Петмина Македонци се вратиле од одмор во Грција со Ковид-19, 13 други ставени во изолација

Пет лица кои биле на летување во Грција се вратиле во Македонија позитивни на коронавирусот, потврдува за Канал 5 директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирена Сотирова-Бухова. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Најмалку четворица загинати во престрелки во американската држава Мериленд (ВИДЕО)

Најмалку четири лица се убиени, а уште две се во критична состојба по престрелките што се случија во петокот вечерта и рано утрово во округот Принц Џорџ, во американската држава Мериленд, соопштија локалните власти.

Полицијата пронашла три жени со прострелни рани во градот Хајатсвил во петокот вечерта околу 22:50 часот, објави окружната полиција на Твитер.

Едната била прогласена за мртва на местото на инцидентот, додека другата починала при приемот во болница, а третата е во критична состојба, објави Ен -Би -Си Њуз.

По помалку од еден час, полицијата повторно се огласи на Твитер, пишувајќи дека пронашле маж со прострелни рани на речиси два километри од првиот инцидент.Тој бил прогласен за мртов на лице место.

На 16 километри од таму, уште една жена и еден маж биле пронајдени во комбе утрово околу 3,25 часот, соопштиле локалните власти.Мажот бил мртов, а жената била префрлена во болница со повреди опасни по живот, откако била застрелана.

Сеуште не е познато дали пукањата се поврзани, а детективите се обидуваат да ги пронајдат осомничените и да ги откријат мотивите.

Германка на 52 години освои олимписко злато, првиот медал го добила пред 21 година

Изабел Верт можеби не е глобално позната спортистка, но таа е убедливо најдобра во она што го работи.

Оваа неверојатна 52-годишна Германка освои злато и сребро во коњички спортови во Токио.

Фактот дека ова биле нејзини единаесетти и дванаесетти олимписки медали во нејзиниот живот, кажува колку е неверојатен нејзиниот успех. Таа го имала својот прв настап на Игрите во 1992 година во Барселона. Освоила седум златни и пет сребрени медали на тој натпревар. Таа освојувала по најмалку два медали на секоја Олимпијада, освен во Атина во 2004 година.

Таа ја потврдила титулата како најуспешна во историјата и на други турнири. Верт освоила 14 златни, пет сребрени и седум бронзени медали на светските првенства. Таа била европски шампион 20 пати, со три сребрени и една бронза.

Изгоре Бугати на познат музичар, вредно 3 милиони долари (ВИДЕО)

Штетата е голема, а поправката ќе биде обемна и пеколно скапа.

На социјалните мрежи се шират снимки од црвено Бугати уништено во пожар, за кое се верува дека е во сопственост на познатиот музичар од Доминиканската Република, Емануел Ерера Батиста, познат под уметничкото име ЕЛ Алфа Ел Џефе.

Црвено-црниот Bugatti Chiron изгоре додека бил паркиран во гаража во Мајами. Двете снимки објавени на Инстаграм од supercar.fails јасно покажуваат колкава е штетата, но и дека огнот не го зафатил соседното црно Ферари.

На на Chiron ќе му треба нов преден капак, браник, тркала, возачка врата и стакло, како и сите делови што ќе останат црни од саѓите. Лесно е да се претпостави дека ќе биде многу поскапо да се поправи оштетувањето на деловите што не се видливи како резултат на изложеност на високите температури.

За среќа во несреќа, автомобилот не изгорел целосно, зашто некој го изгаснал со противпожарен апарат. Исто така, да кажеме дека се уште се трага по сторителот кој го подметнал пожарот.

Како изгледал овој автомобил вреден најмалку три милиони долари, може да се види во следното видео објавено пред неколку месеци. Ако се докаже дека е навистина тој автомобил, тогаш Ел Алфа нема да стане пешак. Имено, покрај Бугати, овој млад човек поседува и Ролс Ројс Кулинан во кој веќе доживеал напад со огнено оружје.

притисни ентер