МакедонијаПетрушевски: ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималецССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, додека генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари плати.ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, додека генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари плата. Според информациите кои дојдоа до нас од свиркачи во ССМ, покрај Слободан Трендафилов и Трпе Деановски, со енормни примања е и генералниот секретар на УПОЗ. Според информации кои ги добивме генералниот секретар на УПОЗ, додека ги лаже работниците со минимална плата, покрај платата од скоро 80.000 денари, има и примања по други основи и договори на дело, со што годишните примања му надминале 1 милион денари. Ова се синдикалците на батерии, кои го лажат народот и работниците, затоа што треба да одработат за СДС, кои ги поставија на овие позиции спротивно на сите прописи. Битката на Слободан Трендафилов и неколкумината околу него е за позициите кои ги држат, парите кои ги земаат и што треба тоа да одработат. Прочитани се. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ ССМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРазбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20
Разбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
СветТрамп ја нападна одлуката на Конгресот за ограничени овластувања против Иран: Не сте патриоти Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја нападна резолуцијата на Претставничкиот дом со која се бара ограничување на неговите овластувања за започнување воена акција против Иран, нарекувајќи го гласањето „бесмислено“, а потегот „непатриотски“.Резолуцијата, усвоена од Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, ја ограничува можноста на Трамп да започне понатамошни напади врз Иран, освен ако Конгресот не објави војна или формално не одобри употреба на воена сила. Трамп: Непатриотски потег среде преговорите Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп рече: „Вчера Претставничкиот дом гласаше со бесмислено гласање за ограничување на моите воени овластувања, а четворица лоши републиканци и сите „глупави и поглупави“ гласаа за тоа. Yesterday, in a meaningless vote, the House voted, 4 bad Republicans and all of the Dumocrats, to limit my War Powers, right in the middle of my final negotiations to end the War with the Islamic Republic of Iran. Who would do such an unpatriotic thing. They know where the… pic.twitter.com/QfITpX3dbN — Commentary Donald J Trump Truth Social Posts On X (@TrumpTruthOnX) June 4, 2026 И ова во средината на моите последни преговори за завршување на војната со Исламската Република Иран“. „Кој би направил нешто толку непатриотско? Тие знаат каде се преговорите“, додаде тој. Тој ги обвини своите политички ривали дека дејствуваат од лична нетрпеливост. „Демократите се водени од синдромот на Трампово растројство. Тие би сакале нашата земја да пропадне отколку јас да забележам уште една победа, од многуте“, тврдеше тој, осврнувајќи се на своите сопартијци кои гласаа против него: „Четирите републиканци, тоа е сосема друга приказна - тие бараат внимание! Треба да се засрамат. МАГА!!!“Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСловенија доби нова влада, по четврти пат Јанша е премиер Словенечкиот парламент на вонредна седница го потврди министерскиот тим на премиерот Јанез Јанша, со што ја избра новата словенечка влада.Дебатата, која започна во 9 часот наутро, требаше да трае осум часа. Сепак, на самиот почеток на седницата се случи пресврт: движењето Свобода побара претседателот на Парламентот Зоран Стевановиќ да се извини, што тој го одби. После тоа, седницата беше накратко прекината, објавува 24ur.com. Од присутните 79 пратеници, 49 гласаа „за“, а 30 „против“, објавува Дело. Новиот владин тим, предложен од лидерот на Словенечката демократска партија (СДС) Јанез Јанша, вклучува 15 министри. Меѓу коалициските партнери, најмногу министерски позиции, седум, доби СДС, четири Нова Словенија (НСи), три Демократите, една Фокус, додека Словенечката народна партија (СЛС) остана без својот министерски кандидат. На првата седница на владата се очекуваат и првите потези на новата извршна власт. Судејќи според практиката од претходните години, може да се очекува дека на седницата ќе се случат и одредени кадровски промени, на пример на позицијата директор на Словенечката разузнавачка и безбедносна агенција (СОВА), на владината служба за комуникации, а можеби и на директорот на полицијата. Се очекува Јанез Стушек да се врати на чело на СОВА, додека Себастјан Јеретич ќе ја преземе владината комуникација. Според медиумските извештаи, Дамир Иванчиќ се споменува како наследник на Дамјан Петрич на врвот на полицијата.Тагови: Јанез Јанша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДКСК отвори предмет за ревизорските наоди за злоупотреби на државни пари во ИЈЗ Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје.Државната комисија за спречување на корупцијата денес, на колегиум, постапувајќи согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје. Предметот е отворен поради потребата од проверка на наводите изнесени во јавноста и медиумите, како и согледување на евентуални ризици од корупција, судир на интереси, злоупотреба на службена положба или други неправилности во работењето, во рамките на надлежностите на ДКСК. ДКСК ќе ги преземе сите потребни дејствија за прибирање и анализа на релевантната документација и информации од надлежните институции, со цел утврдување на фактичката состојба. За понатамошниот тек на постапувањето, јавноста ќе биде навремено информирана. Државна комисија за спречување на корупцијатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter