината вечерашна изложба, „Мандала“ е слика на круг и квадрат, динамичка претстава на односот помеѓу трансцедентното, вечното, божественото, кон кое човекот природно тежнее, и земното, временското, материјалното, во кое се наоѓа сега. Мандалата со својата складна конфигурација на спротивности, ги спојува патувањето со неговата цел, внатрешното и надворешното, кругот и правоаголникот, средиштето и периферијата, небото и земјата, различноста и единството на сè во универзумот. Ликовниот јазик на Соња Чингарова Фотева ја репостулира фината, драматичната и аналитичната природа на позивот на уметноста. Строгото и крајно сериозно поставување на структурите на композицијата која еманира познати симболи во деликатната и минуциозна динамика и „обработеност“ на сликарските елементи (цртежот, бојата, текстурата) ја манифестира интенцијата на уметницата, во својата творба да ја надмине редундантноста на приказот на интенција со тривијална идејна содржина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПобедата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за заканаИзраелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, предупреди на непосредна егзистенцијална закана за еврејската заедница во Берлин откако крајнолевичарската партија Левица победи на регионалните избори во германскиот главен град.Тој кажа дека Левица, наследничка на комунистичката партија што владееше со поранешна источна Германија, покажала „апсолутно неконтролиран антисемитизам“. „ За еврејската заедница во Берлин, теоретската закана станува конкретна и непосредна егзистенцијална опасност“, рече Просор. Со победата на Левица, нејзината водечка кандидатка, 45-годишната Елиф Ералп, би можела да стане првата градоначалничка на Берлин од редовите на оваа партија и прва со турско потекло.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Канада, Анита АнандНа маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Њујорк оствари средба министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд.Во годината кога се одбележуваат 30 години дипломатски односи, соговорниците ја потврдија цврстата основа на македонско-канадското партнерство и заедничкиот интерес за негово натамошно продлабочување. Беше истакнато и значењето на бројната македонска заедница во Канада, која претставува важен мост и дополнителна вредност во односите меѓу двете земји. На средбата стана збор и за унапредување на политичката и економската соработка, со посебен фокус на можностите за зголемување и диверзификација на трговската размена. Двајцата министри ја потврдија блиската соработка и меѓусебната поддршка во рамките на мултилатералните организации, особено во Обединетите нации и НАТО, како и заедничката посветеност на стабилноста и меѓународната безбедност, соопштуваат од МНРиНТКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУнгарец во повеќе торби сокрил девизи, Царината спречи обид за нелегален внес на 200.000 евра на Табановце Спречен обид за нелегално внесување на непријавени девизи во висина од 200 илјади евра, откако унгарски државјанин на влез во државава, на граничниот премин Табановце, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници.Поради постоење сомнеж, возилото било селектирано за контрола и извршен е детален преглед при што помеѓу менувачот во ташна била пронајдена црна платнена торбичка со девизни средства во вкупен износ од 65.000 евра. При понатамошниот преглед во ранец кој се наоѓал на задното седиште била пронајдена мала црна торбичка која била покриена со компјутер во која имало 37.650 евра. Во куфер кој исто така се наоѓал на задното седиште, помеѓу гардеробата била пронајдена уште една црна торбичка со 97.350 евра. Од вкупно пронајдените непријавени парични средства во износ од 200.000 евра на патникот му се вратени 10.000 евра согласно Законот за девизно работење, додека останатите 190.000 евра се задржани со Потврда за задржани средства. Против сторителот е поднесена соодветна прекршочна пријава, соопшти Царинската управа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook