Петковиќ: Курти е единствен виновник за неуспех на преговорите, тоа и Борел го потврди - Канал 5

Петковиќ: Курти е единствен виновник за неуспех на преговорите, тоа и Борел го потврди

Според него, Курти не сака ЗСО, не сака да зборува ниту за деескалација.

Петковиќ: Курти е единствен виновник за неуспех на преговорите, тоа и Борел го потврди

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија во Владата на Србија, Петар Петковиќ, денеска изјави дека „премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти“, со тоа што рекол дека не сака ни да започне со изработка на статутот за Заедницата на српски општини (ЗСО), јасно се изјаснил, така што секој може да види дека тој е оној кој не сака никакви преговори, дијалог и компромиси, јави дописникот на МИА од Белград.

Петковиќ реагирајќи на денешните изјави на косовскиот премиер за неуспехот на последниот дијалог во Брисел, на прес-конференција рече дека сè што прави Курти, прави за да го прикрие фактот што во Брисел високиот комесар на ЕУ, Јосеп Борел, јасно кажал дека единствен виновник за неуспешните преговори е Приштина, која одбива да ја спроведе ЗСО повеќе од 10 години.

-Никој не бара од него да даде ЗСО, бидејќи вели дека не може да даде кафе без шолја. Преговорите не се пиење кафе. Курти им го загорчи животот на Србите во Косово што не сакаат да го видат, а камоли со него да пијат кафе, освен Рашиќ, кој премина на негова страна, рече Петковиќ.

Според него, Курти не сака ЗСО, не сака да зборува ниту за деескалација.

-Вучиќ очигледно е подготвен за компромис, дијалог, бидејќи тоа е единствениот начин да се заштити српскиот народ на Косово и Метохија. Од 3 јуни, кога ЕУ побара итна деескалација, имавме 22 ескалирачки потези на Приштина против Србите во Косово. Курти наместо да слуша што бара ЕУ во соопштенеито од 3 јуни, да се повлече косовската полиција, да се влезе во процедури за одржување избори и да се почне со формирање на ЗСО, Курти не ни помислува да оди во таа насока, изјави Петковиќ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ

Разговори за иднината во 12:05.

Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ

Денес, петок, 02 октомври, Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски во партиската архива на “Бихакќа” ги доставија предлозите за структурни промени во СДСМ.

Се надеваме дека овие предлози ќе стигнат на адресата на оној кој може да ги разбере. Во интерес на иднината на партијата и државата е во разумен рок да се преземат конкретни чекори за враќање на партијата на членството. На хистеријата одговараме со предлози, на инертноста со конкретна акција, на безидејноста со прецизен план.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре „Бела ноќ“ во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Скопје утре, 3 октомври ќе го одржи годинашното издание на „Бела ноќ“, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје со концерти, изложби, театарски претстави и програма за најмладите на повеќе градски локации.

Утре „Бела ноќ“ во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Еден од главните музички настани ќе биде настапот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, закажан за 22:00 часот на плоштадот „Мајка Тереза“ (на платото пред МОБ). Публиката ја очекува вечер со блуз и рок и препознатливата енергија на Џамбазов и бендот.

По повод „Бела ноќ“, во сабота ќе биде обезбеден бесплатен превоз со ЈСП од 18:00 часот, како и бесплатен влез во Зоолошката градина Скопје.

Целосната програма е достапна на www.univerzalna.com.mk/belanok

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нападнете го Ѓоковиќ, и тој го брани Роналдо- „Жезус е арогантно копил*!

Хаосот околу Кристијано Роналдо и португалската репрезентација доби ново продолжение, а овој пат во центарот на вниманието се најде Пирс Морган.

„Нападнете го Ѓоковиќ, и тој  го брани Роналдо- „Жезус е арогантно копил*!

Британскиот новинар, кој со години е близок со португалската ѕвезда, јавно застана на страната на Роналдо по бурните случувања во националниот тим.

Роналдо го напушти кампот на репрезентацијата по разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, Педро Проенса, откако тренерот Жорже Жесус одлучи да го остави на клупата.

Потоа, Морган се огласи на социјалната мрежа „Икс“ (X) и директно го нападна португалскиот тренер. „Какво арогантно копил*! Жесус никогаш не беше доволно добар дури ни да игра за Португалија, а сега ужива да го омаловажува и понижува најголемиот играч што оваа земја некогаш го имала“, напиша Морган.

Неговата реакција не застана само на Жезус. Особено го погоди одлуката Рафаел Леао да го преземе славниот број седум на Роналдо за претстојниот натпревар.

Сепак, зад овој потег стои и практична причина: правилата на УЕФА наложуваат играчите во составот за натпреварот да носат броеви од еден до 23. Морган, сепак, ја искористи оваа одлука за повторно да застане во одбрана на својот пријател.

„По сè што Кристијано направи за Португалија – зошто, по ѓаволите, се однесуваат кон него толку срамно? Вчера беше роденденот на неговиот татко, а тој играше за репрезентацијата само еден ден по неговата смрт! Навистина е срамно и одвратно да се гледа вакво шокантно непочитување кон најголемата легенда“, изјави британскиот новинар.

Инаку во одбрана на Роналдо застана и неговиот голем пријател најтрофејниот светски тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер