Пежо го претстави најсилниот модел во својата историја(ФОТО) - Канал 5

Пежо го претстави најсилниот модел во својата историја(ФОТО)

Многумина ќе се согласат, и најубавиот.

Пежо го претстави најсилниот модел во својата историја(ФОТО)

Основата е одлична, тоа е модел 508 и сега доаѓа Sport Engineered од истоимениот оддел. Ќе го препознаете по три-линиските светла, моделирани според 504 Coupe. Она што е важно е дека овој модел се потпира на Peugeot Sport, нивното богато искуство од WRC, Pikes Peak, Dakar, WEC и слично.

Погонскиот агрегат на овој 508 дава 360 КС и 520 Nm, повеќе од кој било стандарден Peugeot. И во пракса, тоа значи 100 км на час за 5,2 секунди, 0 до 1000 м за 24,5 секунди и средно забрзување од 80 до 120 км на час за 3 секунди. И тука максимумот е ограничен, на 250 км на час.

Енергијата не е ништо без контрола, па Peugeot одлучи да инсталира прилагодлива шасија (Comfort / Hybrid / Sport). Исто така, проширено е и меѓуоскиното растојание, за 24 мм напред и 12 мм назад. Без грижа и при сопирањето, предните дискови имаат дијаметар од 380 mm. Тркалата од 20 инчи се со гуми Michelin Sport 4S.

Време е да повториме дека погонот е хибриден. Се состои од 1,6 турбо бензинец и два електромотори. Може да работи и на електрична енергија, 42 км на максимум 140 км на час. Вкупно, контролата на централната конзола директно избира помеѓу пет режими на возење.

Постојат различни начини на полнење на батеријата од 11,5 kWh што се прилагодува на секојдневните ситуации. Помалку од 7 часа на домашен штекер, 4 часа на штекер од 16 А и 2 часа преку полнач од 32 А. Peugeot нагласува дека потрошувачката според WLTP е само 2,03 l / 100 km.

508 Sport Engineered е достапен во три бои на каросеријата (сива Sélénium, црна Perla Nera и црна Nacré). Автомобилот се произведува во Милхоус, Франција, а почетната цена ќе биде околу 60.000 евра во Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка наскоро да добие нов сопственик, нагласувајќи дека веќе има заинтересиран купувач. 

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Со тоа вели нема да се реализира сценариото за стечај, за кое според него се залагала опозицијата. Мицкоски посочи дека поминал тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а сега тече десетдневниот рок по кој Народната банка треба да ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Потоа следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи. Аукцијата, како што најави Мицкоски се очекува кон крајот на месецов или почетокот на идниот.

- И денеска сум голем оптимист дека, за жал, од опозицијата ќе бидат разочарани, бидејќи нивните црни сценарија и обиди банката да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат. Односно, ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката – тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во, би рекол, некаква релација со Алта банка. А тоа е лоша вест за нашата опозиција којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира, ќе отиде во стечај итн.,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Кој е заинтересираниот купувач не е познато, а претходно, гувернерот Трајко Славески изјави дека интерес покажале шест инвеститори, меѓу нив и две домашни банки.

Во меѓувреме, Алта банка од денеска ги отвори вратите и во Тетово и Струмица, за шалтерска исплата до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Од денеска, зголемен е и неделниот лимит за користење на картичките и подигнување пари од банкоматите од 15 на 20 илјади денари.Но првиот ден од проширувањето на шалтерската мрежа не помина без проблеми..Слична слика како и во Битола, денеска имаше во експозитурата во Струмица, редици граѓани пред банката и незадоволство. Дел од граѓаните утрово реагираа дека чекале со часови, бидејки на шалтерите ниту во банкоматите немало пари, па се очекувало тие да бидат донесени од Скопје.

- Внатре немаат пари, ниту пак во банкомат има.

- Од 7 саат чекам тука и што да правам болна жена ако ми стане лошо кој ќе одговара?

- Таму нема на шалтерите, чекаат од Скопје да донесат, а кога ќе дојдат не знам.

Од Народната банка попладнево соопштија дека проблемот бил решен и дека исплатите на сите шалтери продолжиле да се одвиваат непречено. Велат дека во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина следната недела за да разговараат за завршување на војната во Иран.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Трамп им рече на новинарите дека очекува да се сретне со рускиот и кинескиот лидер на азиско-пацифичкиот самит во Шенжен, Кина, закажан за 18 и 19 ноември.

„Тоа ќе биде интересно. Ќе разговараме за многу работи, вклучително и за денуклеаризација. Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“, кажа Трамп.

Идејата за ваков самит прв ја предложи Путин, кој притоа сакал да се разговара за завршување на војната во Украина. Кремљ на 21 октомври соопшти дека се прават подготовки за ваква средба

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

Инфлацијата во октомври според индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 3.3  отсто во однос на истито месец лани, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2  отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

На годишно ниво најмногу поскапело горивото. Според статистичките податоци, транспортот во октомври годинава е за 9,5 отсто поскап во однос на лани. Трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемиле за 8,5 отсто, а за образование над 5 отсто.

На месечно ниво инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 отсто, индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер