3Драма во Германија: Маскиран маж упаднал во седиште на партијата на Зелените- има голем број повредени
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
2Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
АвтомобилизамPEUGEOT ја започнува својата електрична година на Саемот за автомобили во Брисел во 2023 PEUGEOT ја започнува својата електрична година на Саемот за автомобили во Брисел во 2023ALLURE: Новиот 408 Plug-in Hybrid, финалист за наградата Автомобил на годината за 2023. EXCELLENCE: сите електрифицирани модели, патнички и комерцијални: e-208 100% електричен опсег продолжен до 400 km, e-2008 SUV, 308 хечбек и SW PHEV, 3008 SUV PHEV, 508 SW Peugeot Sport Engineered и e- ЕWPERT. EMOTION: PEUGEOT 9X8, хиперавтомобилот со високи перформанси што влезе во светскиот шампионат во долги патеки (WEC) во 2023 година, се стреми кон Le Mans 24 часа. Од 13-ти до 22-ри јануари 2023 година, во хала 7 на Palais du Heysel, PEUGEOT ќе присуствува на првиот меѓународен саем за оваа година. Нов PEUGEOT 408: Fastback и мачкаст изглед Со новиот 408, PEUGEOT ја покажува инвентивноста на своите дизајнери и инженери нудејќи невидена fastback силуета во сегментот C, прва од ваков вид во историјата на брендот и на актуелниот автомобилски пазар. Дизајнот на 408 со својата мачкина положба му дава уникатен изглед. Неговата аеродинамика и електричните мотори се фокусирани на ефикасноста. Инстинктивните технологии се посветени на уживањето при возење. PEUGEOT i-Cockpit® (компактен управувач, дигитална инструмент табла, интуитивен екран на допир) е централна карактеристика на моделите на брендот. Во изминативе 10 години, тој беше подобрен и модернизиран со секоја нова генерација. Во новиот 408, тој има подобрена ергономија, квалитет и технологија со нов инфозабавен систем i-Connect. Палетата на мотори вклучува две Plug-In хибридни верзии со 180 и 225 КС, и 3-цилиндрична 1.2 PureTech бензинска верзија со 130 КС. Сите тие се комбинирани со 8-степен автоматски менувач. 100% електрична верзија ќе биде лансирана подоцна. Литиум јонската батеријата на двата plug-in хибриди има капацитет од 12,4 kWh и моќност од 102 kW. Достапни се два вида вградени полначи: стандарден еднофазен полнач од 3,7 kW и еднофазен полнач од 7,4 kW како опција. Времето на полнење варира од 1 час 55 минути до 7 часа и 5 минути во зависност од типот на достапниот приклучок. Новиот 408 е долг 4,69 m и има дарежливо меѓуоскино растојание од 2,79 m за максимален простор во внатрешноста. Неговиот багажник од 536 l се зголемува на 1.611 l (за бензинската верзија) откако ќе се склопат потпирачите за грб на задните седишта. Новиот PEUGEOT 408 во трка за наградата Автомобил на годината за 2023. Наградата Автомобил на годината (COTY) ќе ја додели жири од 59 европски новинари, автомобилски експерти од 22 земји, на церемонијата што ќе се одржи за време на саемот за автомобили во Брисел: се гледаме во хала 9 на 13 јануари, од 12:00 до 12:45 часот, за да го дознаете победникот! За да биде меѓу 7-те финалисти, новиот 408 го освои жирито со атрактивниот дизајн на својата нова, необична силуета, задоволството при возење кое се чувствува зад управувачот, неговите технологии и ефикасноста на неговите мотори. PEUGEOT e-208 GT: поголема моќност и ефикасност PEUGEOT e-208 GT претрпе голем технолошки пресврт со усвојувањето на моторот на новиот е-308. Максималната моќност се зголеми за 15%, од 136 на 156 КС, додека големиот напор за ефикасност ја намали потрошувачката на енергија на само 14,6 kW/h (за e-208 GT). Како резултат на тоа, опсегот скокна за 10,5% (+38km) на 398km (за e-208 GT). До крајот на 2021 година, е-208 веќе постигна напредок достигнувајќи опсег до 362 km, дополнителни 22 km во споредба со првата верзија која се појави во 2019 година. 17,65%, додека потрошувачката е намалена за 15%. PEUGEOT 308 SW: експресивен стил со необичен профил PEUGEOT 308 SW е ефикасен и ултрамодерен за да ги исполни очекувањата на клиентите во сегментот на компактните каравани. Неговата должина од 4,64 m и меѓуоскиното растојание од 2,73 m обезбедуваат доволно простор за патниците. Неговата аеродинамика е оптимизирана со Cx од 0,277 и SCx од 0,618 m, за зголемување на емисиите на CO₂ и потрошувачката на гориво. Многу простор за складирање кој е целосно посветен на благосостојбата и практичноста. Огромната централна конзола обезбедува простор за секојдневните работи на возачот и совозачот. PEUGEOT 308 SW доаѓа со неколку типови мотори: Plug-In хибриди (HYBRID 225 e-EAT8, HYBRID 180 e-EAT8), бензинец (PureTech 130 S&S BVM6 и PureTech 130 S&S EAT8) и дизел (Blue1AT30H). 508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED Со перформансните верзии на PEUGEOT 508 лимузината и SW, означени како PEUGEOT SPORT ENGINEERED, брендот ги креираше кодовите на новите одговорни перформанси: Нео-перформанси, совршена алијанса помеѓу спортот и технологијата. Украсите во Kryptonite го рефлектираат новиот идентитет на PEUGEOT SPORT, додека светлосниот потпис на задни светла во форма на три канџи го црпи наследството на брендот. 508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED е технолошко чудо и ја олицетворува стручноста на инженерите на PEUGEOT SPORT. Овие инженери се докажаа на меѓународните натпревари како што се WRC (Светски шампионат во рели), Dakar, Pikes Peak и WEC (Светски шампионат на долги патеки). Паралелно со лансирањето на 508 PSE, PEUGEOT го најави своето враќање на Светскиот шампионат ма долги патеки (WEC) во класата LMH (Le Mans Hypercar). [Text Box: СООПШТЕНИЕ] PEUGEOT 9X8: дизајниран за трка PEUGEOT 9X8 е сосема нова генерација на хибриден натпреварувачки автомобил со високи перформанси. Дебитираше на Светскиот шампионат на доги патеки на FIA 2022 година (WEC) со охрабрувачки резултати во Монца (Италија), Фуџи (Јапонија) и Бахреин. 9X8 ги вклучува сите современи естетски кодови на брендот: ставот на мачка, флуидните линии подобрени со спортскиот изглед, елегантни и структурирани страни и, пред сè, светлосниот потпис во форма на три канџи. PEUGEOT 9X8 предизвикува емоции и отелотворува естетска и техничка револуција, врвна дизајнерска авантура. 2023: електрична година за PEUGEOT Покрај овие водечки модели, штандот на PEUGEOT на саемот за автомобили во Брисел ќе биде домаќин на други електрични модели: 100% електричниот SUV e-2008, 3008 Plug-in Hybrid, 308 лимузина, како и комерцијалното возило PEUGEOT e-EXPERT. 2023 година ќе сведочи за значително забрзување во електрификацијата на гамата на PEUGEOT: од првата половина на годината, сите модели на PEUGEOT ќе бидат достапни со еден или повеќе електрифицирани мотори, особено 3008 SUV и 5008 Hybrid. PEUGEOT ќе може да го понуди најширокиот „е-избор“ во Европа. Од електрични велосипеди до комерцијални возила, вклучувајќи е-скутери и патнички автомобили, PEUGEOT ќе ги задоволи сите потреби на електрифицираната мобилност. Брендот напредува кон својата цел да ги продава сите свои модели во Европа во 100% електрични верзии до 2030 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаКошаркар во инвалидска количка е обвинет за 11 случаи на силување- се соочува со доживотен затворЛи Фрајер (26), член на британскиот тим кој освои сребро на Параолимписките игри во 2024 година, се појави на суд за серија напади врз истата жена во период од пет години.Спортистот од Јоркшир, Англија, кој неодамна стана татко, е обвинет и за воајеризам, намерно давење, напад и контролирачко и принудно однесување во врска, објавува „Њујорк пост“. Фрајер, кој ги загуби обете нозе, првпат беше уапсен во јули, по што беше суспендиран од британскиот кошаркарски тим во инвалидски колички. Подоцна беше обвинет и за поседување кокаин и попречување на правдата. Обвиненијата за силување се однесуваат на наводни напади што се случиле во Шпанија, Јужна Африка и во неговиот дом во Англија. Првиот инцидент датира од мај 2021 година, додека најновиот наводен напад се случил оваа година. JUST IN: Paralympic silver medalist and wheelchair basketball player Lee Fryer charged with 11 counts of rape. https://t.co/LFJJd6hT7m — Remarks (@remarks) November 23, 2026 Доколку биде осуден, Фрајер се соочува со доживотна казна затвор. „Свесни сме за кривичните обвиненија против Ли Фрајер и ја признаваме сериозноста на обвинувањата. По неговото апсење, тој е суспендиран од тимот на Велика Британија и од сите активности на Британската кошарка во инвалидски колички, во исчекување на завршувањето на независна истрага. Со оглед на тоа што судските постапки се во тек, не би било соодветно да се даваат дополнителни коментари во овој момент“, се вели во соопштението на Британската кошаркарска федерација. Фрајер, кој стана татко во февруари, се изјасни за невин по сите обвиненија освен за воајеризам, за што не се изјасни, објавува Би-Би-Си. Неговото судење е закажано за 22 март следната година, а тој ќе остане во притвор дотогаш. Тој се појави на суд само две години откако го имаше своето параолимписко деби како член на британскиот тим за кошарка во инвалидски колички. Тимот на Велика Британија го постигна својот најдобар резултат во последните 28 години во 2024 година. Во финалето за златниот медал, Британците загубија од Соединетите Американски Држави со 73:69.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
Технологија„Google Wallet“ пристигнува на „iOS“Корисниците сега ја имаат на располагање оваа опција, доколку од која било причина претпочитаат да не го користат речиси идентичниот „Apple Wallet“.„Google“ и „Apple“ имаат долга историја на избегнување на воведување сопствен софтвер на хардверот на конкурентот, па затоа обично претставува изненадување кога овие компании ќе успеат да соработуваат. Неодамнешен пример е „Google Wallet“, кој сега е достапен на „iOS“ за корисниците во Соединетите Држави. Ова е необична интеграција, со оглед на тоа што „Apple“ има своја апликација „Wallet“, која е многу слична на понудата на „Google“. И двете овозможуваат управување со дигитални средства за плаќање, чување билети и информации за патување, како и безбедно складирање на лични карти и други акредитиви. Главната, забележлива разлика во оваа најава е позиционирањето на „Google Wallet“ како централна точка за самостојни (автономни) купувања извршени преку алатките на „Google“. Се чини дека ова е единствената област каде што корисничкото искуство би можело значително да се разликува, бидејќи „Apple“ генерално е повнимателен во однос на „агентната вештачка интелигенција“ (автономна вештачка интелигенција) во споредба со своите конкуренти. Дополнително, верзијата на апликацијата „Google Wallet“ за „iOS“ нема да ја поддржува функционалноста за плаќање со допир („tap-to-pay“). Сепак, во објавата на блогот не е прецизирано дали оваа можност би можела да биде додадена во иднина. Извор: Б92Тагови: Google Wallet Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ЕвропаГолема операција на Европол: Откриени 57 нелегални „IPTV“ услугиПолициски сили од 11 земји, вклучително и Хрватска, учествуваа во меѓународна операција насочена против нелегални услуги за интернет-телевизија.За време на петдневната операција, координирана со помош на Европол, беа затворени 57 нелегални „IPTV“ услуги, додека истражителите следеа трансакции со криптовалути во вредност од милиони. Операцијата се одвиваше од 16 до 20 ноември во Севиља, Шпанија. Истражителите идентификуваа 321 веб-страница што незаконски нуделе содржини заштитени со авторски права, заедно, овие страници бележат над 7,3 милиони посети годишно. Откриени крипто-трансакции во вредност од над 26 милиони евра Според Европол, истражителите досега идентификувале трансакции со криптовалути во вредност од над 26 милиони евра. Анализата на финансиските текови продолжува, со цел да се утврди кој управува со овие нелегални услуги и каде завршуваат парите на корисниците. За само неколку евра месечно, нелегалните „IPTV“ услуги нудат пристап до илјадници телевизиски канали, спортски преноси во живо и филмови – сето тоа без дозвола од носителите на авторските права. Претплатите често се наплаќаат преку криптовалути, при што средствата потоа се пренасочуваат низ разни дигитални паричници, сметки и посредници. Овој деловен модел го отежнува идентификувањето на поединците кои остваруваат профит од овие активности. Околу 60 милиони Европејци користат нелегални „IPTV“ услуги Според проценките на Алијансата против аудиовизуелно пиратство (AAPA), околу 60 милиони луѓе во Европа користат неовластени „IPTV“ услуги. Годишните загуби за легалните даватели на телевизиски и други аудиовизуелни услуги се проценуваат на 4,83 милијарди евра, додека државите губат дополнителни 1,08 милијарди евра поради неплатени даноци. Истражителите посочуваат дека зад навидум евтините претплати стои организирана нелегална операција која генерира милијарди евра годишен приход. Полицијата сега ги следи парите, а не се фокусира само на нелегалните веб-страници За разлика од претходните операции, кои првенствено беа насочени кон затворање на нелегалните услуги, оваа акција конкретно ја таргетира финансиската инфраструктура што овозможува нивно функционирање. Полицијата следеше сомнителни трансакции на блокчејн мрежите, барајќи врски помеѓу нелегалните „IPTV“ услуги, дигиталните паричници и поединците кои управуваат со нив. Криптовалутите овозможуваат брзи прекугранични трансфери на пари, но овие трансакции оставаат дигитални траги. Истражителите можат да ги анализираат овие траги за да поврзат сметки, да ги откријат примачите и да идентификуваат потенцијални осомничени. Европол напоменува дека затворањето на една нелегална веб-страница не мора да значи и крај на криминалните активности. Операторите можат едноставно да започнат нови услуги, доколку задржат пристап до средствата и системите за плаќање. Во операцијата учествуваше и хрватската полиција Во операцијата учествуваа приближно 40 претставници од полициски, меѓународни и приватни организации, вклучително и 30 полициски службеници од 11 земји. Покрај Хрватска, учествуваа и полициски службеници од Белгија, Бугарија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Португалија, Романија, Шпанија и Соединетите Американски Држави. Операцијата беше координирана од Европол преку Координираната коалиција за криминал против интелектуалната сопственост (IPC3). Европол обезбеди аналитичка поддршка, проверка на разузнавачки податоци и безбедна размена на информации помеѓу земјите учеснички. Меѓу другите учесници беа Канцеларијата на Европската унија за интелектуална сопственост (EUIPO), Интерпол, организацијата „AAPA“, како и компаниите „Binance“, „Coinbase“ и „Chainalysis“ – кои работат во областа на криптовалутите и анализата на трансакции на блокчејн. Податоците собрани за време на операцијата ќе се користат во националните истраги за идентификување на осомничени, затворање на нелегални услуги и следење на средства поврзани со незаконски активности. Извор: Индекс.хрТагови: IPTV Европол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00