Петров: Поддршката кон компаниите продолжува,обезбеден нов пакет бескаматни кредити од 8 милиони евра - Канал 5

Петров: Поддршката кон компаниите продолжува,обезбеден нов пакет бескаматни кредити од 8 милиони евра

Економски мерки на Владата, предводена од СДСМ, за справување со кризата од КОВИД-19 имаат единствена цел – да се спасат што повеќе работни места, да се помогне на што повеќе граѓани и заеднички да ја пребродиме економската криза .

Петров: Поддршката кон компаниите продолжува,обезбеден нов пакет бескаматни кредити од 8 милиони евра

Со таа цел, Владата вчера го објави новиот пакет на бескаматни кредити, КОВИД 2 линија на Развојна банка, со која на сите микро, мали и средни компании ќе им бидат ставени на располагање 8 милиони евра обезбедени преку компензационите фондови од Јапонија. Компаниите може да аплицираат за овој кредит, веќе од 29 април.

Минимален износ на кредит е 3.000 евра и за овој кредит може да аплицираат и фирми со под 5 вработени. Максималниот износ на кредит е 90.000 евра.

Главниот услов за овој кредит е вашата фирма да има за 30 проценти намален приход во март 2020 во однос на март 2019 или во однос на просечните месечни приходи за 2019.

Вашата компанија треба да постои повеќе од половина година, да нема неплатени даноци и придонеси до 31 јануари 2020, да не е во постапка на стечај или ликвидација и да не спаѓа во категорија на исклучително ризични кредитобаратели.

Рокот на отплата на овој кредит е до 3 години, со грејс-период од 12 месеци и со обезбедување на меница.

Како да аплицирате за овој кредит?

За аплицирање за овој кредит нема да имате потреба од шетање по институции, односно, аплицирањето ќе се одвива електронски по имејл-адреса објавена од Развојна банка, веќе од 29 април на полноќ.

Сите уверенија од УЈП, потребни за аплицирањето за кредитот, може да се побараат електронски преку системот за е-даноци. УЈП потоа ќе ве исконтактира кога може да си ги подигнете уверенијата.

Би сакале да поентираме и дека за документите што ќе ви бидат потребни од Централниот регистар, како вашата тековна состојба, потврда за стечајна постапка и потврда за ликвидна постапка, нема да имате потреба да одите во Централен регистер ниту да користите електронски услуги на институцијата бидејќи тоа ќе го прават за вас вработените од Развојната банка по електронски пат.

Новиот пакет на бескаматни кредити е само дел од мерките преку кои заеднички ќе ја пребродиме оваа криза. Веќе се реализира и вториот пакет на економски мерки кој вклучува 14500 денари месечно по вработен, помош за спортисти од 14500 денари, помош за уметници и паричен надоместок за граѓаните што останале без работа поради кризата.

Државата се грижи и за лицата кои биле дел од неформалната економија и останале без приходи, а се запира и Законот за извршување до крајот на јуни. Се забранува отворање на стечајна постапка, а отворен е и солидарен фонд за помош на граѓаните погодени од кризата.

Владата , предводена од СДСМ е со вас во овие тешки мигови. Економските ефекти на коронавирусот ги чувствуваме апсолутно сите и заеднички ќе го изодиме овој тежок пат, рече на прес конференција Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бекамови го вклучуваат Бруклин во објавата за Денот на татковците и покрај наводната караница

Бруклин Бекам можеби не е во најдобри односи со своето семејство, но неговите родители сè уште мислат на него.

Бекамови го вклучуваат Бруклин во објавата за Денот на татковците и покрај наводната караница

Дејвид и Викторија Бекам вклучија фотографии од нивниот најстар син, 27, во нивните објави на Инстаграм за Денот на татковците.

Семејни честитки на Инстаграм

„Да бидам татко е мојата најважна работа... Ве сакам сите и ви благодарам, мама @victoriabeckham, што ни го подари нашето прекрасно семејство. Среќен Ден на татковците на сите татковци низ целиот свет“, напиша Дејвид на Инстаграм.

Викторија, исто така, објави почит на својот профил. „Дејвид, ти навистина си најдобриот татко. Нашите прекрасни деца отсекогаш биле твое најголемо достигнување и многу те сакаме. Среќен Ден на татковците“, рече таа. Таа вклучи фотографија од Дејвид како позира на плажа со сите нивни четири деца, вклучувајќи ги Ромео, 23, Круз, 21 и Харпер, 14.

Раздор во позадина

Објавите доаѓаат неколку дена откако Бруклин навидум ги прозва своите родители во реклама на „ DoorDash“ снимена пред Светското првенство. Во рекламата, Бруклин седи на каучот во својот дом додека во позадина се слуша фудбалски натпревар.

„Веројатно се прашувате зошто го гледам Светското првенство во 2026 година од дома“, вели Бруклин со насмевка. „Долга приказна е.“ Потоа станува и фрла неколку билети за турнирот на масичката за кафе. Рекламата завршува со натписот: „Комплицирано е. Наскоро повеќе.“

Бруклин, најстариот син на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам, во јануари објави долга изјава за неговите семејни проблеми и зошто не сака да го поправи својот нарушен однос со своите родители, браќа и сестра.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата

Забраната ќе се однесува на употребата на телефони во училниците, како и за време на паузите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни цели.

Чешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата

Чешката влада поднесе закон за забрана на мобилните телефони во училиштата од септември 2027 година, потврди премиерот Андреј Бабиш, приклучувајќи се кон растечкиот глобален притисок за ограничување на времето што децата на училишна возраст го поминуваат пред екраните.

Забраната ќе се однесува на употребата на телефони во училниците, како и за време на паузите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни цели.

„Училиштата нема да можат да им дозволат на учениците да земат пауза со своите телефони од други причини“, се наведува во нацрт-законот.

Овој потег следи по мерките на други влади насочени кон ограничување на употребата на социјалните медиуми или мобилните телефони кај децата. Полска овој месец го следеше примерот на земји како Холандија, Јужна Кореја и Италија со забрана на паметните телефони во училиштата поради загриженост за нивното влијание врз концентрацијата и однесувањето на учениците.

На социјалните медиуми, Австралија беше првата што воведе забрана за пристап на деца, а Велика Британија овој месец објави забрана за лица под 16 години. Бабиш нагласи дека владата размислува и за забрана на социјалните медиуми за деца, по примерот на Франција и други земји кои зазедоа построги ставови поради перципираните негативни ефекти врз децата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Ќе се согласат на сè...“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе прифати строги инспекции додека САД и Иран водат разговори за нуклеарниот договор во Швајцарија, при што официјалните лица на двете земји даваат спротивставени изјави.

Трамп: „Ќе се согласат на сè...“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“.

Преговарачите од САД и Иран моментално се во Швајцарија каде преговараат за конечен мировен договор што треба да го реши проблемот со нуклеарната програма на Иран. Иранскиот режим вели дека сака да користи нуклеарна енергија само за цивилни цели, но задржува залихи од високо збогатен ураниум.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) постојано го повикува Иран да ја открие локацијата на своите залихи од збогатен ураниум откако САД и Израел го нападнаа Иран минатото лето.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, денес изјави дека иранските претставници се согласиле да им дозволат на инспекторите на МААЕ да влезат во Иран.

Сепак, Министерството за надворешни работи на Иран негираше дека Техеран прифатил какви било нови обврски во врска со неговата нуклеарна програма за време на разговорите со САД овој викенд во Швајцарија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер