Петмина кандидати за државен јавен обвинител, се чека на евентуални пријави по пошта - Канал 5

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, се чека на евентуални пријави по пошта

Петмина кандидати се пријавиле на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија, што истече ноќеска на полноќ, но за да се затвори листата, се остава простор од 2-3 дена за евентуални пријави што навреме се пратени по пошта.

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, се чека на евентуални пријави по пошта

Петмина кандидати се пријавиле на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија, што истече ноќеска на полноќ, но за да се затвори листата, се остава простор од 2-3 дена за евентуални пријави што навреме се пратени по пошта, а сè уште не се пристигнати, велат за МИА од собраниската прес-служба.

Од таму имињата на кандидатите не ги откриваат, но како што некои од пријавените и сами потврдија, станува збор за сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчeвски, и обинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ.

Судијата од Кривичниот суд, Савевски, и обвинителката Раичевиќ за МИА ја потврдија кандидатурата, а во изјава за медиумите потврдно одговорија и обвинителката Ристовска и в.д. државаната обвинителка Тополова-Исајловска.

Својата кандидатура за огласот за јавен обвинител на Република Македонија што го распиша Собранието досега ја потврди поранешниот претседател на Основниот суд Скопје, Владимир Панчевски. Во пријавата на Панчевски поднесена на 21 јануари до Собранието се наведува дека тој ги исполнува сите законски услови за извршување на функцијата државен јавен обвинител.

- Во прилог до надлежните органи доставил целосна предлог-документација и докази за исполнување на општите услови утврдени во член 61 од Законот за Јавното обвинителство, како и докази за исполнување на посебните услови од член 62 став 1 алинеја 1 од овој Закон - се наведува во пријавата од Панчевски до Собранието.

Кандидатура за функцијата најави и поранешниот виш јавен обвинител на скопското Вишо јавно обвинителство, Мустафа Хајрулах, но сепак се откажал од намерата.

На местото на Љупчо Коцевски, кој поднесе неотповиклива оставка во декември лани, дојде обвинителката Тополова-Исајловска како в.д. државен јавен обвинител, која беше единствен кандидат, но не може да биде на позицијата подолго од шест месеци.

Денеска, на последниот ден од огласот, од собраниската прес-служба изјавија дека до архивата на Собранието се поднесени четири пријави за оваа позиција, но не споделија детали за тоа кои се подносителите.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Според Законот за Јавното обвинителство, добиените кандидатури се препраќаат до Владата. По пријавувањето, Владата бара мислење од Советот на јавните обвинители за сите кандидати. Советот е должен да достави образложени мислења во рок од 15 дена. Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниеден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас. Со 61 глас од пратениците ќе треба да биде избран новиот државен јавен обвинител.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фолксваген подготвува повлекување на 5.000 електрични возила- погодени се пет модели

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ се подготвува да повлече неколку илјади електрични возила во Германија поради неисправни високонапонски ќелии на батериите.

Фолксваген подготвува повлекување на 5.000 електрични возила- погодени се пет модели

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ се подготвува да повлече неколку илјади електрични возила во Германија поради неисправни високонапонски ќелии на батерии, кои во екстремни случаи можат да предизвикаат пожари, објави денес компанијата со седиште во Волфсбург.

Внатрешните контроли за квалитет утврдија дека некои ќелии на батерии во одредени возила од семејството модели ID не ги исполнуваат пропишаните стандарди поради грешки во производството кај добавувачот.

Проблемот во ретки случаи може да доведе до прекумерно загревање на батеријата, а во најлош случај и до пожар.

Според германскиот весник „Ханделсблат“, засегнатите возила ги вклучуваат моделите „ID.3“, „ID.4“, „ID.7“ и „ID. Buzz“, како и моделот „Cupra Born“, кој го произведува шпанскиот SEAT во рамките на групацијата „Фолксваген“.

Повлекувањето веќе е започнато во Обединетото Кралство и САД, а компанијата подготвува соодветни мерки во Германија и на други пазари, во соработка со надлежните органи.

Како привремена безбедносна мерка, „Фолксваген“ го ограничува полнењето на засегнатите автомобили на максимум 80 проценти од капацитетот на батеријата.

Дел од возилата ќе бидат испратени во овластени сервисни центри за проверка на високонапонските батерии, а ограничувањето за полнење ќе биде укинато само откако ќе се утврди дека батеријата е во добра состојба.

Компанијата ќе ги извести засегнатите сопственици по писмо, со информации за постапката и следните чекори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија на нозе поради Путин: Демонстрантите бараат оставки од Радев и Јотова (ВИДЕО)

Стотици луѓе се собраа вчера пред зградата на бугарското претседателство во Софија, барајќи оставки од премиерот Румен Радев и претседателката Илијана Јотова.

Бугарија на нозе поради Путин: Демонстрантите бараат оставки од Радев и Јотова (ВИДЕО)

Стотици луѓе се собраа вчера пред зградата на бугарското претседателство во Софија, барајќи оставки од премиерот Румен Радев и претседателката Илијана Јотова, протестирајќи против она што организаторите го нарекоа проруска политика на владата.

Протестот беше закажан за 18:30 часот, а повеќе од 10.000 луѓе го потврдија своето присуство преку Фејсбук страницата на настанот. Протестот беше поддржан од организациите BOEC, Движењето за јавен притисок, Движењето „3 март 1918“ и други групи.

Демонстрантите скандираа: „Оставка и затвор - Радев е срам!“

Организаторите ги обвинија Радев и Јотова дека се засрамиле со својот став за инцидентите во кои бродови биле потонати или погодени во ексклузивната економска зона на Бугарија.

Тие тврдат дека Русија стои зад нападите и дека лидерите на земјата одбиваат да го признаат тоа, објавува порталот „Новините“.

„Јотова и Радев се целосно засрамени од нивното однесување во врска со инцидентите со бродовите што беа потонати или погодени во ексклузивната економска зона на Бугарија. Цела Европа знае дека ова беа руски напади, само нашиот претседател и влада се преправаат дека не знаат. Доста со менталитетот на „зелени чорапи“ (воено-политички кадри)! Доста со глупостите! Доста со зависноста од Русија! Плоштадот нè чека!“, рекоа организаторите.

Тие оценија дека Бугарија станала цел на агресијата на рускиот претседател Владимир Путин откако поранешните комунисти, за кои тврдат дека само се преправале како „прогресивни“ (Прогресивната бугарска партија), дошле на власт.

Според организаторите, во текот на петте месеци од владеењето на Радев, режимот што го нарекоа „путинистички“ бил одговорен за серија саботажи на бугарска територија.

Тие вклучуваат пожари во воени магацини, напад врз копнена станица Старлинк и руски напади со беспилотни летала врз четири брода во ексклузивната економска зона на Бугарија пред само неколку дена.

Организаторите тврдат дека цивилни морнари биле убиени во нападите. Тие ги обвинија Радев и Јотова дека ја влечат Бугарија во војна со, како што рекоа, кукавичко однесување.

Протестот се одржа и откако украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Украина ќе продолжи со нападите врз руските рафинерии за нафта бидејќи повеќе не се смета себеси за обврзана од таканареченото енергетско примирје објавено од американскиот претседател Доналд Трамп.

Зеленски, исто така, го критикуваше Трамп минатата недела за неговиот договор за дизел со рускиот претседател Владимир Путин.

Зборувајќи во Брисел, бугарскиот премиер Радев се спротивстави на нападите врз рафинериите и енергетските капацитети за време на пресметката меѓу Украина и Русија.

Тој го поддржа договорот Трамп-Путин за рускиот дизел, нарекувајќи го „чекор 2 што обезбедува намалување на цените на горивата“.

Еден од демонстрантите во Софија рече дека надворешната политика на владата го поттикнала да излезе на протест.

„Тука сум затоа што почнувам малку да се чувствувам засрамен. Не можам да ја разберам оваа повеќеслојна, повеќенасочна надворешна политика на владата“, рече демонстрантот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево за време на викендот со температури од 0 до 20 степени

Утре времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.

Сончево за време на викендот со температури од 0 до 20 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

4 Попова Шапка, 8 Крушево, 11 Берово, 12 Прилеп, 14 Претор, Крива Паланка, 15 Битола, Охрид, Тетово, Штип, 16 Зајчев Рид, Виница, Велес, Скопје Петровец, 17 Кавадарци, 18 Демир Капија, Струмица, Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

1 Штип.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно, наместа со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Во вечерните часови ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на стабилно и релативно топло време со променлива облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер