Петров: Над 12.400 компании аплицирале за мерката 14,500 денари по вработен

Како претприемач чија компанија е погодена од кризата со коронавирусот, го разбирам вашиот страв. 

Се прашувате како да ги подмирите трошоците во вашата компанија, како да го зачувате бизнисот што сте го граделе со години, но најважно како да ги зачувате работните места на вашите колеги.

Мерката за финансиска поддршка од 14,500 денари по вработен ја има токму таа цел – заеднички да ја пребродиме оваа криза и да ги зачуваме работните места на луѓето без кои нашите компании не би биле тоа што се.

За оваа мерка може да се аплицира веќе од минатиот петок и според Управата за јавни приходи, за оваа финансиска помош веќе аплицирале над 12,400 компании. Апелирам до сите вас што сеуште немате аплицирано, да го направите тоа најдоцна до 7ми мај преку системот за е-даноци на УЈП.

Оваа мерка можат да ја искористат СИТЕ компании кои ги исполнуваат следните услови:

· Намалени приходи од над 30% во април и мај споредбено со просекот од месеците во 2019та година.

· Да не се исплаќа дивиденда или бонуси за време на користење на мерката.

· Да нема над 120.000 денари нето плата на над 10% од вработените.

Мерката е достапна за сите вработени кои имаат нето плата до 39.900 денари, за сите управители и сопственици со нето плата до 39.900 денари но и за вработените кои веќе ја користат мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите. Мерката можете да ја искористите и за вашите колеги кои сте ги одјавиле во период од 11 март од 30 април, ако ги вратите во повторен работен однос, односно ги пријавите до 7 мај.

За користење на оваа мерка, бројот на вработени во вашата компанија не смее да се намалува, заклучно месец јули освен во случај на пензионирање, смрт, самоволен отказ, кршење на работниот ред и престанување на важноста на договорот. Вкупниот број на вработени на кои по овие основи би им бил прекинат или завршен работниот однос, заклучно со месец јули 2020 година не смее да биде повеќе од 5% кaj голема компанија, 10% кај средна и 15% кај мирко и мали компании.

Со новата флексибилност во уредбата, сограѓани од најпогодените сектори од кризата како угостителството, туризмот и транспортот покрај 14.500 по вработен, можат да добијат поддршка и од 50% од придонесите за април и мај.

Во врска со враќањето на добиените средства, напоменувам дека фирмите кои ќе ја користат мерката помош од 14.500 по вработен, дури и да покажат добивка за 2020 година, нема да треба да ја вратат помошта што ја добиле од Владата, ако истата сума на пари ја инвестираат во развој на сопствената фирма во текот на 2021 година.

Мерката 14.500 денари по вработен, можат да ја користат и занаетчии, фризери, козметичари, земјоделци и други самостојни вршители на дејност. Мерката е иста како за работодавачите - единствена разлика е што апликацијата оди преку системот е-ПДД на УЈП.

Би сакал да ве информирам дека сите компании погодени од кризата, сеуште имаат време да аплицираат и за бескаматните кредити од ковид-2 линијата од 8 милиони евра од Банката за обнова и развој на С.Македонија. Апликацијата за овој кредит е отворена од 29 април и трае 15 дена.

Kризата со корона вирусот ќе ја пребродиме заедно. Над 14.000 компании веќе користат или аплицирале за антикризните мерки на владата за борбата против корона кризата. Над 12.400 се веќе пријавени за финансиска поддршка од 14.500 по вработен. Над 1000 веќе користат ослободување од аконтации од данок на добивка, 631 компании со 5.600 вработени имаат одобрени бескаматни кредити од COVID-1 линијата од 4.7 мил евра а над 1200 компании аплицирале за бескаматни кредити од COVID-2 линијата од 8 мил. Евра.

Почитувани граѓани, заедно сме во ова и сите заедно ќе излеземе посилни од оваа криза.

Коста Петров, потпретседател на СДСМ

Потрошил 14.000 евра за да стане куче, а сега повторно шокира со новиот кучешки костум (ВИДЕО)

Претходно пишувавме за Јапонец, кој се крие зад прекарот Токо.

Тој потрошил повеќе од 14.000 евра на костим за куче, со цел да го исполни детскиот сон и да го запознае светот од перспектива на животното.

Сега тој повторно го шокира светот, откако претстави хиперреалистичен костим на маламут од Алјаска што му овозможува да прави „нови трикови“.

Потсетуваме, Јапонците ангажираа експерти од компанијата „Цепет“ на кои им биле потребни 40 дена за реализација на проектот.

Му дале импресивен костим на овчарско куче со густо крзно и анатомски исправни екстремитети, но неговата глава била „најслабиот“ елемент.

Сега Токо претстави нова инвестиција, а костимот од Alaskan Malamute изгледа импресивно, со можност за движење на опашката и устата, пренесува Oddity Central.

Тој признава дека ја крие својата страст од пријателите, семејството и колегите на работа, плашејќи се од суд, но не планира наскоро да се откаже од хобито.

Ако ништо друго, се чини дека тој е сѐ повеќе и повеќе опседнат со кучешкиот живот секој ден.

„Жешката“ полицајка која му играше во скут на шефот доби отказ, но не за снимката (ВИДЕО)

Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавено видео на кое таа танцува во скутот на тогашниот шеф.

Оттогаш поминаа три години, а жената сега е отпуштена - од други причини, објави Дејли Стар.

По жешкото видео од забавата, Вера продолжи да работи во службата, а нејзиниот шеф бил префрлен на ново работно место.

Сепак, иако не добила отказ, по две години од егзотичното танцување, Вера била суспендирана поради мешање во апсењето на нејзиниот девер кому се обидела да му помогне кога бил запрен поради возење во пијана состојба.

Вера ги нападна полицајците од Њу Џерси затоа што го фатиле, велејќи дека „не ја завршиле добро работата“.

Како што пренесуваат американските медиуми, таа боса втрчала во станицата и врескала дека е полицајка.

Таа барала да ѝ кажат зошто мажот е уапсен.

Истрагата покажала дека полицајците направиле сѐ по протокол, а Вера била исфрлена од полициските сили.

„Тато, згрешив, се срамам што те посрамотив тебе и семејството“, му рекла Вера на својот татко и додала дека сѐ „требало да биде шега“.

„Не бев свесна дека му ја уништив кариерата, сега изгледа како лош човек, извини“, рекла поранешната полицајка.

Во куќата на нацистички лидер се пронајдени човечки остатоци- сите немаат шаки и стопала

Група аматерски истражувачи пронашле коски од пет луѓе во куќа која некогаш му припаѓала на еден од најблиските соработници на Хитлер - Херман Геринг.

Остатоците се пронајдени во трошна зграда во близина на поранешното седиште на Адолф Хитлер, Волчјо дувло, во денешна Полска, пренесува Der Spiegel.

Во густо пошумена област покриена со бункери, националсоцијалистите изградиле добро обезбеден квази-мал град за нивното раководство - вклучувајќи кино, чајџилница и противвоздушни станици.

Речиси 80 години подоцна, Волчицата била обрасната со плевел и природата ги „голтнала“ куќите, а се верувало дека урнатините на куќата што некогаш ја користел Геринг биле добро истражени. Меѓутоа, кога археолози аматери од Полска и Германија почнале да бараат под дрвениот под, ископале човечки череп на длабочина од десет сантиметри.

Веднаш повикале полиција, но немало докази дека таму е извршено неодамнешно злосторство. Тогаш тимот истражувачи, предводен од Октавијан Бартошевски, почнал да копа понатаму. Како што пишува Der Spiegel, пронајдени се останките на уште три лица, тинејџер и бебе.

„Можеби се работи за семејството кое било погребано во куќата на Геринг, пишува Der Spiegel.

Засега не е јасно чии се посмртните останки. Можно е дека остатоците веќе биле таму за време на изградбата на куќата, како што знаел фелдмаршалот Рајх. Меѓутоа, можно е и овие луѓе да дошле во Волчицата по завршувањето на Втората светска војна.

Полското јавно обвинителство сега сака да утврди дали масовното убиство има врска со нацистите.

Она што ги загрижува сите е тоа што на сите скелети им недостасуваат шаки и стопала. Постои можност коските да изгниле во текот на децениите, но и некој да им ги отсекол екстремитетите.

притисни ентер