Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
1Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
2„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
БалканПетмина повредени во нападот во белградското училиште се стабилни, двајца се критични Петмината повредени во вооружениот напад во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград се стабилни, едно дете е критично, но подобро, додека едно дете е во критична состојба и е витално загрозено. Петмината повредени во вооружениот напад во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград се стабилни, едно дете е критично, но подобро, додека едно дете е во критична состојба и е витално загрозено, изјавија денес директорите на здравствените установи каде што се повредените, јави дописникот на МИА од Белград. Директорот на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Милика Ашанин изјави дека состојбата со двајцата ученици и наставничката кои се сместени во таа установа е многу подобра и дека се доста добро. Четвртиот пациент, како што наведе Ашанин, во Клиничкиот центар бил донесен како најтешко повреден, со прострелни рани во градниот кош, вратот и кичмата, „вчера цел ден го поминал во операциона сала, имал две операции, подобро е, буден е, но мораме да бидеме многу внимателни и мора да го оквалификуваме како да е во критична состојба“. Тој изјави дека за денеска се планирани низа контроли, со цел да се утврдат ефектите од операциите. Директорот на Универзитетската детска клиника во Тиршова, Синиша Дучиќ изјави дека од тројца пациенти на таа клиника, две момчиња со прострелни рани на нозете се стабилни и добро, примаат антибиотска терапија и дека во следните неколку денови може да бидат пуштени дома. -Девојчето кое вчера итно беше оперирано поради повреди на главата е витално загрозено, во критична состојба. Лекарите прават се за да ја одржат во живот, но нејзината општа состојба е многу сериозна и витално е загрозена, рече Дучиќ и додаде дека за сега немаат планирано други операции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМеѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во ДубаиМинистерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден град“ го освои првото место во категоријата „Извонредност во сообраќајната безбедност“ на Светскиот полициски самит во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.Ова значајно меѓународно признание денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, презентирајќи ги резултатите од примената на системот и постигнатиот напредок во сообраќајната безбедност. Македонскиот проект беше избран за најдобар во конкуренција со Полицијата на Сингапур, Полицијата на Абу Даби, Управата за патишта и транспорт на Дубаи и полициската служба од индиската држава Махараштра. За наградите на Светскиот полициски самит пристигнале повеќе од 700 номинации од над 60 држави во 13 категории, а изборот на победниците се спроведува преку независно стручно оценување, интервјуа и детална проценка на технолошките и оперативните резултати. „Кога почнавме со „Безбеден град“, многумина се сомневаа дека конечно ќе профункционира систем за кој со години се зборуваше. Денес имам чест да ви соопштам до каде стигнавме на тој план. Македонија го освои првото место во категоријата за извонредност во сообраќајната безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи“, истакна министерот Тошковски. Тој нагласи дека ова признание претставува потврда дека и Македонија има капацитет да спроведе современи реформи и да постигне резултати препознаени на меѓународно ниво. „Знаеме што значи Сингапур кога се зборува за функционална администрација и технолошки развој. Знаеме што значат Дубаи и Абу Даби во примената на технологијата во сообраќајот. Но, ние покажавме дека и Македонија има капацитет да постигне резултат што ќе биде препознаен во светот“, посочи Тошковски. Министерот потсети дека „Безбеден град“ со години бил проект за кој се зборувало, но не бил целосно ставен во функција. Со спроведените законски измени, дигиталното поврзување на институционалните постапки и воспоставувањето автоматизиран систем за контрола, создадени се услови за доследна примена на сообраќајните правила и еднаков третман на сите учесници во сообраќајот. Резултатите покажуваат значително намалување на бројот на загинати и тешко повредени лица. Во периодот јануари–октомври 2026 година на македонските патишта загинале 85 лица, наспроти 117 во истиот период од 2025 година и 119 во 2024 година. Тоа се 32 помалку загинати во однос на минатата година, односно намалување од 27,4 проценти. Истовремено, бројот на тешко повредени лица е намален на 748, наспроти 872 во 2025 година, што претставува 124 помалку тешко повредени, односно намалување од 14,2 проценти. Особено значајна е споредбата за периодот февруари–октомври, од почетокот на примената на системот, кога бројот на загинати е намален од 108 на 74 лица, односно 34 помалку загинати или намалување од 31,5 проценти. Тошковски истакна дека овие резултати се постигнати преку заедничкото дејствување на „Безбеден град“, засилените полициски контроли, законските измени и превентивните активности. „Тие резултати ѝ даваат суштина на нашата кандидатура, затоа што успехот го мериме по намалувањето на опасното возење и тешките последици, а не по бројот на наплатени казни“, нагласи министерот. Тој потсети дека во последните 15 години на македонските патишта животот го загубиле 2.131 лице, што ја потврдува неопходноста од континуирани и системски мерки за подобрување на сообраќајната безбедност. Заблагодарувајќи им се на полициските службеници, правните и техничките тимови и на граѓаните за нивниот придонес, министерот порача дека меѓународното признание е дополнителен мотив за натамошно унапредување на системот, проширување на опфатот на ризичните локации и детектирање дополнителни опасни однесувања. Како долгорочна цел ја посочи „Визија нула“ – сообраќај без загинати и тешко повредени лица, нагласувајќи дека безбедноста на патиштата бара постојани вложувања, подобра инфраструктура, едукација и одговорност од сите надлежни институции. „Наградата е признание за завршената работа, но одговорноста за она што сè уште не е добро останува исклучиво наша. Додека постои и едно дете кое не може безбедно да премине улица, нашата работа не е завршена“, порача Тошковски. Официјалното доделување на признанието е предвидено за 18 ноември 2026 година во Дубаи.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
МакедонијаКристи Мекормик номинирана за нова амбасадорка на САД во Македонија Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше Кристи Мекормик за нова амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Македонија, соопшти Белата куќа.Мекормик не доаѓа од редовите на традиционалната дипломатска служба, туку е долгогодишна правничка и специјалистка за изборно право со меѓународен теренски ангажман. Нејзиниот избор носи поинаков профил на чело на амбасадата на Кале, каде што фокусот на Вашингтон природно се насочува кон владеењето на правото и институционалната функционалност. Кристи Мекормик минала речиси дванаесет години во американската Комисија за помош при изборите (EAC), институција независна од партиските тела што поставува технички стандарди и ја гарантира веродостојноста на гласачките процеси во САД. Таа била именувана за комесарка во декември 2014 година и ја извршувала функцијата сè до јули 2026 година, период во кој повеќепати застанала на претседателското место на комисијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Фудбал„Специјалниот“ Жозе Мурињо прогласен за тренер на месец октомври во Ла ЛикаШефот на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Жозе Мурињо, денес беше прогласен за најдобар тренер во шпанската Ла Лига за месец октомври.Португалскиот стратег, „Специјалнио“ Жозе Мурињо го доби ова признание благодарение на одличните резултати што Кралевите од Мадрид ги постигнаа во текот на изминатиот месец. Во октомври, „кралскиот клуб“ одигра три натпревари во првенството и забележа исто толку победи. Реал прво го совлада Виљареал со 1:0 на домашен терен, потоа беше убедлив против Севиља (4:1), а месецот го заокружи со голем триумф во „Ел Класико“, каде што како гостин го победи најголемиот ривал, Барселона со 2:1. На тој начин, Мурињо го водеше тимот од Мадрид низ октомвриските предизвици со максимален учинок и сосема заслужено ја доби наградата за тренер на месецот. Инаку, Реал Мадрид продолжи со добрите резултати и во меѓувреме, бидејќи пред два дена, во рамките на 12-тото коло од Ла Лига, славеше на гостувањето кај Валенсија со резултат 3:0. Екипата од Мадрид моментално се наоѓа на второто место на табелата, со три бода помалку од лидерот Барселона.Тагови: Жозе Мурињо Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter