Петрушевски: СДС со популистички прес-конференции се обидува да ја замајува јавноста - Канал 5

Петрушевски: СДС со популистички прес-конференции се обидува да ја замајува јавноста

СДС со популистички прес-конференции се обидува да ја замајува јавноста, да објаснат како Заев и Филипче со функционерски плати се луксузираат и се дел од градежен бизнис во Дубаи.

Петрушевски: СДС со популистички прес-конференции се обидува да ја замајува јавноста

Прашање: ОД СДСМ денеска имаа прес-конференција, обвинија дека Владата поддржува една фирма која што добила 74 тендери во вредност од 17 и пол милиони евра, како што велат тие. Тие обвинувања се во склоп на нивниот антикорупциски тим, како што велат тие. Каков е вашиот коментар во однос на овие прашања? Велат дека Владата поддржува одредени фирми, им дава огромен број на тендери, со огромна вредност, меѓутоа нема за минималната плата, за земјоделците и за другите ранливи групи.

Одговор: СДС што ги брои овие тендери последните две години, треба да ја прошири пресметката на изминатите години, кога тие биле на власт. И ќе дојдат до заклучок, дека истата оваа фирма, можеби и двојно повеќе тендери има добиено, кога институциите ги управувале СДС заедно со ДУИ. Така што, ова е едно популистичко обвинување. Она кое што се однесува за пари за минимална плата, би било добро да одговорот, зошто додека беа власт изминатите 7 години, не ја зголемија платата минимална на работниците во обем како што тоа сега го бараат. А, да одговорат исто така од каде им пари со една функционерска плата да влезат во градежниот бизнис во Дубаи, и сите оние луксузирања кои што ги гледаме изминатиот период. Така што, вакви популистички прес-конференции на СДС не се ништо друго, само еден најобичен обид за замајување на јавноста, рече Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се 16 возачи, 14 од нив немале возачка дозвола

Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, 14 возеле без положен возачки испит.

Уапсени се 16 возачи, 14 од нив немале возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници ги лишија од слобода А.Х. од Штип, Ј.Ф. од Прилеп, С.М.(38) и С.В.(23) двајцата од Кочани, Ј.К.(20) од Штип, 17 годишен малолетник с.Долно Количани, скопско, Ф. В.(27) од с.Студеничани, скопско, Е.Б.(36), И.С. (34), В.В. (18) сите од Скопје, Д.П.(20) и Б.Ј.(68) двајцата од Велес, Б.С.(33) од Куманово како и 16-годишен малолетник од с.Новаке, тетовско поради „безобѕирно управување возило“, односно затоа што управувале возило без возачка дозвола.

Исто така лишени се од слобода и В.Ј.(29) од с.Новаци, затоа што управувал возило под активна забрана за управување со моторно возило и С.Р.(39) од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше бидејќи возел под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев се сретна со заменик -амбасадорот на САД, Закари Харисон и со офицерот за политички работи, Кејли Мекејлеб

Градоначалникот Митко Јанчев, оствари работна средба со вршителот на должност заменик-амбасадор на САД во Македонија, Закари Харисон и офицерот за политички работи Кејли Мекејлеб.

Јанчев се сретна со заменик -амбасадорот на САД, Закари Харисон и со офицерот за политички работи, Кејли Мекејлеб

На средбата беше разговарано за работата и приоритетите на Општина Кавадарци, актуелните предизвици и можностите за понатамошен развој, со посебен акцент на регионалниот развој и создавањето услови за нови можности за граѓаните.

Градоначалникот ги запозна гостите со реализираните проекти, развојните потенцијали на Кавадарци и визијата за понатамошен економски и инфраструктурен развој на општината.

Средбата беше можност за размена на искуства и идеи, како и за воспоставување и унапредување на соработката од заеднички интерес, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на ФБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хакери објавиле 1,4 милиони датотеки, откако Берлин одби да им плати уцена од 2 милиони евра

Хакерската група Рисида објави на темната мрежа речиси шест терабајти податоци од администрацијата во Берлин, а меѓу нив наводно има и исклучително чувствителни информации. 

Хакери објавиле 1,4 милиони датотеки, откако Берлин одби да им плати уцена од 2 милиони евра

Објавени се речиси 1,44 милиони датотеки, но администрацијата во Берлин и политичката елита сè уште не дале никакви значајни изјави за настанот, пишува Euronews.

Објавени се класифицирани планови за одбрана

Меѓу документите е и мапа со име „AG CBRN-Rahmenplanung“. Акронимот CBRN е кратенка за хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани. Ова значи дека строго доверливите сценарија за вакви закани сега се јавно достапни, давајќи им пристап до нив на терористичките групи и странските разузнавачки служби.

„Напад што директно ја загрозува државата“

Истражувачкиот новинар Ларс Винкелсдорф на платформата X оцени дека станува збор за сајбер напад „од размер што директно ја загрозува државата“.

„Покрај документите на Покраинската криминална полиција (LKA) поврзани со истрагите, датотеките содржат и планови за национална одбрана. Тие вклучуваат тајни канали за комуникација во случај на катастрофи на федералната влада, податоци за одбранбените компании и планови за кризни ситуации на владините агенции“, напиша Винкелсдорф.

Личните податоци на службеникот исто така беа протечени

Објавена е и голема количина лични податоци, првенствено на државни службеници. Тие вклучуваат изводи од матична книга на родени, евиденција за отсуства, приватни телефонски броеви и домашни адреси.

Отфрлена уцена од два милиони евра

Хакерите претходно се заканија дека ќе ги објават податоците и побараа откуп од 30 биткоини, што одговара на износ од околу два милиони евра. Тие поставија рок кој истече во петок околу 15:35 часот. Дури и пред рокот, Берлинскиот сенат изјави дека во принцип не се согласува со таква уцена.

Кратко по рокот, целиот пакет податоци беше објавен на темната мрежа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер