Петровска: По комплетирање на доказите ќе следуваат кривични за случајот во винаријата Чардак на „Боемска"

Кривични пријави најави дополнителнта заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска за сите инволвирани во случајот со угостителниот обект на улицата „Боемска" во Скопје.

Кривични се најавени како за правното лице во кој е вршена инспекцијата, а која првично била попречувана, но и за лицата кои се наоѓале во објектот во тој момент. Сите четири лица кои биле присутни таа вечер во објектот се идетификувани, според искази на очевидците, а едниот од нив како што веќе и е познати на јавноста бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Кривична пријава за попречување службени дејствија и непочитување на мерките на Владата ќе биде поднесена од страна на МВР за угостителскиот објект на улицата „Боемска" во Скопје по комплетирање на доказите и утврдување на одговорност, соопшти денеска на прес-конференција Петровска.

Таа информираше дека на 3 јуни инспектори од Државниот пазарен инспекторат при вршење на вонреден инспекциски надзор во угостителските објкети кои се сместени на улицата „Боемска", дали ги спроведуваат мерките за спречување на ширење на вирусот Ковид 19, биле попречени, односно не им било дозволено да го извршат надзорот во внатрешниот дел на еден објект.

-При обидот да се изврши надзор во угостителскиот објект Чардак од страна на вработени во внатрешниот дел на објектот на инспекторите не им било дозволено со образложение дека немаат клуч од тој дел. Кога инспекторите се оддалечиле од објектот и преминале на другите објкети забележале дека токму од внатрешноста излегуваат неколу лица. Потоа тие се вратиле во објектот и инсистирале да им биде овозможено да се изврши надзорот согласно законските прописи, истакна Петровска.

МВР преку јавување на еден од очевидците упатува полициски службеници на местото на настанот.

-По пристигнувањето на лицето кое се претставило, како еден од сопствениците на објектот истото го отворило горниот кат, поточно винаријата Чардак при што инспекторите извршил увид во просторот, не биле затекнати гости, но во истиот имало користени садови и чаши остатоци од храна, на што упатувало тоа дека внатрешниот дел сепак бил користен од некого, појасни дополнителната заменик министерка.

Информираше дека бил известен јавен обвинител од кого е добиена дозвола за одземање на уредот за снимање на безбедносните камери во објектот.

-По добиената наредба за одземање присутниот сопственик дал исказ дека дивидијарот бил украден но дека не се сеќава кога. За ова е известен јавен обвинител и во координација на судија во претходна постпака добиена е наредба за претрес на објектот. По направениот претрес на објектот најден е уредот за снимање на безбедносните камери и истиот со наредба е одземен. Согласно наредбата од јавниот обвинител во моментов се врши негово всштачење со цел да се утврди, односно потврди присуството на лицата во објектот, истакна Петровска.

Според неа, во непосредна близина на објектот како и во самиот објект забележани биле полициски службеници, кои по опис на своите работни места не требало да бидат присутни таму и дека тоа предизвикало сомнеж за нивната намера и со оглед на тоа дека станува збор за фреквентно место повикани биле полициски службеници од единицата за брзо распоредување, како превентивно обезбедување на просторот.

-Овој случај кој говори за свеста и совеста на оние кои во време на пандемија ги прекршуваат мерките за заштита. Ова не е политички случај. Ова е настан во кој се сторени кривични дела и заради тоа по комплетирањето на доказите ќе биде поднесена кривична пријава односно кривични пријави против сите кои тоа го сториле, истакна Петровска и додаде дека одговорност мора да има, морална за која ќе суди јавноста и кривична за која ќе суди судот.

Од исказите на очевидците, истакна Петровска, идентификувани се сите четворица присутни во внатрешноста на објектот.

-Притоа значи мислам на очевидци вработени во објектот и по потврдувањето на снимките нивните имиња ќе бидат соопштени. Можам да потврдам дека едно од лицата е поранешен функционер во Владата, односно во МВР и еден е полициски службеник. Поранешен функционер Е актуелен полициски службеник, припадник на Министерството, додаде Петровска. /МИА

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот да преземе одговорнст

Хаваријата со цевката од парно на Токсикологија е санирана. Не е законски ако Клиниката не е осигурена и менаџментот на институцијата треба да преземе одговорност, изјави попладнево министерот за здравство Илир Демири.

- Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави денеска Демири.

Одговарајќи на новинарки прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не.

Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.

- Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.

Рече дека не се точни наводите дека економската директорка доаѓала на работа четири часа.

- Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.

Киев: Русија ги напаѓа украинските железници за да го „парализира“ товарот со помош од Западот

Русија ги засили нападите врз украинската железничка инфраструктура со цел да го попречи движењето на воениот товар што вклучува помош од Западот, изјави денеска висок украински безбедносен извор, јавија француските медиуми, пренесува порталот Баронс.

Зголемувањето на смртоносните напади има за цел да ги уништи железничките постројки и да ги „парализира испораката и движењето на воениот товар“ пред планираната руска офанзива, тврди изворот. - Тоа се стандардни чекори пред офанзива, додава тој.

Русија денеска соопшти дека користела проектили и артилерија за да ја таргетира железничката инфраструктура и западното оружје што се транспортира по железница во Украина.

Московското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините сили го погодиле „западното оружје и воената опрема“ што се транспортирале по железница еден ден претходно во регионот на Доњецк, а цел биле и железничките објекти во регионот Харков. /МИА

Судскиот совет подготвува нова комуникациска стратегија

Меѓу другото ќе се кратат роковите за одлучување.

Промена на Деловникот на Судскиот совет во насока на предвидување на рокови за движење на предметите, кратење на роковите за одлучување, измена на правилникот за бодувањето на судиите за избор во повисоки судови, како и да мора да има образложение на избор и неизбор, а одлуките да бидат индивидуализирани, да се засноваат на објективни стандарди и да бидат конзистентни и компаративни, се дел од измените предвидени со новата комуникациска стратегија на Судскиот совет, со кои, како што информираа на денешниот брифинг, треба да бидат решени пет од препораките на Оценската мисија на ЕУ.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, на брифинг со медиумите, појасни дека има околу пет препораки врзани со транспарентноста и отчетноста и во таа насока е изработена комуникациска стратегија, која ќе биде усвоена откако претседателите на судовите ќе дадат мислење и во јуни годинава.

Изработката на стратегијата, посочи Дамева, е дел од акциски план за спроведување на препораките на Оценската мисија на Европската унија за функционирањето на Судскиот совет, изработен во јануари годинава.

-Акцискиот план е јавно објавен. Во него се опфатени 17 препораки во директна надлежност на Судски совет. За секоја препорака има одговорно лице со конкретни мерки и не смее да има пречекорување на временската рамка, појасни Дамева.

Oценската мисија на ЕУ во декември минатата година го достави Извештајот за функционирањето на Судски совет со 40 краткорочни и среднорочни препораки за подобрување на неговото функционирање. Препораки, како што информираатогаш на брифинг во Делагацијата н ЕУ, се групирани во шест сегменти – структура и компетентност на самиот Судски совет, мандатот на неговите членови, процесот на селекција и изборот на судии, дисциплинските постапки, прашањето на транспарентност и комуникација со јавноста и ресурси и финансирање.

Вкупно 17 препораки, се однесуваат на подобрување на праксата и работењето на самиот Судски совет и може да бидат спроведени, без никакви законски измени. Од нив, седум се однесуваат на транспарентноста и десет за изборот и унапредувањето на судии, што е клучна функција на Судскиот совет.

Останатите мерки, предвидуваат уставни или законски измени и се однесуваат на тоа кој може да биде избран за член на Судскиот совет, должината на мандатот, дефиницијата „истакнат правник“, воспоставување рамка за начинот и постапката за разрешување на претседател на Советот, одговорноста на членовите на Советот, како и образложување на постапката и одлуката за санкционирање на судии, како и за зголемување на буџетската автономија.

Извештајот тогаш беше споделен со властите и надлежните институции и не беше јавно објавен.

Оценската мисија на ЕУ беше составена од тројца правни експерти од Хрватска, Белгија и Италија и престојуваше во земјава во септември минатата година, каде направи анализа на правната рамка и имаше средби со сите релевантни институции, како и експерти од невладиниот сектор.

притисни ентер