Петрушевски: Дали Филипче ја подготвувал продажбата со зголемување на буџетот на Клиничката болница Жан Митрев - Канал 5

Петрушевски: Дали Филипче ја подготвувал продажбата со зголемување на буџетот на Клиничката болница Жан Митрев

Случајот со Клиничката болница Жан Митрев, во кој сегашниот претседател на СДС, Венко Филипче, а за време на владата предводена од СДС се обидувал да ја преземе здравствената установа претставува сомнеж за злоупотреба на моќта.

Петрушевски: Дали Филипче ја подготвувал продажбата со зголемување на буџетот на Клиничката болница Жан Митрев

Случајот со Клиничката болница Жан Митрев, во кој сегашниот претседател на СДС, Венко Филипче, а за време на владата предводена од СДС се обидувал да ја преземе здравствената установа претставува сомнеж за злоупотреба на моќта и директен удар врз владеењето на правото.

Филипче веројатно ја подготвувал продажбата, со зголемување на буџетот на Клиничката болница.

Според информации до кои дојде ВМРО-ДПМНЕ, оваа Клиничка болница има најдобар буџет токму за време на владата на СДС, поточно кога Венко Филипче бил на власт.

Што велат бројките?

За 2015 година буџетот е 361.600.000 денари. Истиот се зголемува во 2017 година на 406.600.000 денари, а во 2018 година повторно се зголемува на 457.000.000 денари. Во 2019 година има уште едно поголемо зголемување или 612.000.000 денари, за во 2020 година достигне 682.000.000 денари или скоро 11 милиони евра.

Еве ги податоците и за наредните години:

За 2021 година, 602.000.000 денари, за 2022 година, повторно 602.000.000 денари,

за 2023 година, околу 548.000.000 денари, за 2024 година, околу 515.000.000 денари, а во 2025 година или минатата година е намален на 479.883.000 денари.

Бројките се повеќе од јасни, Филипче правел огромен прилив на средства кон Клиничката болница Жан Митрев.

Замислете сето ова го правел човек кој требал да ја креира здравствената политика и кој бил директно одговорен за функционирањето на здравствениот систем.

Филипче наместо грижа за граѓаните се занимавал која болница да преземе, како да ја изнуди од сопственикот со нудење помош за судска постапка што пак укажува за некакво целосно влијание врз системот.

Со години слушаме за апетитите на другарите Заев и Филипче и кон приватниот здравствен сектор.

Несомнено дека јавното обвинителство има многу работа. Обвинителството мора да се ангажира за овој и слични случаи.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

25.000 такси роботи пристигнуваат на улиците низ Европа

25.000 такси роботи пристигнуваат на европските улици, „Lucid и Bolt“ ги здружуваат силите. .

25.000 такси роботи пристигнуваат на улиците низ Европа

Американскиот производител на електрични возила „Lucid“ склучи партнерство со компанијата за превоз „Bolt“ за амбициозен план за воведување на 25.000 автономни такси-возила на европските улици.

Оваа соработка е дел од планот на „Bolt“ да им овозможи на корисниците на својата платформа пристап до флота од 100.000 возила без возач до 2035 година.

За овој европски проект, „Lucid“ ќе ја искористи својата претстојна платформа за возила од средна класа, за која се очекува да биде посоодветна за европските патишта и градови отколку поголемите модели од типот SUV. „Bolt“ ќе биде сопственик на целата флота од 25.000 возила.

Робо-такси возилата ќе поседуваат автономија од 4-то ниво, што значи дека ќе можат да функционираат самостојно – без човек зад воланот – во рамките на нивните предвидени оперативни параметри.

Технолошкиот пристап ќе се разликува од оној во партнерството на „Lucid“ со „Uber“ во САД.

За проектот во САД се користат системи од компанијата „Nuro“, додека возилата за „Bolt“ ќе ја користат платформата „Nvidia Hyperion“. „Lucid“ веќе има договор со „Uber“ за воведување на до 35.000 робо-такси возила во Северна Америка, почнувајќи од оваа година.

Тој проект ќе опфаќа користење на моделот „Gravity SUV“, како и на идниот модел од средна класа. Трката за робо-такси возила во Европа Пазарот за автономни такси-возила во Европа брзо се развива.

Uber, Verne — компанија основана од Мате Римац и група инвеститори — и Pony.ai веќе работат на проекти за автономно возење, додека Waymo ја тестира својата технологија во Европа и планира да ги прошири своите активности.

Uber и Wayve, исто така, работат на воведување автономни возила „Ford Mustang Mach-E“ во Лондон. Сепак, засега е неопходно во возилата да биде присутен човек за време на тестирањето, сè додека се чека на потребните регулаторни одобренија. Илон Маск исто така го најави доаѓањето на „Cybercab“ на Tesla во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер