Димитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционери
Мигранти се обидоа илегално да влезат во Обединетото Кралство: Дури 230 луѓе го преминале Ламанш во еден чамец
1Димитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционери
2Мигранти се обидоа илегално да влезат во Обединетото Кралство: Дури 230 луѓе го преминале Ламанш во еден чамец
3МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми
3МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа
РецептиПИЈАН КРАПРецепт на: Светлана ЈакимовскаПотребни состојки: 1 свеж крап, 5 компири, 200 мл. сок од портокал, 250 мл. бело вино, 3 лимони, 2 портокала, 50 гр.путер, 100 гр. кашкавал, 4 чешни лук, малку малиново масло, малку сончогледово масло, малку магдонос, 200 гр. ориз, малку марула, 2-3 лажички сол и малку зачин од сув зеленчук. Постапка: 2 компира се сечат на поголеми парчиња и се редат во тепсијата. Врз компирот се става исчистен свеж крап и се посолува. Крапот се попрскува со маслиново масло и се засекува по целото тело. Врз горниот дел од крапот се ставаат парчиња портокал а во засеците парчиња лимон и се полева со сок од портокал. Во внатрешноста на крапот се става неколку чешни лук и малку магдонос и се полева со бело вино. Крапот се пече во загреана рерна околу 70-90 минути. Додека се пече крапот се подготвува прилогот. Три компири се чистат и се засекуваат до пола по целата должина. Се редат во тепсија и се зачинуваат со зачин од сув зеленчук. Во засеците се ставаат ленти од путер. Компирите се полеваат со маслиново масло, врз нив се реди сечкан кашкавал и се печат во загреана рерна. Откако ќе се испече крапот се декорира со: печен компир, варен ориз, лимон, портокал и марула. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
ЖивотБелгиски нуркач пронашол необично богатство во потонат брод Неверојатно откритие во близина на брегот на Довер го привлече вниманието и на експертите и на љубителите на историјата. Белгискиот нуркач и подводен фотограф Стеф Панис открил гајба со недопрени шишиња пиво и џин во остатоците од брод што потонал во 1864 година кај Довер, во југоисточна Велика Британија; едно шише со етикета „Guinness London“ привлече меѓународно внимание, а компанијата „Гинис“ изјави дека би сакала да го испита во својата лабораторија. Нуркачот го открил потонатиот брод „Миндоро“ на длабочина од 25 метри и внатре пронашол гајба со шишиња, меѓу кои и едно од познатиот бренд за пиво, пренесува фламанскиот радиодифузер VRT. „Ова шише ми го привлече вниманието бидејќи, исто како шише шампањ, имаше некаков вид капаче на врвот“, изјавил Панис. Тој истакнал дека на шишето со пиво, кое 162 години лежело на морското дно, стоела етикетата „Guinness London“ – што е особено интересен детал со оглед на тоа што пивото „Гинис“ се произведува во Ирска, а не во Лондон. Панис објасни дека од компанијата „Гинис“ дознал оти, во времето кога потонал бродот, вообичаена практика било пивото да се транспортира во буриња до разни локации – вклучително и Лондон – за таму да се флашира и дистрибуира. „Миндоро“, бродот во чија близина биле пронајдени шишињата со алкохол стари 162 години, бил дрвен едреник што превезувал колонијален товар на пат кон Ванкувер. Покрај остатоците од бродот, на морското дно биле пронајдени и прибор за јадење, чинии, бројни шишиња вино, пиво и џин, како и делови од пушки и воени ремени. „Таму [во Ванкувер] бил стациониран полк на британската армија, а бродот превезувал залихи за нив. Нуркањето до остатоците од бродот е како патување низ времето, така да се каже“, рече Панис.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18
МакедонијаДимитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционериДимитриевски најави дека ЗНАМ нема да се крие зад партиски фрази и дневнополитички оправдувања, туку ќе покаже конкретни резултати.Претседателот на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во вечерашното гостување во „Вести плус“ на Канал 5 порача дека ЗНАМ продолжува директно и отворено да разговара со граѓаните и да покажува што значи одговорна политика, особено преку теренскиот караван кој во изминатиот период ги поврза раководството, функционерите и членството на движењето со граѓаните низ целата држава. Димитриевски најави дека ЗНАМ нема да се крие зад партиски фрази и дневнополитички оправдувања, туку ќе покаже конкретни резултати. „Некаде средина на септември до почетокот на октомври ќе објавиме комплетен извештај за работењето на сите наши партиски функционери во сите сегменти, во сите министерства, директорати и буквално секаде кадешто делуваме. Да знаат и нашите членови и граѓаните на Македонија што тоа функционерите на ЗНАМ имаат сработено во изминатите две години“ порача Димитриевски. Тој нагласи дека за ЗНАМ најважно е политиката да се мери со работа и резултати, а не со анкети, политички конструкции и медиумски наративи. „Најдоброто јавно мислење е на избори. И тоа кога и да се, ние сме подготвени“ порача претседателот на ЗНАМ. Говорејќи за државните интереси и европската интеграција, Димитриевски беше јасен дека ЗНАМ останува на својот став дека јазикот, културата, идентитетот и историскиот континуитет на македонскиот народ не смеат да бидат предмет на политички пазарења. Во однос на уставните измени, тој повтори дека ЗНАМ цврсто стои зад моделот на уставни измени со одложено дејство, односно нивните ефекти да настапат по полноправното членство на Македонија во Европската Унија. „Јазик, култура, идентитет, историја, никој не смее да чепне во тоа. Што се однесува до францускиот предлог или европскиот предлог, тој за нас не е прифатлив“ истакна Димитриевски. Тој порача дека Македонија мора да продолжи да разговара со европските партнери и да бара решение, но решение во кое државата нема повторно да биде изложена на дополнителни блокади и условувања. Димитриевски истакна дека ЗНАМ во Владата останува коректив одвнатре, особено кога станува збор за прашања што ги засегаат државните симболи, националниот идентитет и принципите на кои се темели државноста. Во пресрет на 35 годишнината од независноста, претседателот на ЗНАМ упати порака дека државата мора да се гради со чувство на припадност, одговорност и гордост. „Ние како политичка гарнитура треба да ги направиме младите генерации и горди Македонци“ порача Димитриевски, додавајќи дека Македонија мора да биде држава во која сите граѓани ќе имаат еднакви права и еднаква одговорност кон нејзината иднина. ЗНАМ ќе продолжи да комуницира директно со граѓаните и да работи за граѓаните, затоа што политиката за ЗНАМ не е работа само за избори, туку секојдневна обврска да се слушне народот, да се презентира сработеното и да се понуди решение за иднината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалХулијан Алварез се врати во Атлетико Мадрид и се приклучи на подготовкитеХулијан Алварез се врати во Атлетико Мадрид и се приклучи на подготовките за новата сезона, и покрај тоа што сакаше да си замине.Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Аргентинецот, Хулијан Алварез, се појави во тренинг-центарот на клубот и им се приклучи на соиграчите во подготовките за новата сезона. Иако за време на Светското првенство јавно изјави дека сака да си замине, 26 годишниот Алварез сепак постапи професионално и се одзва на поканата на клубот да продолжи со работа по паузата. Атлетико Мадрид објави фотографии од играчите кои овој понеделник се приклучија на подготовките – Алварез, шпанските репрезентативци Маркос Љоренте и Алекс Баена, како и голманот Хуан Мусо. „Во наредните денови, четворицата ќе работат според посебен план за тренинг пред да му се приклучат на тимот“, беше соопштено. Сепак, ситуацијата со Алварез сè уште не е решена и неизвесно е како ќе се одвиваат работите. Летово пак , Барселона го подготвува теренот за доаѓањето на Алварез, се разделува со напаѓачот Феран Торес откако претходно Роберт Левандовски замина за САД. Сепак, и Атлетико се прашува за тоа, барем до 2030 година, кога истекува договорот на одличниот напаѓач. Алварез дојде во Атлетико Мадрид од Манчестер Сити пред точно две години, а Манчестер Сити доби 95 милиони евра за него, што претставуваше рекордна продажба во историјата на клубот. Клаузулата за заминување во неговиот договор изнесува половина милијарда евра. 🚨🚨 JULIAN ALVAREZ will take one of these roads on his way from his home to the Atlético Madrid training center — @gerardromero pic.twitter.com/FSXZeSPTrS — Barça Universal (@BarcaUniversal) August 10, 2026 Колкав интерес владее кај шпанската јавност за овој случај, покажува потегот на новинарот Херардо Ромеро, кој ги следеше сите безбедносни камери на улиците што водат од домот на Алварез до тренинг-центарот на клубот. Тој го очекуваше исходот од ситуацијата и пристигнувањето на Алварез во Атлетико, што на крајот и се случи. Сепак, конечната одлука за неговиот трансфер се одложи.Тагови: Атлетико Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter