МакедонијаПетрески: Мерките да бидат насочени кон подолгорочна и поголема одржливост на нашата економија„ Во иднина мерките треба да бидат насочени кон подолгорочна и поголема одржливост на нашата економија“, вели Благица Петрески.Пакетот мерки за справување со енергетската криза тежи 760 милиони евра од кои 90 проценти се однесуваат на справување со енергетската криза, а само седум проценти одат во делот на справување со храна, покажуваат резултатите од мапирањето на мерките што го спроведе Фајнанс тинк. -Од вкупниот износ 12,6 проценти е наменет за поддршка на ранливите домаќинства кои во еден дел се и таргетирани мерки за најранливите. Најзначајна мерка беше мерката за субвенционирање на електричната и топлинската енергија. Резултатите покажаа дека куповната моќ не граѓаните беше заштитена и доколку не беа овие мерки нивната куповна моќ ќе беше драстично позагрозена, изјави Благица Петрески од Фајнанс тинк пред почетокот на Економскиот форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“. Таа нагласи дека мерките можеа да бидат подобро дизајнирани во поглед на нивната линеарност. -Мерките во голема мера беа линеарни и заштитуваа и домаќинства кои можеа да ја издржат кризата. Во иднина очекувам мерките да бидат повеќе во насока на таргетираност и тоа да се направи во еден дел и со ДДВ-то кое беше намалено од 18 на 5 отсто, но повторно се врати, рече Петрески. Во делот на храната, како што кажа, компаниите беа значајно погодени од порастот на увозните суровини за 20 до 50 отсто ако се има предвид дека преку 50 отсто од суровините се увезуваат. -Тоа упатува дека во иднина мерките треба да бидат насочени кон подолгорочна и поголема одржливост на нашата економија преку таргетирање и инвестирање во домашно производство на храна и суровини. Пропратно со тоа треба да биде продолжена иницијативата за домашно производство на електрична енергија и паралелно со тоа инвестиции во системот за апсорпција на домашното производство на електрична енергија, рече Петрески и додаде дека со мерките беше поттикнато домашното производство на електрична енергија. За зголемувањето на стапката на ДДВ за прехранбените производи од 5 на 10 отсто рече дека се уште не ја погледнала листата на производи за кои важи тоа и додаде дека покачувањето ќе има свое влијание и врз цените доколку на листата има производи за широка потрошувачка и производи кои масовно се конзумираат на дневна основа од граѓаните. -Затоа треба да се ревидираат стапките и исклучиво да биде ДДВ-то 10 проценти само за оние луксузни прехранбени производи кои или се купуваат од мал број граѓани или се конзумираат ретко. Во спротивно одлуката за зголемување на ДДВ-то ќе се коси со намерата за замрзнување на цените и справување со домашните извори на пораст на цените, потенцира Петрески и додаде дека ДДВ-то треба да биде 5 отсто за сите производи кои се за широка потрошувачка и се конзумираат на дневна основа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16