Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЗдравјеПетличковски: Нема место за паника, досега нема потврден случај на сојот „кракен“Нема место за паника, досега во државава нема потврден случај на сојот на коронавирусот „кракен“, изјави за МИА Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.– Сѐ уште нема регистрирано кај нас, бидејќи последното секвенционирање на позитивните примероци на ковид е направено на 5 декември и во таа рунда на секвенционирање, не е откриен овој сој, „кракен“. Засега нема точна информација кога би било следното, отприлика на месец дена се прават тестирањата. Веројатно следните денови би имало нова рунда на секвенционирање, појасни Петличковски. Но, од податоците што ги имаат од САД и од Европа, како што нагласи, не се очекува некаков драматичен пресврт ни со оваа нова варијанта. – Таа е малку повеќе заразна од претходните, како што сите нови варијанти што се појавуваат во изминатите месеци се однесуваат, стануваат малку повеќе заразни и малку поблага клиничка слика предизвикуваат на болеста. Така да, не очекуваме некој драматичен пресврт ниту со таа варијанта, истакна Петличковски. Тој информираше дека Комисијата за заразни болести следната недела ќе има состанок и в среда ќе се разгледува состојбата. – Но, на терен, извештаите од болниците укажуваат на навистина стабилна состојба. Вкупно 30 хоспитализирани лица минатата недела, ниедно од нив на инвазивна вентилација, вкупно два смртни случаи, сѐ е како во последните три-четири месеци. Многу стабилно. Апсолутно нема простор за паника, додаде Петличковски. Доминантниот сој на коронавирусот, омикрон, доби подваријанта ХББ.1.5, позната како „кракен“, што брзо се шири низ САД, како и низ дел од европските држави. Од балканските држави, во Србија засега нема официјални информации за присуство на кракен, но, како што пишуваат дел од српските медиуми, се очекува да има наскоро, бидејќи подваријантата веќе се појави во Романија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Се реконструира стадионот во РосоманЛокалната власт со инвестиции во спорт и образование, а за земјоделците олеснет пристап до административни услуги.Инфраструктурата на локалната власт во Росоман предводена од ВМРО-ДПМНЕ е приоритет, исто како што се и образованието, спортот и животната средина. Се работи на реконструкција на повеќе улици, а голем дел се веќе и завршени, како во село Сирково, Манастирец каде проектот беше во соработка со Министерство за спорт и Светска банка, а со што дополнително се изработија и сообраќајни решенија. За ЈПКД Росоман беше набавена опрема, и преку претпријатието за прв пат беше активирана зимската служба. Целта на локалната власт е ЈПКД Росоман да биде совртемено и опремено претпријатие кое ќе може самостојно да одговара на потребите на општината. Општината инвестира во паркови, зеленило, како и во спортот, за младите да имаат подобри услови. Во моментов се реконстуира стадинот во Росоман, на трибината да има нови 350 места, донација од ФФМ, а се работи и осветлување на цел терен. Во функција е ставена и подрачна единица за земјоделие за да можат земјоделците да си ги завршуваат административните обврски во местото од каде доаѓаат, а за земјоделците беа исплатени над 24 милиони денари за штетите од мраз од 2025 година. Се работи и на чистење на диви депонии, па така беа исчистени неколку, во Паликура, Манастирец и Сирково и се поставија контејнери за кабаст отпад на околу 10-тина локации. Во основното училиште ,,Пере Тошев“ е изградена летна училница и се реализира набавка на нагледни средства, како и реконструкција на останати делови од тој објект. За најмладите, веќе е во подготвка нов дел на детската градинка ,,Праскичка“, за да има поголем капацитет. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО - ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСоветот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОККДенеска Советот на јавните обвинители треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција .На огласот за избор на нов раководител досега се пријавени петмина јавни обвинители, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи. Право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години. Изборот на нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е закажан за 28 октомври 2026 година. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.Тагови: ОЈО ГОКК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министритеДенеска на дневен ред во собранието се пратенички прашања .Парламентот ќе ја одржи 122. пленарна седница. Најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот а на дневен ред се и неколку закони: По скратена постапка се предлага да се носат измени на законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, измени на законот за комуналните дејности, на законот за градење, на законот за превоз во патниот сообраќај, на законот за санитарната и здравствената инспекција и другиТагови: пратеници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook