Петмина гостиварци со два тикети во обложувалница заработија 126 илјади евра - Канал 5

Петмина гостиварци со два тикети во обложувалница заработија 126 илјади евра

 Гостиварците Давор Ѓуровски, Александар Јаневски, Дарко Дамјановски, Дејан Дамјановски и Марио Тримчевски ја остварија една од најголемите добивки во спортското обложување во Македонија. 

Петмина гостиварци со два тикети во обложувалница заработија 126 илјади евра

Тие на два тикети уплатиле 250 денари и остварија добивка од речиси девет милиони денари.

Од едното ливче заработија пет милиони денари, а од другото 3,6 милиони денари. За рекордната добивка придонел и бонусот на обложувалницата „Моцарт" што во овој случај изнесува 100 проценти односно првичната добивка на овие тикети ја зголеми за двојно.

Добитната комбинација е дело на Давор, а неговите другари решиле да учествуваат во уплатата, која сите ги направи милионери.

– Го составив тикетот на кој имаше 16 играчи од НБА лигата од кои на 12 типував дека ќе постигнат повеќе поени од маргината, а на четири дека ќе постигнат помалку. Како поранешен кошаркар, кошарката ми е омилен спорт, ги следам тие натпреварите и тоа најчесто играм. Пред да го уплатам тикетот седнав со Александар, Дарко и Дејан на кафе и се договоривме тие да додадат уште некоја сума за да ја засилиме вкупната добивка, вели Давор.

Марио се придружил на играта и комбинацијата на ливчето ја одиграл сам.

Среќната уплата ја извршил Дарко, кој на македонската јавност и е познат како поранешен член на македонската нордиска репрезентација и учесник на три олимпијади. Тој потврди дека исплатата на парите поминала без проблем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањето

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска и утре учествува на 21 меѓународна конференција – Бледски стратешки форум во Словенија.

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањето

Како што информираат од МНР, Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и југоисточна европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, на која ќе се разговара за геополитичките промени што ги менуваат меѓународните односи. Од МНР информираат и дека во рамки на форумот, шефот на дипломатијата ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, посветен на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан, а на маргините на форумот, предвидени се и повеќе билатерални средби на Муцунски со негови колеги министри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје

Транспортерите пред седиштето на Европската Унија во Скопје ќе одржат протест испраќајќи пораки од Унијата да им го олесни пристапот на транспортерите од Западен Балкан, откако беа воведени посебни правила во Шенген зоната.

Протест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје

Транспортерите бараат престојот да не им биде ограничен на 90 дена во последните 180 денови како што тоа е случај со граѓаните. Утре, според најавите од превозниците, треба да имаат состанок во Брисел, а со денешниот протест сакаат да испратат апел до ЕУ да им го олесни движењето во Шенген зоната со што ќе можат непречено да работат. ТИЕ со барање дека ако не можат да има измени, како што е случајот со машиновозачите и пилотите, тогаш бараат наместо во денови, нивниот престој да се брои во часови и минути. Протести во исто време ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Денес сончево и топло

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Од почетокот на новата работна седмица до почетокот на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер