Петмина пратеници го напуштаат СДСМ?

Несогласувањата кои почнаа пред локалните избори кулминираат пред вториот круг од гласањето, а се поголем број приврзаници на Бранко Црвенковски се одлучуваат да излезат од неговата коалиција, пишува весникот “Вечер“.

Како што пишува весникот, пратеникот Драгиша Милетиќ, лидер на СНС, најави прегрупирање во пратеничките групи во Собранието. Во иднина ќе се формира нова пратеничка група, вели Милетиќ, која нема да биде под диктат на СДСМ. Милетиќ потенцира дека е во контакт со членови на СДСМ, но и пратеници кои го делат неговиот став. Во последниве неколку месеци сите неистомисленици кои имаа различен став од ставот на Црвенковски во неколку наврати беа исклучувани од СДСМ. Поранешни и актуелни високи функционери во партијата експресно беа избришани од Бихаќка", откако и се спротивставија на тогашната одлука на Бранко Црвенковски дека локалните избори треба да се бојкотираат. Стевчо Јакимовски во 5 до 12 одлучи да му каже нее на Црвенковски, и кандидатура за Карпош поднесе со печатот на СНС на Милетиќ. Милетиќ е задоволен од советничките места кои ги освои неговата партија.

“Сега за сега сме фокусирани на локалните избори. Без оглед на понатамошните одлуки на опозицијата, јас во секој случај ќе си останам пратеник во Собранието, нема шанса да се откажам. Кога ќе се вратиме во Парламентот, ќе се формира посебна пратеничка група, која ќе делува опозициски, но нема да делува заедно со СДСМ. Веќе разговарам со некои пратеници кои бараат да се формира таква посебна пратеничка група“, изјавил Милетиќ за Вечер.

И Титовите леви сили на Слободан Угриновски одлучија да го напуштат Сојузот за иднината предводен од Црвенковски. Јавно му дадоа поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Центар, Владимир Тодоровиќ.

“Општина Центар е неразделив дел од градот Скопје, затоа ќе мора да внимаваме кој човек ќе биде на чело на општината. Владимир Тодоровиќ е човек кој знае да прави дела и знае како да ја води општината“, изјави Слободан Угриновски, претседател на Титови леви сили.

Потегот на Угриновски укажува дека лидерот на СДСМ го губи политичкото влијание. Не само што не може да ја соедини целата опозиција во едно, туку на повидок е распаѓање и на коалицијата што ја предводи. Политикологот Владимир Божиновски цени дека по локалните избори постои незадоволство во опозицискиот Сојуз за иднината и кај СДСМ од една страна, и кај помалите коалициони партнери од друга страна.

Синот на Шерон Стоун стана актер

23 годишниот Роан Џозеф Стоун тргна по актерските стапки на својата славна мајка, холивудската ѕвезда Шерон Стоун.

Сексапилната актерка не го криеше задоволството што нејзиниот наследник стана актер, пишува Daily Mail.

Шерон Стоун воодушевене од новиот ангажман на синот на интернет објави фотографија од Роан.

"Роан Џозеф Стоун. Прв ден на снимање. Добре дојдовте во семејниот бизнис, дете. Забавувајте се", напиша гордата мама.

Честитки дојдоа од сите страни. Обожавателите напишаа дека е убав и едвај чекаат да го видат на големите или малите екрани.

Да потсетиме дека Шерон го посвои Роан со нејзиниот поранешен сопруг Фил Бронстин во 2000 година.

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.

Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.

Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн).

Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари.

Затоа предлагаме двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.

Честит празник!

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

притисни ентер