МакедонијаПетти непосредни избори за шеф на државатаГраѓаните на Република Македонија денеска по петти пат на непосредни избори избираат шеф на државата. Новиот претседател се избира меѓу четворица кандидати.Досега се одржани четири избори за претседател на Република Македонија во 1994, 1999, 2004 и 2009 година. Првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров не беше избран на непосредни избори, туку од Собранието на 27 јануари 1991 година, согласно тогашните уставни решенија. Со воведување на повеќепартискиот систем во Македонија, започнаа меѓупартиските консултации околу предлагање на личност за кандидат за претседател на Република Македонија. Таа функција што дотогаш во Македонија не постоеше му беше понудена на Киро Глигоров. Така, во почетокот на новата 1991 година, односно десет дена по конституирањето на Собранието на Македонија, на дневен ред дојде и расправата околу изборот за претседател на Социјалистичка Република Македонија. По првото тајно гласење, Киро Глигоров не ги доби потребните две третини од гласовите, поради немање поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и ПДП. Тогаш, тој доби 60 од потребните 80 гласови за избор. Но, по три дена, ВМРО- ДПМНЕ излезе со соопштение дека ќе ја подржи кандидатурата на Глигоров ако за потпретседател и за премиер на државата биде избрана личност од нивната партија. Така, на 27 јануари 1991 година, на седницата на Собранието со 114 гласови „за“ Киро Глигоров беше избран за прв претседател на Република Македонија. На 7 март му го довери мандатот на Никола Кљусев за формирање на т.н. експертска влада. Киро Глигоров, вториот претседателски мандат го доби на првите непосредни избори за шеф на државата одржани на 16 октомври 1994 година. Негов противкандидат беше познатиот македонски режисер Љубиша Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Од вкупно запишаните 1.368.000 избирачи, Глигоров доби 713.529, а Георгиевски 196.936 гласови. Имаше 130.000 неважечки ливчиња и недостиг од 17.523 ливчиња. ВМРО-ДПМНЕ поднесе приговор до ДИК, со барање изборите да се поништат поради фалсификат. Мисијата на ОБСЕ тогашна КЕБС, ги оцени изборите за претседател како регуларни. Вторите претседателски избори во Македонија беа одржани на 31 октомври и 14 ноември 1999 година. Учествуваа шест кандидати. Покрај Борис Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ и Тито Петковски од СДСМ во трката за нов шеф на државата беа и Муарем Неџипи, Васил Тупурковски, Мухамед Халили и Стојан Андов. Во вториот круг влегоа Трајковски со освоени 449.026 гласови и Петковски со 509.933 гласови. Со 582.808 гласови победи Трајковски. Петковски имаше 513.614 гласови. Бројот на запишани избирачи во 1999 година беше 1.610.340, а од нив на гласање излегоа 1.112.153 гласачи. По преброените гласачки ливчиња Државната изборна комисија констатира дека има 16.281 неважечки гласачки ливчиња или 1,46% од вкупниот број на ливчиња. СДСМ не ги призна резултатите од вториот круг, обвини за изборни нерегуларности и го оспори легитимитетот на Трајковски. ОБСЕ ги оцени изборите како задоволителни, со забележани неправилности во западна Македонија и во околината на Скопје. Борис Трајковски беше инаугуриран за претседател на Република Македонија на 15 декември 1999 година, а ја извршуваше функцијата до 26 февруари 2004 година, кога загина во авионска несреќа кај Мостар. По смртта на претседателот Трајковски, Собранието на Република Македонија ги закажа третите вонредни претседателски избори во Македонија. Првиот круг се одржа на 14-ти, а вториот круг на 28 април 2004 година. Кандидати во првиот круг беа Бранко Црвенковски од СДСМ, Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ, Гзим Острени од ДУИ и Зуди Џелили од ДПА. Во вториот круг се пласираа Црвенковски и Кедев. Бранко Црвенковски, кој тогаш ја извршуваше должноста премиер на Република Македонија освои 553.520 гласови или 62,70% од гласовите, додека неговиот противкандидат Сашко Кедев од ВМРО-ДПМНЕ доби 329.271 гласови или 37,30%. На 12 мај 2004 Црвенковски ја презема функцијата претседател на државата и се повлече од премиерската должност и од лидерската позиција во партијата. ВМРО-ДПМНЕ побара поништување на изборите, обвини за изборен фалсификат и го оспори легитимитетот на Црвенковски. Четвртите претседателски избори во Македонија беа одржани на на 22 март и 5 април 2009. Учествуваа седум кандидати. Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ, Љубомир Фрчкоски од Социјалдемократски сојуз на Македонија, Имер Селмани од Нова Демократија, Љубе Бошкоски како независен, Агрон Буџаку од Демократска унија за интеграција, Нано Ружин од Либерално демократска партија и Мируше Хоџа од Демократска партија на Албанците. Во првиот круг кој беше одржан на 22 март 2009 немаше победник, Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ освои 345.850 гласови или 35,04 отсто од гласовите, а Љубомир Фрчкоски од СДСМ доби 202.691, односно 20,54 отсто од гласовите. На вториот круг што беше одржан на 5 април 2009, се гласаше за двата кандидата со најголем број гласови во првиот круг - Ѓорге Иванов и Љубомир Фрчкоски. Иванов во вториот круг освои 453.616 гласа или 63,14 отсто од гласовите, додека Фрчкоски 264.828 гласа или 36,86 отсто. Одѕивот на гласачите во вториот круг беше 42,61%, малку над законскиот минимум од 40% за важечки избори. Новиот претседател, кој ќе ја добие довербата од граѓаните на претстојните избори, должноста треба да ја преземе по 12 мај кога, според Уставот, му истекува петгодишниот претседателски мандат на Ѓорге Иванов. Четворицата претенденти за нов шеф на државата изборната кампања ја почнаа на 24 март 2014 година, а убедувањето на граѓаните зошто да им ја дадат довербата го завршиja 24 часа пред денот одреден за гласање. За претседател ќе биде избран кандидатот кој на денешните избори ќе освои мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани гласачи. Ако никој не го добие потребното мнозинство, по 14 дена ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови. Ќе победи тој што ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело. Доколку во вториот круг никој од кандидатите не го добие потребното мнозинство се повторува целата постапка. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Шоу бизЏенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко. „Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите. Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Најави концертен филм Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година. Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата. Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици. Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба. Извор: Индекс.хрТагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамСпортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење. Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите. Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“. Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле. Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени. И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили. Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот. Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент. Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“. Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч. Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек. Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека. Извор: Б92Тагови: Sanrivatti One Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНасилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото. Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници. Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел . Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци. Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви. Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти. Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат. The police in Berlin have had enough of those who create chaos in Germany. https://t.co/MOhad35F3m — RadioGenoa (@RadioGenoa) November 15, 2026 Обид за пробивање на полицискиот кордон Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат. Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници. На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење. На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата. Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти. Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам. Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам. Најавен е европски штрајк на младите Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување. На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци. Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин. Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter